fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Тачи: По средбите со странските претставници, ќе се знаат решенијата за излез од политичката криза

По средбите на македонските политички лидери со германскиот специјален преставник Јоханес Хајндл и со заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, работите околу можните решенија за излез од политичката криза и датумот за избори ќе станат поизвесни. Ова го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на брифинг со новинарите, синоќа, по прославата на годишнината на неговата партија, која се...

Седум девојки приведени во угостителски објект во Чегране

Седум девојки, од кои три од Албанија и четири од нашата земја, се откриени при ноќешната полициска контрола спроведена околу половина час по полноќ во угостителскиот објект „Били 97“ во гостиварското село Чегране, сопственост на Б.Н. (34) од истото село, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Трите албански државјанки биле на возраст од 21, 22 и 29 години, додека...

Дивоградба во центар на Тетово на само два метри од станбени објекти

Станари од зградата 25 на булеварот Маршал Тито во Тетово, реагираа на неажурноста на институциите, кои изминатите пет месеци дозволиле до нивните тераси и прозорци да се изгради дивоградба. Една од сопствениците на становите, Гордана Младеновска, вели дека тетовскиот инспекторат во февруари годинава е информиран дека почнала градба на нелегален објект. Но, инспекторатот не презел никакви мерки. Дури во јуни институциите...

Последниот осомничен за нападот на полицајците во Тетово сам се пријавил во полиција

По осумдневната полициска потрага, во полициската станица во Тетово вчера попладне сам се пријавил 17-годишниот малолетник кој учествуваше во нападот на полицајците, што се случи во близина на центарот на Тетово. - Малолетникот, син на 40-годишниот И.И. и внук на 69-годишниот А.И., кои на полицајците им нанесоа тешки телесни повреди, е осомничен за соизвршителство во напад на службено лице при вршење...

Тетовци жедни, новиот водовод сè уште се гради

Граѓаните на Тетово и ова лето ќе го поминат жедни. Новиот градски водовод, иако беше најавено дека ќе се заврши во октомври минатата година, сè уште не е изграден. Капацитетот на изворите од кои тетовци се снабдуваат со вода за пиење се намалуваат. Кај дел од граѓаните, чешмите веќе секнуваат. - Веќе се чуствува недостиг од вода за пиење. Летово ќе...

Кривични пријави за напаѓачите на полициските службеници во Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство против четири лица осомничени за нападот врз полициските службеници во Тетово. За обид за убиство осомничен е 69-годишниот А.И, а неговиот син, 40-годишниот И.И е осомничен за напад на службено лице, кој го извршил при обид да биде уапсен за издржување едногодишна затворска казна. Другите две лица, 17-годишниот син...

Едно лице приведено за вчерашниот напад на четворица полицајци во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово, во координација со СВР-Тетово, презеде дејства за расветлување на вчерашниот ицидент во кој при обид за лишување од слобода на осуденик, беа нападнати и повредени четворица полициски службеници. При вршење на увидот на местото на настанот, пронајдени се, фотодокументирани и подигнати се за вештачење повеќе траги, а се преземаат и мерки за пронаоѓање на напаѓачите. „Во текот...

Доживотен затвор за убиец од Мерово

Тетовскиот основен суд го осуди на доживотен затвор Шабан Авдија од тетовското село Мерово, за двојното убиство што го изврши врз браќата Блерим и Бесник Авдија од истото село, кои биле во роднинска врска со осудениот. Петгодишна, односно седумгодишна затворска казна, пак, добија неговите браќа, Самир и Фаик Авдија, за обид за убиство на Меди, татко на починатите браќа, а него,...

Почнува четвртото издание на меѓународниот филмски фестивал „Вач аут“

Вечерва во дворот на Музејот на комунистичката партија во Тетово, почува петто издание на Меѓународниот филмски фестивал „Вач оут“во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“. Свеченото отворање е во 19.30 часот, а првиот филм ќе биде прикажан во 20 часот. Фестивалот кој е уникатен во Македонија со проекции на отворено ќе трае четири дена. - За овој фестивал...

Силен ветер во Тетово оштети објект

Силниот ветер кој дуваше во Тетово претпладнево собори голема гранка од дрво покрај Булеварот Благоја Тоска. Гранката заврши на покривот на еден од објектите лоцирани покрај булеварот. Во СВР Тетово пријавено е оштетување на покривот од објектот. Остатоците од гранките кои беа паднати и на едната коловозна лента од Булеварот Благоја Тоска беа отстранувани од страна на Тетовската територијална противпожарна...

Тачи и Роберт де Хроут во Тетово разговараа за политичката криза

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со делегација на Министерството за надворешни работи на Холандија, предводена од државен директор за европска соработка при холандското МНР, Роберт де Хроут. На средбата се разговарало за политичката криза во земјата и за ставовите на ДПА како да се надмине оваа ситуација, како и други прашања од...

Хајндл се сретна со Ахмети и Тачи во Тетово

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утрово во Тетово, се сретна со германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл. По средбата Ахмети не сакаше да даде изјава. Хајндл се сретна и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Целосно поништување на аболицијата, како што порачаа ЕУ, САД и целата меѓународна заедница, брзи и регуларни избори, со претходно исполнување на клучните предуслови, од страна на Влада којашто ќе има...

Викендов се одржува Меѓународен поетски фестивал во Гостивар

Претстојниот викенд во Гостивар ќе се одржи третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“. На отворањето на фестивалот, во сабота (21 мај) ќе се претстават поетите финалисти избрани од жири комисијата на чело со претседателот Бранко Цветкоски. Наградите ќе бидат доделени во недела (22 мај) на свечена манифестација. Четиринаесетте финалисти беа избрани во конкуренција на 125 поети од земјава и...

Конференција: Бегалците одат кон ЕУ, никој не сака да остане во Македонија

Земјите од Европската Унија треба да покажат поголема хуманост и флексибилност во врска со прашањата поврзани со бегалската криза. Ова е ставот на дел од учесниците на денешната конференција одржана во Тетово, со наслов „Бегалската криза и нејзините хуманитарни и политички импликации во Балканот“. - Сите мигранти сакаат да одат кон земјите од Европската Унија, никој не сака да остане...

Дамите од СЈО се позитивен пример за жени кои имаат реална моќ за промени

Дамите од Специјалното јавно обвинителство се класичен пример дека жените со својот интелект, но и сензибилитет, можат да играат активна улога во промената на едно општество. Ова беше заклучокот од дебатата што се одржа во Тетово со наслов „Жените во општествените и во политичките промени - Дали ни се потребни хероини“. - Жената во изминатиот период во Македонија е деградирана, освен ако за пример...

„Шарената револуција“ и ГДОМ вторпат протестираа во Тетово

Здружението „Протестирам“ денеска, околу 19 часот, својот револт од одлуката на претседателот Иванов за аболиција го искажаа пред тетовскиот Основен суд. Пред оваа институција демонстрантите ги извикуваа познатите пароли „Нема правда, нема мир“, „Оставка за Иванов“, „Бараме правда, бараме вистина“. По половина час, со протестен марш се упатија до народната канцеларија на претседателот Иванов, лоцирана во центарот на Тетово. Учесниците...

Не запира ерозијата на земјата покрај кејот не реката Пена

Ерозијата на земјата кон излетничкото место Бањиче долж реката Пена постојано се шири. Големите наноси од земја се паднати во Пена, чиј кеј е уништен од секојдневното лизгање на земјата. Дел од тротоарот и потпорните ѕидови се одронати. Жителите кои поминуваат покрај кејот, велат дека патниот правец покрај кејот е еден од најризичните во Тетовско. - Тука е ризично да се...

Два протести во Тетово: Едните бараа оставка на владата, другите – избори на 5 јуни

„Укинување на аболицијата“, „Долу влада“, „Готови сте“ беа дел од паролите што синоќа се извикуваа на протестот во Тетово, организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“.  Протестот почна околу 19 часот пред Основниот суд во Тетово, а по половина час учесниците со протестен марш низ булеварите Илинденска и Маршал Тито се упатија кон народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде што побараа негова оставка. - Јас не...

Две тепачки на навивачи синоќа во Тетово

Членови на тетовската навивачка група „Војводи“ вчера, околу 19 часот, во Тетово нападнале две лице на возраст од 20 години. Инцидентот се случил на улицата Иво Лола Рибар, по која се движеле нападнатите. Тие биле удирани по главите и по телата. Во меѓувреме, ги разделиле две лица кои со возило запреле на улицата, по што напаѓачите се оддалечиле од...

Тешки кражби на златен накит и на бакар во Полошко

Тешка кражба во која е одземен златен накит во вреднот од 447.000 денари е извршена вчеравечер во куќа на 52-годишен жител од тетовското село Одри. Засега непознати сторители, откако насилно го отвориле прозорецот на приземјето од куќата, влегле внатре, целосно ги пребарале просториите на катот и од кутија, која се наоѓала во фиока во една од собите, одзеле алки, синџирџиња, прстени...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...