fbpx
Таг: Германија

таг: Германија

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на луѓето да донираат органи за трансплантација, пренесе германската новинска агенција ДПА. Претходните донаторски картички кои претходно беа воведени, ќе ја задржат својата важност, но во иднина секој граѓанин на возраст над...

Штрајковите на германските аеродроми ги поништуваат плановите на илјадници патници

Вработените во обезбедувањето на пет германски аеродроми вчера стапија во штрајк, попречувајќи ги плановите на десетици илјади патници, пренесува германската новинска агенција ДПА. Во четвртокот наутро синдикатот „Верди“ започна еднодневен штрајк на аеродромите во Хамбург, Штутгарт, Карлсруе/Баден-Баден, Келн и Берлин. Според здружението на аеродромски оператори, повеќе од 580 летови биле откажани, а 90.000 патници морале да ги променат своите планови. Денеска...

Истрага за руската шпионажа: Германски офицер користел несигурна врска

Русите успеале да го прислушуваат разговорот меѓу високите офицери на Бундесверот за крстосувачките ракети Таурус поради грешка на еден од учесниците во дискусијата. На тоа укажуваат првите резултати од истрагата, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пренесе германската новинска агенција ДПА. Писториус вчера изјави дека полицаецот кој се приклучил на разговорот од Сингапур направил грешка. Имено, тој користел „необезбедена...

Германија поради Русија ги засили мерките против шпионажа

Русија нема да успее да создаде поделби во Германија, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во врска со неодамнешното руско шпионирање на германската армија, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Пропагандната машина на Путин сака да ја дискредитира нашата земја, да манипулира со јавното мислење и да го подели нашето општество“, изјави денеска министерката за медиумите од медиумската група „Функе“. „Ги...

Германската министерка во Западна Африка предупреди на влијанието на Русија

Германската министерка за развој Свења Шулц пред нејзиното патување во Западна Африка предупреди на исламистичкиот тероризам и руското влијание во тој регион. „Терористичките групи кои се шират и растечкото руско влијание во регионот имаат потенцијал дополнително да го дестабилизираат целиот регион во соседството на Европа“, рече министерката, пренесе германската новинска агенција ДПА. Таа одржа политички разговори во Буркина Фасо, во првата...

Писториус: Тврдењата на Кремљ дека Германија планира војна со Русија се апсурдни

Руските власти соопштија дека наводна снимка од германска воена дискусија покажува оти вооружените сили на Германија разговарале за планови за напад на руска територија, пренесува Гардијан. Руските медиуми во петокот објавија 38-минутна снимка од разговор во кој наводно се слушаат германски службеници како разговараат за оружје за Украина и потенцијален удар од Киев на Кримскиот мост, што ги натера властите...

Млади активисти ја обоија Германската канцеларија, бараат свесност за климатските промени

Членовите на групата за климатски активизам „Последната генерација“ истурија портокалова боја на фасадата на Германската канцеларија вчера наутро, пренесува германската агенција ДПА. На фотографијата објавена од групата се гледа натписот: „Помогнете! Вашите деца“, напишана со големи букви и бројни отпечатоци од раце. Можат да се забележат и неколку активисти како седат или лежат на земја пред ѕидот. Берлинската полиција го истражува...

Германија парализирана, штрајк на јавните превозници

Вработените во градскиот и приградскиот транспорт во неколку германски провинции утринава започнаа дводневен предупредувачки штрајк. Автобусите, трамваите и метрото во многу градови останаа паркирани, пренесува германската новинска агенција ДПА. Синдикатот Верди повика на штрајк до петок во обид да се зголеми притисокот врз работодавачите во колективните преговори. Суспензијата на превозниците се случува во Берлин, Хамбург, Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Северна Рајна-Вестфалија...

Вештачката интелигенција е главна алатка во само 3 проценти од германските компании

Само три отсто од германските компании користат вештачка интелигенција (ВИ) како главна алатка за нивната секојдневна работа, соопшти дигиталното здружение Битком, повикувајќи се на своето истражување, пренесе германската агенција ДПА. Уште шест отсто од анкетираните компании планираат да почнат да користат апликации како ChatGPT оваа година. „Секоја компанија треба да размисли за употребата на вештачка интелигенција и да ги искористи можностите...

Шолц: Навални беше убиен од режимот на Путин

Германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални, пренесе германската агенција ДПА. „Јас, како и сите други, претпоставувам дека тој е убиен од режимот“, рекол Шолц на состанокот на главните уредници во агенцијата ДПА. Тој додаде дека Русија е диктатура и дека смртта на Навални е „последица на таа диктатура“. Според руските власти,...

Антидесничарски протести во Германија: Десетици илјади луѓе повторно на улиците

Десетици илјади луѓе викендов ги продолжија протестираат низ Германија против десничарскиот екстремизам, а на демонстрациите им се приклучија и организации како што е еколошкото движење „Петоци за иднината“, пренесе германската новинска агенција ДПА. Само во Хамбург се собраа 50-60.000 граѓани. Стануваше збор за трет голем протест во градот за месец и половина од почетокот на протестите. Протестите започнаа во јануари откако...

Германија ја одбележа двегодишнината од руската инвазија врз Украина

Неколку илјади луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта во Берлин попладнево, за да го одбележат почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина пред точно две години, јави германската новинска агенција ДПА. Многу учесници на митингот носеа украински знамиња. Други ги прикажуваа своите ставови за војната преку транспаренти и постери со слогани како „Русија секогаш лаже“ или „Ѓаволот е во...

Повредени четворица ученици во напад со нож во германско училиште

Четворица ученици се повредени, од кои двајца потешко, во вчерашниот напад во училиште во Вупертал, западна Германија, соопштија полицијата и официјалните лица, а пренесе германската агенција ДПА. „Првичните сознанија се дека осомничениот напаѓач, кој сега е во притвор, е 17-годишен ученик во училиштето“, изјави Херберт Реул, покраинскиот министер за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија. Полицијата соопшти дека и осомничениот е...

Продадени речиси 78.000 билети за филмскиот фестивал Берлинале

Пред почетокот на Берлинале, љубителите на филмот купиле речиси 78.000 билети. Тоа е нешто повеќе од лани, кога првиот ден беа продадени 77.599 билети, пренесува германската агенција ДПА. Од денот на отворањето на благајните во понеделникот, сега точната бројка е 77.757 билети. Влезниците за редовните проекции годинава чинат 15 евра. Цената за палатата Берлинале на плоштадот Потсдам и за специјалните гала...

Германската влада ќе формира Единица за рано откривање манипулации и кампањи од странство

Стотици илјади Германци загрижени за подемот на крајната десница излегоа на улиците во последните недели. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер најави државни мерки против екстремистите. Владата ќе формира „единица за рано откривање“ на манипулации и кампањи од странство, најави вчера Фезер, а пренесе германската новинска агенција ДПА. Во пакетот против екстремизам има вкупно 13 мерки. Заедно со министерката, мерките ги...

Германскиот социјалдемократ Клингбеил: Интересот на Германија и ЕУ е да ја прошират Европа

Процесот на проширување е еден од одговорите на прашањето како Европа може да стане поголем геополитички актер, изјави вчера Ларс Клингбеил, претседателот на владејачката Социјалдемократската партија на Германија кој дојде во официјална посета на Северна Македонија. Клингбеил е прв претседател на оваа германска партија кој дошол во официјална посета на земјава, а изјавата ја даде на панел дискусијата „Прогресивни политики...

Над 450.000 луѓе протестираа против екстремната десница во Германија

Околу половина милион луѓе протестирале против десничарскиот екстремизам ширум Германија изминатиот викенд, покажуваат прелиминарните податоци на Министерството за внатрешни работи. Германската прес агенција ДПА соопшти дека Министерството избројало 457.000 луѓе на 128 настани. Поради недостиг на бројки од покраините Хамбург, Мекленбург-Западна Померанија и Сар, ова е привремена бројка, нагласи портпаролот. Според полицијата, повеќе од 150.000 луѓе се собрале во саботата во...

Писториус: Уште 150 војници за КФОР како јасна порака за Белград

Германија без какви било доцнења го остварува планот за праќање дополнителен број војици на Косово, порача при посетата на Приштина германскиот министер за одбрана Борис Писториус, известува ДПА. Тој ги повика Србите и Албанците на деескалација и решавање на причините за тензиите преку преговори, а испрати и предупредување до Белград поради односите со Русија. „Обуката тече со полна брзина така што...

Продолжија протестите во Германија против десничарскиот екстремизам

Во северозападниот германски град Бремен илјадници луѓе протестираа по улиците против десничарскиот екстремизам, додека викендов продолжија неколкунеделните национални протести, пренесе германската агенција ДПА. Полицијата го проценила бројот на учесници на околу 16.500, додека организаторите навеле поголем број, од 25.000. Митингот бил организиран од новиот сојуз во Бремен на левичарски и антифашистички групи. Околу 45.000 луѓе излегле во Бремен на сличен протест...

Германија без автобуси, метроа и трамваи – протестираат јавните превозници

Вработените во локалниот јавен превоз во околу 80 германски градови и населени места денеска организираат еднодневен штрајк. Патниците ќе имаат редуцирани линии или пак воопшто нема да можат да ги користат автобуските, трамвајските и метро линиите во градовите низ Германија, со исклучок на Баварија, соопшти германската новинска агенција ДПА. Штрајкот трае еден ден, бидејќи и вработените во обезбедувањето ја прекинаа...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...