fbpx
Таг: филм

таг: филм

Вечерва почнува „Синедејс“

На 13. Фестивал на европски филм „Синедејс“, кој ќе се одржува од денеска до 22 ноември, ќе бидат прикажани повеќе од 100 филмови, со 200 гости, а ќе се одржат и десет концерти и пет филмски работилници. Фестивалот ќе се одржи во кината „Милениум“, „Фросина“, Кинотека на Македонија и „Џебно кино“ во Младински културен центар. Во двете натпреварувачки програми, официјалната и...

Прогласени најдобрите филмови на фестивалот за планински филм – „Ехо“

Од 3 до 6 ноември во кината „Милениум“ и „Фросина“ во Скопје се одржа петтото по ред издание на Фестивалот за планински филм – „Ехо“, на кој беа прикажани голем број странски, но и македонски филмови, кои ја опфаќаат тематиката на планинските спортови. Стручното жири, во состав Влатко Галевски, Борјан Зафировски и Игор Анѓелков, наградија четири филма. Во категоријата долгометражен филм,...

Аудиција за новиот филм на Теона Митевска

Јавен повик за аудиција за новиот филм на Теона С. Митевска објави продукцијата „Сестри и брат Митевски“. Филмот е  со работен наслов „Кога денот немаше име“. - Ги повикуваме сите заинтересирани момчиња на возраст од 15 - 20 години да се пријават на отворената аудиција. За потребите на филмот се бараат шест млади момчиња на оваа возраст за носечките улоги...

Конкурс за најдобра филмска критика на „Синедејс“

Конкурс за најдобра филмска критика распиша Фестивалот на европски филм „Синедејс“, а рокот за пријавување е до 12 ноември 2014 година. Конкурсот е од отворен карактер, а добредојдени се сите млади  на возраст до 35 години, кои би сакале да го прикажат својот потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз. Текстовите не би требало да се подолги од...

„Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски доби финансиска поддршка

Филмскиот проект „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски доби финансиска поддршка од Мрежата на филмски институции од Југоисточна Европа (SEE Cinema Network). Одлуката за финансирање на филмот е донесена на 24. Генерално собрание на Мрежата на филмски институции од ЈИЕ, што се одржа денеска во Солун, а на кое учествуваа претставници од земјите-членки на мрежата, соопшти Агенцијата за филм на Република...

Недела на израелски филм во Кинотека на Македонија

Ова е прво вакво претставување на израелската кинематографија во Кинотеката
Неделата на израелски филм во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена в недела, а од понеделник, публиката ќе може да ги проследи петте филмови од овој циклус: „Посета на оркестарот“, „Стројникот“, „Летото на Авија“ и Скршено стакло“. Неделата на израелски филм ќе заврши со филмот „Ноќва“. Ова е прво вакво претставување на израелската кинематографија во Кинотека, од каде се надеваат дека ќе прерасне...

Раде Шербеџија ќе снима филм за Скопје

Култен филм ќе добие Скопје, најавува екипата од филмскиот проект „Ослободување на Скопје“, кој ќе почне да се снима утре, во Велес. Филмот, како македонско-хрватско-финска копродукција, ќе го режира Раде Шербеџија, кој го адаптираше сценариото на Душан Јовановиќ. Буџетот на филмот е два милиона и 110 илјади евра, од кои еден милион и 250 илјади евра се од Агенцијата за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...