fbpx
Таг: фестивал

таг: фестивал

Во Истанбул претставен струшкиот поетски фестивал

Меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ беше претставена на Интернационалниот поетски фестивал во Истанбул, каде паралелно се одржува и Меѓународен саем на книгата. Презентацијата е дел од соработката со фестивалот во Истанбул во рамките на која се предвидени низа активности, како преведувачки работилници, издавачки проекти и претставување на најзначајните поетски творци во рамките на обата фестивала. Пред публиката пригодно се обратија...

Ревија на германски и на полски филмови

Љубители на филмската уметност во Прилеп ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата германска и полска продукција, на проекцииите што ќе се одржат во кино-салата во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп. В петок, на 13 ноември, ќе се одржи филмска работилница „Преку кастинг до улага во филм“, со фотографот...

Филмот „Медена ноќ“ прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Солун

Македонскиот игран филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков беше прикажан во Солун, на првата вечер на реномираниот Меѓународен солунски филмски фестивал. Филмот помина во одлична атмосфера во преполната сала на киното „Ставрос Торнес“, каде во петокот се проектираше последното филмско остварување на Трајков инспирирано од новелата „Уво“ на Јан Прохаска, еден од најдобрите чешки сценаристи на сите времиња. Претставувањето на...

Вечерва во Тетово почнува фестивалот на новиот германски филм

Со трилерот „Роден во болка“, кој вечерва во 20 часот ќе биде прикажан во Центарот за култура во Тетово, почнува 11. издание на фестивалот на новиот германски филм. Фестивалот, кој е во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“ и на Амбасадата на Германија во Скопје, ќе трае три дена. Ќе бидат прикажани вкупно шест филма, со превод на македонски и на албански...

Фестивал на новиот германски филм во Охрид

Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка со Амбасадата на СР Германија, годинава по 11. пат, го организираат Фестивалот на новиот германски филм, кој ќе трае до 13 октомври. Свеченото отворање на фестивалот е вечерва, со почеток во 20 часот, со крим-сторијата „Роден во болка“. Во наредните денови ќе бидат прикажувани филмовите: „Феникс“ – драма, „Хакери“ – трилер, „Лола на...

Вечерва почнува тетовскиот филмски фестивал „Ода 2015“

Со проекција на играниот филм „Три прозорци и едно бесење“ во режија на Иса Ќосја од Косово, денеска во Центарот за култура „Ило Антески Смок“ во Тетово почнува четвртиот Тетовски интернационален филмски фестивал „Ода 2015“. На фестивалот, кој ќе трае до сабота, ќе бидат прикажани 45 краткометражни филмови, неколку краткометражни филмови и работилници на различни теми. - Отворањето на фестивалот...

Црвениот килим послан да ги дочека ѕвездите на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола

Послан е црвениот килим пред Центарот за култура во Битола за да ги дочека филмаџиите од земјава и од светот на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Во градот на браќата Манаки веќе се чувствува „силата“ на филмот и фестивалската атмосфера. Годинава фестивалот е во рацете на новиот директор Димитар Николов и за разлика од минатите години, кога...

Охридскиот народен театар, учесник на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица

Охридскиот народен театар на годинешното издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, ќе учествува со своја претстава. На програмата на фестивалот, на 10 септември, в четврток, со почеток во 21 часот, охридските актери ќе ја играат претставата „Стари времиња“ во продукција на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, во режија на Нела Витошевиќ. Од Охрид, на фестивалот...

Во продажба билетите за „Скопски џез-фестивал“

Билетите за претстојното издание на „Скопски џез-фестивал“, кој оваа година ќе се одржи од 15 до 18 октомври, се пуштени во продажба. Билетите можат да се набават на билетарниците на „Југотон рекордс“ и на Македонска опера и балет, како и преку интернет на www.mktickets.mk. Цените на билетите и сите други детали околу продажбата се достапни на веб-страницата на фестивалот www.skopjejazzfest.com.mk.  

Интернационален џез викенд во Прилеп

На големо задоволство на прилепските љубители на најслободната музичка форма и воопшто на урбаното живеење, последните денови од месец август, 27, 28 и 29 во Прилеп се организира Џез Викенд, манифестација која нуди богата програма со настап на повеќе изведувачи од европските простори. Овај фестивал за прв пат се одржа во 2012 година и уште веднаш се виде дека ентузијазмот...

Битола подготвена да ги пречека играорците од светот на фестивалот„Илинденски денови“

Битола е подготвена за најновото издание на државниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола- 2015 кој годинава слави 45 години. Фестивалот кој го негува македонскиот и интернационален фолклор почнува на 29 јули и ќе трае се до 1 август. Годинава на фестивалот покрај фолклорни групи од повеќе градови во Макдеонија ќе настапуваат фолклористи и од Хрватска, Италија,...

„Грин бич фестивал“ на 1 август во Охрид

Дводневно, шесто издание на „Грин бич фестивал“ годинава се најавува во Охрид, пренесе Радио МОФ. Покрај настапот на светски познатиот диџеј и продуцент Фед ле Гранд, на 31 јули на плажата Парк, на истата локација на 1 август се најавува настапот на Кирил Џајковски и ТК Вондер, кои првпат ќе бидат дел од овој фестивал. Целодневната саботна програма ќе биде пополнета и...

Битола подготвена за третото издание на „Битола Шекспир-фестивал“

Со премиера на претставата „Антоније и Клеопатра“ во режија на Џон Блондел, Битолскиот народен театар годинава свечено ќе го отвори третиот по ред „Битола Шекспир-фестивал“. Фестивалот годинава ќе се одржува од 22 до 28 јули и на него ќе гостуваат реномирани театри од светот што го негуваат творештвото на големиот Вилијам Шекспир. - Подготвени сме за најновото издание на „Битола Шекспир-фестивал“. Пред битолската...

Охридско лето: Два фестивалски термина за рускиот пијанист Андреј Коробејников

На програмата на меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“, вечерва во катедралната црква „Св.Софија“, заеднички настап ќе имаат рускиот пијанист Андреј Коробејников и неговиот сонароидник, пијанистот Александар Књазев, кого стручната јавност го смета за еден од најмоќните виолончелисти во светот. Александар Књазев соработувал со диригенти како Александар Ведерников, Мстислав Ростропович, Јуриј Темирканов и со оркестри како што се Оркестарот на „Би-Би-Си“ во...

27 аџии загинале во стампедо во Андра Прадеш

Најмалку 27 аџии загинале во стампедо на бреговите на светата река Годавари во индиската држава Андра Прадеш, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на изјави на локалните власти. Околу 24 милиони хинду-верници се собрале на традиционално капење во реката Годавари, на почетокот на фестивалот Маха Пушкаралу, кој ќе трае во наредните 12 дена. Аџиите веруваат дека капењето во реката ќе ги ослободи...

Во Прилеп почнува фестивалот „Пеце Атанасоски“

Денеска и утре, во Прилеп и на Рудина кај Долнени ќе се одржи 4. фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. В сабота на Рудина, фестивалот ќе го поздрави претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Во меѓувреме, од 30 јуни до крајот на фестивалот, се одржува семинар за изучување на македонскиот изворен мелос, беше соопштено на денешната средба со новинарите...

Денеска почнува Меѓународниот фестивал „Струшки книжевни средби 2015“

Со поетското матине, попладнево од 17 часот на Вевчанските извори, официјално ќе почне Меѓународниот фестивал „Струшки книжевни средби 2015“ . Манифестацијата, која ќе трае до 4 јули, почнува со настап на триесетина поети од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Словенија и од Хрватска. Во 19 часот, во црквата „Св. Никола“ во Вевчани, ќе биде претставен хрватскиот автор Валерио Орлиќ. Промотор е Васил...

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ги награди најдобрите

Со претставата „Џон Пиплфокс“ од Душан Радовиќ, во режија на Коле Ангеловски, а во продукција на Драмски театар Скопје, заврши натпреварувачкиот дел на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ 2015, кој се одржуваше во општина Аеродром. За најдобра машка улога беше награден Рубенс Муратовски за улогата Мартин во претставата „Чолак“ од Мартин Мекдонах, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на...

По 54. пат, „ Балкански фестивал на народни песни и ора“

Со настап на ансамбли од Хрватска, Турција, Полска, Канада, Србија, Унгарија, Северен Кипар, Бугарија и од Македонија, во традиционалниот термин, од 6 до 11 јули, на отворената сцена Долни Сарај, ќе се одржи 54. по ред „ Балкански фестивал на народни песни и ора“. - Музиката се изведува во живо, секој доаѓа со свои носии, кореографија и се внимава да...

Во Тетово ќе се одржи манифестацијата „Празник на музиката“

„Да ја прославиме музиката заедно – музиката ги спојува луѓето“ е мотото на годинешното шесто издание на фестивалот „Празник на музиката“, кој вечерва ќе почне во Тетово. Манифестацијата е во организација на Француската алијанса и Центарот за балканска соработка „Лоја“. - Целта на оваа манифестација, која во Франција почнала пред 36 години, е да им се овозможи на луѓето што знаат да...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...