fbpx
Таг: договор

таг: договор

ЕУ го заострува системот за давање азил, за да се намали илегалната миграција

Земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент се согласија на значително построги процедури за азил, во голема реформа на европскиот систем за азил, јавува германската новинска агенција ДПА. Компромисот по макотрпните преговори беше објавен во средата и истиот предвидува бројни дополнувања и заострувања на постојните правила, со цел да се намали нерегуларната миграција во Европската Унија. Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола...

Почна постапка за фирмата што не ја изгради новата болница во Кичево

Почната е постапка за раскинување на договорот со фирмата која не успеа да ја заврши изградбата на болницата во Кичево, јави Порталб.мк Од Министерството за здравство за Порталб.мк соопштија дека е покрената постапка за раскинување на договорот со фирмата која не успеа да ја заврши изградбата на општата болница во Кичево. Порталб.мк ги обезбеди и договорите, едниот од 2014 година...

„Тргнува“ пругата за брзи возови, утре ќе се потпишува договор со Србија

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ, јави Радио телевизија на Војводина. „Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на тоа“, нагласи Весиќ. Тој изјави дека...

Германија ја менува мигрантската политика, Шолц ги заостри правата

Побрзо процесуирање на барањата за азил во Германија, намалување на социјалните бенефиции, промена на начинот за грижа за мигрантите покрај веќе заострените гранични контроли со соседите се најновите мерки што ги договорија канцеларот Олаф Шолц со водечките германски политичари, а кои наидуваат на различни реакции во германското општество, пишува германската новинска агенција ДПА. Членовите на централно-левичарската коалиција на Шолц го...

Контраспин: Уште ќе го возиме стариот пат до Охрид, власта допрва ќе барала нов изведувач

Автопатот Кичево-Охрид навистина се гради речиси една деценија и после безброј анекси и ветувања сѐ уште се возиме по гужвите по стариот пат. Само, неразбирливо е зошто дури сега премиерот реши да бара ревизија на проектот и раскинување на договорот со изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“. Зарем сега, неколку месеци пред избори ги забележа „дупките на патот,“ заедно со оние...

Ковачевски: Можно е раскинување на договорот со „Синохидро“ за автопатот Кичево-Охрид

Недозволиво е пратениците во Собранието уште еднаш да разгледуваат продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десетта година и треба да се размислува во насока на раскинување на договорот со кинескиот изведувач, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето во употреба на обновениот пат Подмоље – Струга – Ќафасан. „Недозволиво еден автопат од...

По две недели прекин, железничкиот сообраќај се нормализира во земјава

Товарниот железнички сообраќај започна да функционира од синоќа во земјава, а од вторник ќе стартуваат со сообраќај и патничките возови. Ова е договорот што го постигнаа вработените со раководството на Железници на РСМ-Транспорт. Постигнат е договор за прекин на бојкотот на машиновозачите, но и за редовност во исплаќањето на платите. Договорено е и раководството да ги повлече суспензиите за колегите...

Путин: Нема нов договор за извоз на украинското жито додека Западот не ги прифати руските барања

Обидот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да го убеди рускиот колега Владимир Путин, Русија повторно да се обврзе под капата на Обединетите Нации да гарантира безбеден извоз на украинското жито преку Црното Море по се изгледа ќе биде безуспешен. Како што јави новинската агенција „Асошиејтeд Прес“ од рускиот црноморски град Сочи, Путин рекол дека нема да се склучи нов...

Русија се повлекува од договорот за извоз на жито од Украина

Русија ги известила Обединетите нации, Турција и Украина дека нема да го обнови клучниот договор за жито, што ѝ овозможуваше на Украина да го извезува своето жито преку Црното Море. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека договорите постигнале „де факто“ крај во понеделникот (н.з. денеска), пренесува Би-би-си. Договорот кој беше постигнат со посредство на ОН и Турција во јули минатата...

„Call of Duty“ останува на Плејстејшн уште десет години – Мајкрософт и Сони постигнаа договор

Видеоиграта „Call of Duty“ ќе остане на конзолата Плејстејшн во наредните десет години – со ваков договор заврши борбата за иднината на играта помеѓу компаниите „Сони“ и „Мајкрософт“. Склучувањето на договорот следува откако американски судија ги одби повиците на Федералната трговска комисија да го блокира Мајкрософт во намерите да ја преземе „Активижн Близард“ – компанијата - креатор на „Call of...

Стапува на сила договорот меѓу ЕУ и САД за пренос на личните податоци, активистите негодуваат

Европската комисија објави дека е склучен договор со САД кој има за цел да овозможи полесен пренос на личните податоци на легален пат преку Атлантикот. Меѓутоа, активистите за заштита на приватноста на податоците најавија дека ќе го оспорат договорот пред суд, пренесува Би-би-си. Американскиот претседател Џо Бајден и претставници на ЕУ го поздравија договореното со чија помош се надминаа недоразбирањата...

Пригожин им нареди на своите сили да се вратат во своите бази

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин им нареди на своите борци да го сопрат движењето кон Москва и да се вратат назад во своите бази, јавува Би-би-си. Пригожин разговарал со белорускиот претседател Александар Лукашенко, а за време на разговорот тој се согласил да го сопре движењето на своите сили и да ја деескалира ситуацијата. Руските државни медиуми јавуваат...

Конгресот спречи банкрот на САД со зголемување на лимитот на задолжување

Американскиот сенат го усвои законот за покачување на задолжувањето на САД, со кој се зголемува горната граница на американскиот долг од 31,4 милијарди долари, пренесува Си-ен-ен. Веднаш по вчерашното усвојување на законот, американскиот претседател Џо Бајден го пофали Конгресот, додавајќи дека со нетрпение очекува да го потпише усвоениот закон во текот на денешниот ден. Сенатот гласаше со 63 гласа „за“...

Коридорот 8 вметнат во мапата на главните коридори во рамки на ТЕН-Т мрежата на ЕУ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија - „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските...

Договорот со „Бехтел-Енка“ стигна до обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ реагира

Јавното претпријатие за државни патишта вчера до обвинителството го доставило потпишаниот договор за изведба и надзор над изградбата на автопати на Коридорите 8 и 10д, по доставеното барање на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. „Претходно, ЈП Државни патишта до обвинителството ги достави броевите на огласите од јавните набавки поврзани со Коридорите 8...

Пендаровски го потврди ставот на поддршка за евроатлантските аспирации на Косово

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со неговата колешка од Косово, Вјоса Османи, ја потврди својата поддршка кон евроатлантските аспирации на Косово. Тој изрази спремност Северна Македонија да ги сподели своите искуства во врска со реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО. Пендаровски исто така изрази поддршка кон одлуката на Европската Унија...

Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе биде презентиран пред пратениците

Македонската влада информира дека претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д, вклучени во изградбата на автопатите, ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура. „Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот за изградба на двата коридора,...

Словенија донираше над 200.000 евра за дигитализација на македонскиот Државен архив

Во Министерството за економија, туризам и спорт на Република Словенија, денеска беше потпишан Договор за донација од 218.000 евра, наменети за реализација на процесот на дигитализација на историските документи и архивските материјали во Државниот архив на С. Македонија. Договорот во Љубљана го потпишаа директорот на Државниот архив, Емил Крстески и директорката на словенечкиот Центар за меѓународна соработка и развој, Мојца...

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го потпиша договорот за пречистителната станица за кој разреши директор

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави дека скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера го потпишала договорот за изградба на скопската пречистителна станица, поради кој претходно го разреши поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински. „Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица, Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала и дека со лаги се...

Законските измени ќе ја забрзаат изградбата на автопатите, договорот со „Бехтел-Енка“ останува тајна

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ единствено што знае е да шири хистерија, лаги и да блокираат во Собранието на РСМ и тоа го прават со сите законски решенија веќе подолг период наназад, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по бројните обвинувања на опозицијата во врска со предложените измени и дополнувања на осум закони кои се наоѓаат во Собранието и во однос на...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...