fbpx
Таг: Украина

таг: Украина

Нови напади и жртви на истокот на Украина

Најмалку шест лица загинаа, од кои три деца, при ракетен напад во Луганск и при гранатирање на Горловка, соопштија проруските власти во Луганск и во Донецк. Како што соопшти Министерството за вонредни состојби на самопрогласената Донецка Народна Република, граната паднала врз куќа, што предизвикало уривање на ѕидовите и на покривот. Спасувачките екипи по нападот пронашле три деца, на возраст од три,...

Москва бара Хрватска да го спречи регрутирањето борци за Украина

Руските власти денеска ја повикаа Хрватска и другите земји чии граѓани се регрутираат во редовите на вооружените сили на Украина, да прекинат со оваа практика, пренесуваат руските агенции. „Ги потсетуваме хрватските власти дека денеска во Минск е усвоена одлука на контакт-групата за имплементација на договорот од Минск, во која, меѓу другото, е предвидено повлекување на сите странски вооружени формации, воена...

Путин: Прекинот на огнот во Украина почнува на 15 февруари

Постигнат е договор во Минск за од недела да запрат немирите во Украина, соопшти рускиот претседател Владимир Путин. - Верувам дека договоривме голема работа. Се договориме прекинот на огнот да почне точно на полноќ на 15 февруари – рече Путин. Соопштението доаѓа по маратонските преговори во белорускиот главен град, меѓу лидерите на Русија, Украина, Франција и на Германија. Компромисно решение е постигнато за...

Минск: Продолжуваат преговорите за украинската криза

Владимир Путин, Петро Порошенко, Ангела Меркел и Франсоа Оланд денеска, по кратка пауза, ги продолжија маратонските преговори за решавање на украинската криза. Преговорите во Минск траат повеќе од 15 часа. Странските медиуми изутринава јавија дека состанокот е завршен, но германската канцеларка Ангела Меркел подоцна изјави дека станува збор за кратка пауза и преговарачите се вратија во салата. За време на паузата,...

САД го исмејуваат мировниот план на Меркел

Американските генерали и дипломати го критикуваат Берлин поради мировната иницијатива за Украина, а особено се потсмеваат со министерката за одбрана, Урсула фон дер Лејер, и со канцеларката Ангела Меркел, пишува денеска весникот „Билд“. Генералите и дипломатите на САД кои учествуваа на неодамнешната Минхенска конференција за безбедност ја нарекоа министерката за одбрана на Германија „дефетист“, а канцеларката ја обвинија дека во ЕУ...

Порошенко: Украина е подготвена да воведе вонредна состојба

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, денеска изјави дека Киев е подготвен да воведе вонредна состојба во земјата ако судирите на истокот на Украина и понатаму продолжат. Говорејќи во пресрет на средбата со лидирите на Франција, Германија и на Русија во Минск, Порошенко рече дека клучната позиција на Киев во разговорите ќе биде насочена кон постигнување безусловен прекин на огнот, но истакна...

Пусиќ: Има Хрвати што се борат во украинската војска

Хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања, Весна Пусиќ, денеска потврди дека хрватски државјани се борат во Украина, но само во редовите на украинската војска. - Според моите сознанија, има хрватски војници во Украна, кои се приклучиле на украинската војска. Тоа го следи Сигурносната разузнавачка служба (СРС), а засега нема приклучување кон паравоените единици. Во постојан контакт сме со СРС -...

ЕУ ѝ порача на Русија да ја ослободи украинската жена-пилот

Европска Унија побара од Москва да ја ослободи украинската жена-пилот Нада Шевченко, која штрајкува со глад во руски затвор. На состанокот одржан во Брисел, претставниците на ЕУ побараа итно ослободување на Украинката. Шевченко, која е првата жена воен пилот во Украина, е обвинета дека минатата година во Источна Украина ги убила руските новинари Игор Корнелик и Антон Волошин. Веднаш по настаните, проруските активисти...

Украина: Седум цивили загинаа при напад на Краматорск

Најмалку седум цивили денеска загинаа во гранатирањето на источниот украински град Краматорск, со што бројот на жртвите во последните 24 часа се зголеми на 21. Нападите доаѓаат еден ден пред состанокот во Минск, на кој европските, руските и украинските челници треба да го договараат мировниот план, кој се смета за последна шанса за мир. Како што соопшти украинскиот претседател Петро Порошенко,...

Москва нема да му го испорача Јанукович на Киев

Москва нема да му го испорача на Киев поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, соопшти рускиот државен обвинител, Јуриј Чајка. - Ние задолжително ќе им одговориме на барањето на нашите колеги од украинското обвинителство. Нашиот одговор ќе биде негативен затоа што во кривичното гонење гледаме политички мотиви – рече Чајка. Тој додаде дека во согласност со руското законодавство и меѓународно-правните документи, Русија...

Меркел: Kонфликтот меѓу Русија и Украина не може да се реши со воени средства

Kонфликтот меѓу Русија и Украина не може да се реши со воени средства, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. Меркел, која беше во посета на Канада, неколку часа претходно се сретна со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон, кој размислува да им испорача оружје на украинските власти, но сè уште не донел одлука. Германската канцеларка остро се спротивставува на доставувањето оружје за...

Обама: Санкциите против Русија треба да останат на сила

Претседателот на САД, Барак Обама, денеска изјави дека со германската канцеларка Ангела Меркел се сложиле санкциите против Русија да останат на сила, нагласувајќи дека ако Русија продолжи со досегашниот курс, изолацијата против неа ќе биде зајакната. Обама на заедничка прес-конференција со Меркел рече дека руската агресија само го зајакнала меѓународното единство во обидот да се најде решение со Москва. Според американскиот...

Киев: 1.500 руски војници и конвој воена опрема ја минаа границата

Најмалку 1.500 руски војници и конвој воена опрема во текот на викендов влегоа во Украина, соопшти денеска украинска војска. Портпаролот на украинската војска, Андреј Лисенско, на новинарите им соопшти дека 1.500 руски војници и 300 парчиња воена опрема, вклучувајќи и ракетен систем „град“, ја минале украинско-руската граница на 7 и на 8 февруари. Околу 170 возила, вклучувајќи камиони, автоцистерни и автомобили,...

Се подготвува нов мировен план за Украина

Француските и германските дипломати активно подготвуваат самит во Минск со претседателите на Русија и на Украина, со надеж дека ќе се стави крај на крвавиот конфликт во Источна Украина. Дипломатите од Франција, Германија, Украина и од Русија денеска во Берлин работат на мировен план, кој е претставен како последна шанса за Украина, пред самитот в среда во Минск. Подготовките за мировниот...

Телефонски состанок за состојбата во Украина

Tелефонски состанок, на кој повторно ќе се обидат да најдат решение за кризата во Украина, за денеска договорија украинскиот претседател Петро Порошенко, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд. Франко-германскиот план предвидува повеќе автономија за источните региони на Украина. Тој предвидува демилитаризирана зона од 50 до 70 километри во ширината на линијата каде што се...

Меркел и Оланд во Москва без големи очекувања

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел пред да отпатуваат за Москва изјавија дека целта на нивната мисија е постигнување глобален договор за ставање крај на насилството во Украина, со тоа што примирјето е само прв чекор. Сепак, Меркел истакна дека не е извесно дали ќе се постигне напредок. Сите знаат дека првиот чекор мора да биде примирје,...

Меккејн: САД се виновни што Украина користи касетни бомби

САД се виновни што Украина користи касетни бомби, оцени претседавачот на американскиот сенатски одбор за вооружени сили, Џон Меккејн, додавајќи дека причина за тоа е што украинската армија „не е снабдена со различни видови вооружување“. Според Меккејн, доколку Украина поседува соодветно оружје, нема да користи касетни бомби. Меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“ потврди дека во ноември минатата година украинските сили користеле...

Меркел и Оланд патуваат за Киев, за утре планирана средба со Путин

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, денеска ќе отпатуваат во Киев, во рамки на напорите за пронаоѓање мирно решение по интензивирањето на насилството на истокот на Украина, а за утре е планирана средба со рускиот претседател, Владимир Путин, во Москва, јавуваат светските медиуми. Главниот политички советник на Путин, Јури Ушаков, рекол дека рускиот претседател е подготвен за...

Прв воздушен напад на проруските бунтовници

Руските медиуми денеска соопштија дека сепаратистичките борци на истокот на Украина го извеле првиот воздушен напад над украинските сили и тоа со авион што го заробиле минатото лето. Како што јавува РТС, повикувајќи се на порталот „Јанес“, проруските претставници во Луганск тврдат дека нивниот борбен авион нападнал конвој на украинската војска, кој превезувал украински трупи во регионот Донецк. Украински авион „сухој-25“ минатата...

Бајден: Нема воено решение за кризата во Украина

Американскиот потпретседател, Џо Бајден, изјави дека „нема воено решение за кризата во Украина“. Ваквата изјава доаѓа во момент кога официјален Киев се надева на испорака на помош во оружје од САД. - Од почетокот говориме дека не постои воено решение за оваа криза - рече Бајден за денешното издание на весникот „Зидојче цајтунг“. Бајден вели дека САД не се заинтересирани за „воена...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...