!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

92-годишен прилепчанец измамен за 17.000 евра


Прилеп, 6 јануари, 2018 - 12:00 (META) 

Ѓ.А. (92) во Полициската станица во Прилеп, пријавил дека вчера околу 13 часот на плоштад „Александар Македонски“ бил измамен од две непознати лица.

„Лицата го пресретнале и почнале раговор со него, по што му дале еден машки часовник, за кој му рекле дека вреди многу пари и дека некој им го продава. Ѓ.А. им рекол дека тој има евра и отишол во банка и подигнал 17.000 евра, кои им ги дал на двете лица. Тие му кажале да ги почека за да и ги покажат парите на некоја жена, која ги чека во возило и дека ќе се вратат за пет минути, по што заминале во непознат правец. По извесно време, откако лицата не се вратиле, Ѓ.А. сфатил дека е измамен, по што го пријавил настанот“, се вели во билтенот на МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.


По полноќ ќе почне зимското сметање на времето


Скопје, 28 октомври, 2017 - 11:04 (META) 

Во 3 часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март, кога почнува летното сметање на времето.

Промената на времето секогаш се врши ноќта помеѓу сабота и недела, за да не предизвика проблеми во работните обврски на граѓаните.


Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 26 март


Скопје, 22 март, 2017 - 15:08 (META) 

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 26 март, така што во 2 часот часовникот ќе се помести за еден час понапред и ќе биде 3 часот.

Летното сметање на времето ќе заврши на 30 октомври во 3 часот, со поместување за еден час наназад.

Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2017 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“.


Ноќеска почнува зимското сметање на времето


Скопје, 29 октомври, 2016 - 19:49 (META) 

Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето.

Стрелките на часовникот ќе треба да се вратат еден час назад.

Порано ќе се стемнува, а од денот ќе има еден час помалку.


Зимското сметање на времето почнува в недела


Скопје, 26 октомври, 2016 - 14:14 (META) 

Летното сметање на времето завршува на 30 октомври во 3 часот, така што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад, со што ќе биде 2 часот и ќе почне зимското сметање на времето, известува Министерството за финансии.

Одлуката за завршување на летното сметање на времето е објавена во „Службен весник“.


Утре почнува летно сметање на времето


Скопје, 26 март, 2016 - 10:56 (META) 

Летното сметање на времето во Европа ќе почне ноќеска, по полноќ кога часовниците треба да се поместат за еден час нанапред.

Во два часот по полноќ, стрелките на часовниците треба да се променат за еден час напред , на три часот.

Летното пресметување на времето во Европа ќе трае до последниот викенд на октомври, кога почнува зимското сметање на времето.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за прв пат е направено во 1916 година во земјите на северот на Европа поради заштеда да енергија.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.

Од 2002 година, Европската Унија, како и останатите земји во Европа, одредија дека почетокот на летното сметање на времето почнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври, кога стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад.


По полноќ почнува зимското сметање на времето


Скопје, 24 октомври, 2015 - 12:55 (META) 

Вечерва по полноќ, почнува зимското сметање на времето. Во 3 часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се вратат за еден час наназад, така што ќе се смета дека е 2 часот.

Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март следната година.


Паметниот часовник на „Епл“ наскоро влегува во производство


Купертин, 12 декември, 2014 - 15:04 (META) 

Паметниот часовник на „Епл“ на почетокот од следната година ќе влезе во производство, а во продажните салони ќе се најде во периодот април-мај. Сепак, според последните извештаи, паметниот часовник би можел и порано да пристигне.

Како што објави тајванскиот „Јунајтед дејли њуз“ , проблемите кои постоеја и го одложија почетокот на производството сега се отстранети, па паметниот часовник би можел да се најде на производствената лента уште во јануари.

Според извори на порталот, од „Епл“, наводно, нарачале 24 милиони часовници од компанијата „Кванта“. Иако ова изгледа како голема бројка, сепак има смисла ако се земе предвид дека последните анализи покажуваат дека околу 10 отсто од корисниците на „ајфон“ сигурно се заинтересирани за купување на паметниот часовник.