fbpx
Таг: Украина

таг: Украина

ОН: Повеќе од 6.000 луѓе загинале во конфликтот во Украина

Бројот на загинати во Украина надмина 6.000 луѓе, наведено е во најновиот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарна помош. „Вкупно, од почетокот на конфлктот, во средината на април 2014 година, па сè до 19 март оваа година, регистрирани се 6.072 жртви, а ранети се 15.345 луѓе“, наведено е во извештајот. Пред седум дена, бројот на потврдени жртви...

Украина бара ОН и ЕУ да испратат мировни сили

Украинската Врховната рада денеска побара од Советот за безбедност на ОН и од ЕУ да испратат мировни сили на истокот на Украина кои ќе бидат распоредени долж линијата на разграничување меѓу украинските и проруските сили. Барањето, за кое се изјаснија 341 пратеник во 450-члената украински парламент, го поднесе претседател на Украина Петро Порошенко. Украинскиот парламент исто така денеска ги прогласи реоните...

Заемни обвинувања за кршење на примирјето во Украина

Најмалку тројца украински војници се убиени, а пет се ранети во последното деноноќие на истокот на Украина, соопштија украинските власти, обвинувајќи ги проруските сили за кршење на примирјето. Истовремено, сепаратистите од самопрогласената Доњецка народна република го обвинија Киев дека 19 пати го прекршил примирјето во последните 24 часа. Засега нема податоци за загинати, ниту за причинета материјална штета. Со исти...

Демонстранти во Киев бараат оставка од Кличко

Околу 2.000 демонстранти денеска се собраа пред зградата на владата и на парламентот, барајќи намалување на градските давачки и смена на градоначалникот Виталиј Кличко, истакна учесник во соборувањето на претходната власт. Организаторите на демонстрациите претходно најавија прошетка од градската управа до зградата на владата и до Централната банка. Жителите на Киев протестираа на 28 јануари, кога се одржа голем митинг поради...

ММФ одобри 17,5 милијарди долари за Украина

Новата четиригодишна програма во износ од 17,5 милијарди долари за Украина ја одобри Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објави првиот човек на оваа организација Кристин Лагард. Лагард истакнала дека примирјето во Донбас генерално се почитува, но сепак неговото прекршување ќе претставува ризик за давањето на кредитот. Според неа, украинските власти покажале желба да ги спроведуваат реформите.  

Украина: Меѓусебни обвинувања за крешење на примирјето

Украинските претставници соопштија дека проруските сепаратисти го прекршиле примирјето, гранатирајќи позиции на владините сили на исток, вклучувајќи и позиции близу Мариупољ. Портпаролот на војската, Владислав Селезњов, изјави дека мета на нападите биле силите во пределите на Донецк и на Луганск. Проруските сили, пак, ја обвинија украинската војска за кршење на примирјето. Претседателот на Украина, Петро Порошенко, изјави дека 64 војници загинале откако...

НАТО: Русија трупа оружје на Крим

Русија значително ги зголемила своите воени капацитети на Крим од припојувањето на полуостровот во март минатата година и го претвора во платформа за проекција на своите моќи, изјави денеска врховниот комендант на НАТО за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав. „Она што можеме да го видиме на дело, најдобро може да се опише како милитаризација на Крим. Тие го зголемија капацитот...

Украина: Сепаратистите го кршат прекинот на огнот

Украинската војска денеска соопшти дека сепаратистите, кои ги поддржува Русија, во текот на ноќта неколкупати го прекршиле прекинот на огнот. Главниот штаб на антитерористичките операции на Украина наведува дека сепаратистите 16 пати со минофрлачи и со гранати ги гаѓале позициите на владините сили во периодот од осум часот вечерта до шест часот изутринава. Според Киев, повеќето гранати биле лансирани од провинцијата...

Киев: Закани со смрт за единствениот сведок на убиството на Немцов

Ана Дурицкаја, единствениот сведок на убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов во Москва, добила закани со смрт поради што се вратила во родната Украина. Обвинителството во Киев соопшти дека Дурицкаја добила полициска заштита. Во соопштението не се прецизира од кого Дурицкаја добила закани. Руската полиција неколку дена ја држеше во притвор манекенката Дурицкаја, каде беше испитувана, пред да ѝ биде дозволено да ја...

Украинската жена-пилот го прекина штрајкот со глад

Украинската жена-пилот Нада Шевченко, денеска по препорака на лекарите го прекина 83-дневниот штрајк со глад, кој го почна во рускиот затвор. Шевченко, во писмото што протече во јавноста, вели дека го прифатила советот на лекарите и одлучила да ја измени „досегашната тактика за да остане во живот“. Одлуката за прекинот на штрајкот следува по тврдењата на украинските власти дека „нејзината состојба е...

Терористички напад во Одеса

Експлозија одекна во Одеса, во зградата во која се сместени канцелариите на ултрадесничарското движење „Десен сектор“. Нема загинати, ниту повредени. Министерството за внатрешни работи соопшти дека е можно да се работи за терористички напад, пренесува „Танјуг“. - Инспекторите привремено ја квалификува експлозија како терористички напад - се вели во соопштението на министерството. Локалните власти соопштија дека станува збор за рачно изработена експлозивна направа...

Во Шпанија уапсен поранешен украински министер за финансии

Шпанската полиција денеска го уапсила поранешниот украински министер за финансии, Јуриј Колобов, по кого властите во Киев распишаа меѓународна потерница под обвинение за проневера на пари и за финансиски малверзации, јавуваат медиумите. Според информациите, 41-годишниот Колобов, кој функцијата министер за финансии ја извршуваше во времето на претседателот Виктор Јанукович, бил упасен во летувалиштето Алтеа, на источниот брег на Шпанија. Интерпол на...

Донецк: Повеќе од 30 загинати во експлозија во рудник

Најмалку 30 лица загинаа во експлозија во рудникот за јаглен „Засјадко“, во украинскиот град Доњецк, а 70 рудари сè уште се наоѓаат заглавени на 200 метри под рударското окно, соопштија властите на самопрогласената Донецка народна република. Како што јавуваат руските медиуми, спасувачките екипи веќе работат на теренот и досега успеале да извлечат околу 160 рудари. Според првичните информации, причина за синоќешната...

ОН: 6.000 загинати во судирите во Украина

Повеќе од 6.000 луѓе загинаа во Украина од почетокот на судирите што почнаа минатата година, соопшти денеска високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин. Според податоците на Комисијата на ОН со седиште во Женева, повеќе од стотина цивили и припадници на војската загинаа во последната недела во судирите во Дебаљцево и во близина на аеродромот на Донецк. Ал Хусеин наведе...

Киев: Примирјето почитувано во текот на ноќта

Украинската војска денеска соопшти дека прекинот на огнот е во целост почитуван во текот на ноќта на територијата под контрола на проруските сили во Источна Украина, но предупреди дека проруските сили го користат примијето да се прегрупираат за нови напади. - За да ги залажат преставниците на ОБСЕ, проруските сили ја преместуваат воената опрема од фронот и во текот на...

Донецк: Проруските сепаратисти го повлекуваат тешкото оружје

Проруските сепаратисти од самопрогласената народна република Донецк денеска соопштија дека почнале да го повлекуваат тешкото оружје од првите линии на фронтот. Како што соопшти претставникот на министерството за одбрана на самопрогласената република, Едуард Басурин соопшти дека е планирано повлекување на 96 единици артилериско оружје Д-30 од реонот на Дебалцево, Горловска, Донецк и на Телманово.

Русија најави прекин на испораката на гас за Украина

Русија се закани со целосно прекинување на испораката на гас за Украина, доколку официјален Киев во рок од два дена не го плати долгот, соопшти „Газпром“. Директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, посочи дека официјален Киев повлекува сè што може да повлече од платените резерви и оти прекинот на испораката за гас за Украина може да предизвика транзитен ризик за Европа.

Британија: Русија е лицемерна за прекинот на огнот во Украина

Велика Британија денеска ја критикуваше Русија заради тоа што не успеала да обезбеди спроведување на примирјето на истокот од Украина, каде и понатаму трае конфликтот помеѓу украинските и проруските сили. „На основа на исксуството од претходните 10 до 12 дена, морам да кажам дека руското ангажирање во процесот во Минск е прилично лицемерно. Тоа е ангажман на хартија, кој е...

Тешкото оружје останува на истокот на Украина

Украинската војска соопшти дека не може да почне со повлекување на тешкото оружје од првата линија на фронтот на истокот на земјата затоа што проруските активисти не престануваат да ги напаѓаат позициите на владините сили, без разлика на постигнатиот договор за прекин на огнот. Проруските активисти во текот на претходната ноќ двапати ги гранатираа позициите на владините сили, соопшти Анатоли...

Тројца загинати и десетмина повредени во експлозија во Харков

Три лица загинале, а десетина биле повредени во експлозија што денеска се случила во украинскиот град Харков, за време на маршот посветен на годишнината од симнувањето од власт на поранешниот претседател Виктор Јанукович, јавуваат украинските медиуми. Експлозијата се случила во близина на Халата на спортовите во Харков, каде почнало одбележувањето на годишнината, по што, за кратко време, на местото пристигнале повеќе...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...