fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

И без „Југохром“ воздухот во Тетово e екстремно загаден

Воздухот во Тетово синоќа беше загаден 17 пати повеќе од дозволеното. Мерните станици на Министерството за животна средина измерија 857 микрограми ПМ10-честички на еден кубен метар. Затворањето на „Југохром“ не придонесе за намалување на аерозагадувањето, иако комбинатот на протестите против загадениот воздух, беше посочуван како најголем загадувач на воздухот. Фабриката на 31 декември ги исклучи печките. Оттаму соопштија дека нема да...

Нападнат доктор во тетовската клиника

Дежурен доктор во детското одделение во Клиничката болница - Тетово вчера, околу 15 часот, бил физички нападнат од 25-годишниот Н.С. од село Шемшово, кој заедно со две непознати женски лица и со едно малолетно дете влегле во ординацијата за укажување лекарска помош за детето. Како што соопштува МВР, откако лекарот го видел медицинскиот извештај од хируршко одделение, побарал да му...

Дедо Мраз во Тетово разнесуваше пакетчиња со велосипед

Дедо Мраз може да пристигне и на велосипед, наместо на санка што ја влечат ирваси. Идејата да се спои легендата за дарежливиот старец со бела брада со возењето велосипед потекнува од иницијативата „Тетово на точак“. - И годинава Дедо Мраз им носи пакетчиња на тетовските дечиња со помош на велосипед. Со оглед на високата загаденост на воздухот во градот, ова превозно...

Жителите го блокираа булеварот Илирија во Тетово поради зонското паркирање

Жителите што живеат покрај булеварот Илирија во Тетово, каде месецов се воведе зонско паркирање, попладнево ја блокираа улицата. Велат дека се револтирани поради воведувањето зонско паркирање, со кое им е оневозможено да ги оставаат возилата во близина на живеалиштата зашто паркирањето сега е ограничено на три часа. - Ние немаме ништо против зонското паркирање. Бараме само Општината да ни овозможи загарантирано место за...

Упад во канцелариите на општинската организација на СДСМ во Тетово

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор изврши неовластен упад во просториите на општинската организација на СДСМ од Тетово, во што асистираа припадници на СВР Тетово, обвини на прес-конференција општинската организација на СДСМ Тетово. Според партијата, обиени се вратите од неколку канцеларии за да се изврши мерење за изработка на геодетски елаборат. Но, како што истакнаа од партијата, Акционерското друштво нема никакво...

Закани со пиштол во училиште во тетовско Камењане

Петнаесетгодишно момче од тетовско Камењане во основното училиште во ова село со огнено оружје им се заканувал на тројца ученици од селото Пирок. Помеѓу малолетниците вчера попладне, најпрвин почнала вербална расправија во дворот на училиштето. Расправијата во еден момент кулминирала, по што тројцата ученици влегле во училишниот објект. Во објектот, исто така, влегол и 15-годишникот, кој од појасот извадил пиштол, го репетирал, го...

Блокади и масовен протестен марш во Тетово против аерозагадувањето

Неколку илјади граѓани денеска со блокади на трите главни влеза во градот и со протестен марш по тетовските улици, изразија незадоволство од екстремното аерозагадување во градот. Побараа властите да преземат итни мерки против екстремно загадениот воздух, кој секојденевно ги труе тетовци, предизвикувајќи разни болести со смртни последици. - Има пораст на спонтани абортуси и затоа, како мајки, ние излеговме на протест....

Прекин на наставата и предвремен распуст во Тетово поради енормното загадување

Поради екстремното ниво на загадување на воздухот, Општина Тетово донесе одлука да се прекине наставата во градинките, основните и во средните училишта. Оваа одлука е донесена по состанокот со раководствата на воспитно-образовните институци. Настава нема да има до крајот на првото полугодие. Оваа одлука е донесана по бојкот и протест на учениците поради екстремното аерозагадување во Тетово. - Донесовме одлука наставата...

Бојкот на наставата поради екстремно загадениот воздух во Тетово

Екстремно загадениот воздух во Тетово ги принуди дел од родителите да не ги пуштаат своите деца на училиште. Тие денеска во дворот на основното училиште „Лирија“ организираа мал протест и најавија дека ќе ја бојкотираат наставата сè додека властите не преземат мерки против загадениот воздух. - Бевме принудени да преземеме вакви чекори. Синоќа се организиравме на социјалните мрежи и решивме да...

Најавени нови фабрики во индустриската зона во Тетово

Потпишани се договори со четири странски компании што ќе градат во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. Ова денеска го најавија од норвешката компанија „Норман инвестмен груп“, која стопанисува со зоната. Оттаму уверуваат дека фабриките ќе се изградат затоа што процедурата за добивање дозвола за градба е олеснета, со новите законски измени. - Сега може и со идеен проект да се добие дозвола за...

Прославен Меѓународниот ден на човековите права во Тетово

Со настапи на музички групи и со уметнички перфоманси, во Тетово беше одбележан Меѓународниот ден на човековите права. Организатори на настанот, кој се одбележа на градскиот плоштад, беа „ЛГБТ јунајтед“ од Тетово и ромската организација „Романо авази“, кои како најдискриминирани заедници, одлучија јавно да проговорат за проблемите со кои се соочуваат. - Боли сè уште што имаме активни кланови, говор на...

Намалена продажбата на тетовското јаболко

Производителите на јаболка во Tетовско велат дека годинава е намалена продажбата на нивниот производ. Се нудат јаболка и по цена од 10 денари, но ретко кој купува. - Годинава можам да кажам дека продажбата е најмала. Порано доаѓаа од околните села и купуваа јаболка, но сега и тие купувачи ги нема. Најголем проблем е сиромаштијата и безработицата, па граѓаните не можат...

Тетово го задушија ПМ10-честички и азот диоксид

Изминатата ноќ во Тетово беа измерени екстремни концетрации на штетни честички ПМ10 во воздухот, кој беше загаден 16 пати повеќе од дозволената вредност. И дозволената концетрација на гасот азот диоксид беше двапати надминатa. - Гасот азот диоксид е директно поврзан со издувните гасови на возилата. Сите сме свесни дека возилата согоруваат секакви непроверени деривати, а некои возила, иако неправилно го...

ВМРО-ДПМНЕ бара пониска цена за зонското паркирање во Тетово

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на Општина Тетово, побара измени и дополнувања на тарифникот за зонско паркирање, односно воведување месечен билет со пониска цена за станарите од околните згради за паркирање во зоната А. На тој начин, според советниците од ВМРО-ДПМНЕ, би се решил проблемот со паркирањето на овие граѓани, затоа што со воведувањето на зонското, со...

Реката Вардар ги уништува нивите во тетовско Копанце

Повеќе од 100 декари земјоделска обработлива површина во атарот на село Копанце е во опасност целосно да биде потопена од реката Вардар. Реката, која во овој дел не е регулирана, секојдневно ја одронува земјоделската површина долж својот тек. Нејзиното речно корито постојано се проширува на приватни имоти. Жителите стравуваат дека Вардар може да ја поплави целата земјоделска површина, ако не се изгради корито со...

Трета групна венчавка во Тетово

Петнаесет брачни двојки стапија во црковен брак на церемонијата на групно венчавање во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово. Меѓу брачните двојки имаше и помлади и повозрасни, кои од различни причини досега не биле во можност да го кажат судбоносното „да“ пред бога. Групното венчавање го изведе митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф, во сослужение на повеќе свештенослужители од тетовското архирејско намесништво. Минатата...

Груевски: Ќе се градат три нови студентски домови

Премиерот Никола Груевски денеска најави изградба на нови три студентски домови во Македонија. Два од нив ќе бидат изградени во Скопје, а нов студентски дом ќе добие и Тетово. - Доста работевме на наоѓање локации за студентски домови, баравме локации каде што има државно земјиште, каде што мислиме дека може да се изгради студентски дом. Практично, на крајот, излезе дека во Скопје веројатно...

Пронајден мртов маж во холот на поранешната зграда на „Телеком“ во Тетово

Во просториите на поранешната зграда на „Телоком“, објект кој за време на изборите ДУИ го користи како изборен штаб, е пронајдено безживотно тело на 25-годишен жител на Тетово. Според тетовското јавно обвинителство, лицето е затекнато обесено, со јамка околу вратот, на скалите во внатрешноста од објектот. Момчето работело како келнер во едно од тетовските кафулиња. СВР Тетово, јавен обвинител и екипи...

Брвеница и Долно Седларце ќе добијат фекална канализација

Почнаа градежните активности околу изградбата на фекалната канализација за населените места Брвеница и Долно Седларце, Тетовско, каде живеат околу 1.500 семејства. Канализацијата ќе се гради во должина од два километри. Од Општина Брвенца велат дека се планира целиот проект да заврши што поскоро, а се одвива паралелно со реконструкцијата на регионалниот пат Тетово - Чегране, каде се поставуваат цевки за канализацијата. Инфраструктурниот проект...

Три лица се ранети во вооружена престрелка во Тетово

Три лица се ранети во вооружена престрелка во Тетово, соопшти полицијата. Во престрелката и во тепачката учествувале петмина, од кои тројца добиле тешки телесни повреди и се пренесени во тетовската клиничка болница, додека другите двајца поминале со полесни повреди и се примени во скопскиот ургентен центар. Тепачката се случила доцна синоќа. Полициска екипа од СВР – Тетово работи на расчистување на случајот.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...