fbpx
Таг: амбасада

таг: амбасада

Амбасадата на САД во Москва предупреди на можни терористички напади во Русија

Амбасадата на САД во Русија ги предупреди државјаните на САД кои престојуваат во земјата да избегнуваат големи собири во следните 48 часа поради закани од терористички напади, односно напади при поголеми собири, вклучително и концерти. Според известувањето, државјаните на САД треба да внимаваат што се случува во нивната околина, да избегнуваат толпи и да следат на локалните медиуми за нови...

Македонската амбасада во Токио не крие дека јапонски ученици учат македонски јазик

Тоа што македонската амбасада во Токио не ја споделила објавата на јапонската амбасада, не значи дека македонската амбасада или македонското МНР кријат дека ученици во Јапонија го изучуваат македонскиот јазик и се запознаваат со македонската култура. За овие ученици нашата амбасада во Токио има известено уште пред две години, а нашиот амбасадор Горан Цеков им организирал и пречек во...

Се заканувал преку телефон на вработените во амбасадата на Косово

Засега неименуван маж стана предмет на обработка од Основното јавно обвинителство Скопје, поради закани што преку телефон ги упатил до вработените во амбасадата на Косово во Скопје. Станува збор за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. На 6 ноември, осомничениот упатил сериозна закана дека...

Стратешките партнери на С. Македонија ни го честитаа празникот Илинден

Објавата што ја анализираме, шири дезинформации и ги оцрнува стратешките партнери на С. Македонија, нарекувајќи ги „душмани“, а на сметка на тоа ја глорифицира Русија. Точно е дека Русија ни го честита празникот Илинден, но честитки испратија и амбасадите на САД, Франција и Велика Британија, како и делегацијата на ЕУ во Скопје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

МНР: Засега не се пријавиле Македонци што се во загрозените подрачја на Родос

Во врска со големите пожари кои ја зафатија соседна Грција, според последните информации од дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, засега нема пријавен ниту еден граѓанин кој се наоѓа во загрозените подрачја, ниту е побарана асистенција при евакуација, информираат во Министерството за надворешни работи. „Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана...

Не германските власти, туку активисти поставиле тенк пред руската амбасада во Германија

Не е вистина изнесеното во постот, дека германските власти имале неуспешна акција за поставување на руски тенк пред амбасадата во Германија. Германски активисти, односно кустоси на музеј, биле организатори на поставувањето на тенкот, кои протестирале против руската инвазија во Украина. Што се однесува до положувањето на цвеќињата на тенкот наредниот ден, на протестот присуствувале и лица кои ја поддржуваат...

Амбасадата во Анкара и Конзулатот во Истанбул по силниот земјотрес во Турција достапни за информации 24 часа

По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Турција, македонското Министерство за надворешни работи стапило во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул. Од таму велат дека се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција, а за граѓаните на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања се следниве телефонски броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, + СОС...

Опрема во вредност од речиси 40.000 евра од Јапонија за Клиниката за кардиохирургија

Амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада, вчера потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. Грант договорот беше потпишан со ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ – Скопје и има за цел да набави бронхоскоп кој ќе обезбеди побезбедни здравствени услуги...

Во центарот на Скопје отворена „Алеја на Украина“

Новата украинска амбасадорка во земјава Лариса Дир од центарот на Скопје каде што денес беа засадени дрвја донирани од Украина и беше отврена изложбата наречена „Алеја на Украина“ порача дека Украина има исклучителна важна поддршка од македонското општество. Таа рече дека Русија продолжува со својата крвава напаѓачка политика, одземајќи животи на цивили и уништувајќи го украинското културно наследство. „Северна Македонија ја...

За еден месец, над 200 лица се сликале за нов пасош во амбасадата во Берлин

За помалку од еден месец од воспоставувањето на базната станица за издавање на патни исправи во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, главниот град на Германија, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа, тврди амбасадорот Рамадан Назифи. Амбасадорот нагласува дека со базната станица се надмина еден од...

Османи и Корчок денеска официјално ја отворија Амбасадата на С. Македонија во Братислава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Братислава официјално ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Словачката Република, во присуство на својот колега, министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Иван Корчок. „Овој нов и топол дом на Северна Македонија во Словачка, ова катче, ќе биде уште една точка преку која ќе ја развиваме нашата соработка, еден...

Руската Федерација протера дипломат од македонската амбасада во Москва

Официјална Москва, како што најави по протерувањето на вработен во руската амбасада во Скопје, објави дека како реципрочна мерка прогласила за персона нон грата дипломат од Амбасадата на Северна Македонија во Русија. „На 10 јуни, в.д. амбасадорка на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота...

Натпревар за најдобар цртеж на тема „Смени ги климатските промени“ со поддршка на амбасадата на Велика Британија

Новинари за човекови права со поддршка од амбасадата на Велика Британија, во рамки на проектот „Смени ги климатските промени", организира натпревар за најдобро уметничко дело - цртеж на истоимената тема. „Уметничките дела треба да ја опфатат темата животна средина, климатски промени, иднината и планетата. Натпреварот трае до 29 јануари и во текот на февруари најдоброто дело ќе биде изложено на...

Амбасадата на Велика Британија поддржува професионалност и непристрасна правда

Амбасадата на Велика Британија, поддржува професионалност и непристрасна правда, бидејќи е важно за граѓаните на Северна Македонија и е клучен услов за ЕУ, одговорија од амбасадата на прашањето на „Порталб.мк“, за став во однос на ветингот на судиите. „Доколку Владата реши да го усвои овој пристап, земајќи ги предвид гледиштата на клучните засегнати страни, и доколку е се побара од...

САД: Очекуваме ЕУ да донесе одлука за преговори со Северна Македонија годинава

САД силно веруваат дека Северна Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите што е можно поскоро, изјави денеска в.д. амбасадорката на САД во земјава, Микаела Швајцер-Блум. -Владата на Соединетите држави силно верува дека Северна Македонија заслужува датум за отворање на преговорите во најскоро можно време. Ние ја зедовме предвид изјавата од состанокот синоќа и сме охрабрени дека ЕУ...

Џулијан Асанж уапсен во Лондон, Еквадор го повлече азилот

Еквадор го повлече азилот за основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, за потоа тој да биде уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде ги мина изминатите седум години без да излегува надвор. Тој побара азил поради обвинувања за силување во Шведска, кои подоцна беа отфрлени. Асанж тврдеше дека овие обвинувања се само маска за негово испорачување од Шведска за САД,...

Конзулатот во Венеција и амбасадата во Рим со блокирани тековни, плаќаат преку приватни сметки

Генералниот конзулат на земјава во Венеција и амбасадата во Рим не можат да отворат сметки за редовно работење поради судски спор со лице кое порано било ангажирано со договор на дело во конзулатот во Венеција, открива Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на Министерството за надворешни работи. Тие сега се снаоѓаат со исплати преку сметка на лично...

Сијарто: Груевски законски мина три граници, наши дипломати не го криумчареа

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски мораше да мине три граници за да стигне во Унгарија и во сите три случаи го стори тоа во целосна согласност со регулативите, порача унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто на прес конференција денеска во Будимпешта. Тој рече и дека неговото министерство никако не е поврзано со случајот, имајќи предвид дека телото што го...

Вучиќ потврди дека Груевски заминал во Унгарија преку Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во првата реакција на официјален Белград, рече дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски избегал во Унгарија преку Србија, но пред во Белград да биде доставен потерницата за него. Тој рече и дека Груевски од Македонија во Албанија влегол во придружба на двајца унгарски државјани. Ова е првата реакција на официјален Белград откако Груевски избега од...

„Вијести“: Од Црна Гора, Груевски заминал за Србија

Од Црна Гора, Никола Груевски излегол во неделата, три часа откако влегол во земјата, и во Србија влегол преку граничниот премин „Добраково“, пишува црногорскиот весник „Вијести“, цитирајќи свои извори. Весникот пишува дека Груевски влегол со неговата лична карта во Црна Гора преку граничниот премин „Божај“ во 19.19 часот на 11 ноември. -Не се појавила никаква заштитна мерка на системот за пребарување...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...