fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Од тетовските чешми деновиве повторно тече заматена вода

Заматена вода деновиве течела од чешмите на станбените објекти во близина на Средното економско училиште „8 Септември“ во Тетово. Загрижени граѓани, пратија неколку фотографии на кои се гледа дека водата е загадена. Од Центарот за јавно здравје-Тетово, велат дека водата во главниот цевковод која поминува низ градот е чиста и безбедна за пиење. Заматеноста на водата во овој дел на Тетово,...

Тетовскиот смет од утре ќе се транспортира во Русино

Блокадата кон регионалната депонија Русино, која изминативе четири месеци важеше за камионите од комуналните претпријатија од полошкиот регион е остранета. На вчерашната средба одржана во Гостивар, Центарот за полошки плански регион ги прифати барањата на жителите од гостиварските села, кои не дозволуваа да се носи сметот до Русино. - Ги прифативме барањата на жителите од гостиварските села и тие се...

Одбележана 15-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор

На Попова Шапка попладнево со конференција на тема „Охридскиот договор – предизвик и гаранција за интеграција“, се одбележаа 15 години од неговото потпишување. Присуствуваа преставници на законодавната и извршната власт, политички партии и од дипломатскиот кор. Пред присутните се обратија вицепремиерот задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Фестим Халили, амбасадор на САД во земјава, Џес Бејли, Никола Тодоров од...

Во тетовско се нормализира состојбата по големото невреме

Кризниот штаб е постојано на местата зафатени во невремето во тетовско. Градежна механизација се уште работи на расчистување на патниот правец Шипковица - Бродец каде се одвива сообраќајот, но со помали тешкотии. Се работи и на проширување на речните корита кои беа наполнети со земја и камења, по обилните врнежи кои го зафатија тетовскиот регион во саботата. - Нашата механизација...

Одбележани 15 години од масакрот кај Карпалак

Денеска кај местото Карпалак се одбележа петнаесетгодишнината од крвавиот масакр, кога во 2001 година, животот го загубија десет припадници на Армијата на Република Македонија. Чествувањето започна со помен парастос, а на местото на трагедијата букети цвеќиња положија повеќе делегации, преставници на политички партии и здруженија на граѓани. Присутен беше и Министерот за одбрана Зоран Јолевски, но одби да даде изјава...

Тетовец заболен од маларија хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести

Дваесет и четиригодишен тетовец со маларија е хоспитализиран во карантинската соба на Клиниката за инфективни болести, пренесе „Здравство 24“. Болеста ја донел од Мали, каде работел неколку месеци. Првите симптоми ги добил во Тетово и побарал помош на инфективното одделение во тетовската болница. По прегледот веднаш бил препратен за Скопје, каде му ја дијагностицирале најтешката форма на маларија. Здравствената состојба му...

Штетите од невремето во Tетовско и по една година не се санирани

Една година по катастрофалните поплави што го зафатија Тетовскиот Регион, состојбата на терен не е сменета. Ниту штетите од невремето се санирани, ниту, пак, е почната реализацијата на акциониот план за превенција од нови поплави, кој предвидува регулација на речни корита и на водотеци, санирање на брани и слично. Тетовци велат дека ниту едно ветување на властите во врска со...

Загадена е водата за пиење на Попова Шапка

Водата за пиење на туристичкиот центар Попова Шапка е фекално загадена, покажа последните испитувања на Центарот за јавно здравје Тетово кои откриле присуство на ешерихија коли. Микробиолошкото загадување е резултат на неодржување на резервоарите на водата за пиење на Попова Шапка, изјавија од центарот. - Резервоарите на водата за пиење треба редовно да се дезинфицираат, во спротивно може да дојде...

Зонското паркирање не го реши недостигот од паркиралишта во Тетово

Проблемот со паркирањето во Тетово дополнително се влошува со враќањето на печалбарите во градот, велат тетовци. - Нема каде да се паркираш, затоа и не користам автомобил. Ако морам, тогаш автомобилот го паркирам на зелени површини и на тротоари. Не е правилно, ама што да правам? - вели еден тетовец. Според граѓаните, зонското паркирање не го реши нивниот проблем. - Воведоа зонско паркирање, ама, бадијала,...

Пожар во фабриката „Тетекс“ во Тетово

Пожар кој избувна попладнево околу 16.30 часот, целосно пеплоса седум канцеларии од административната зграда на фабриката „Тетекс“ во Тетово. При гасењето на пожарот, лесни повреди добил еден пожарникар, кој по укажаната помош во тетовската клиничка болница, пуштен е на домашно лекување. Пожарот за околу еден час целосно е локализиран. Во гасењето интервенирале три противпожарни возила и девет пожарникари. Пред три дена, пожар исто...

Водата во Тетово е чиста и безбедна за пиење

Последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово покажаа дека водата е исправна за пиење. - На повеќе мерни места резултатите од направените анализи покажаа дека  физичко-хемиските и микробиолошките својства на водата се исправни - изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија, вработен во Центарот за јавно здравје Тетово. Водата од тетовскиот градски водовод три дена беше заматена поради градежни...

Втор ден тетовската вода е заматена

Водата од тетовскиот градски водовод втор ден е неисправна за пиење. Последните направени мерења покажале заматување, поголемо од дозволените граници. Од Центарот за јавно здравје Тетово велат дека на едно мерно место заматеноста изнесува 1,6 единици, а дозволено е 1,5 единици на заматеност, па затоа не ја препорачуваат за пиење. - Се врши редовна дезинсекција на водата каде има присуство на...

Водата во Тетово е забранета за пиење

Водата од тетовскиот градски водовод е неисправна за пиење. Мерењата направени попладнево покажале голема заматеност на водата. Параметарот на заматеност изнесувал 60 единици, иако дозволената граница за заматеност е  1,6 единици. За два часа заматеноста на водата се намалила и моментално нејзиниот параметар изнесува 16 единици. Од Центарот за јавно здравје Тетово препорачуваат водата да не се користи за пиење, сè додека не...

Протест пред Општина Тетово поради нерешениот проблем со дивата депонија

Тетовци попладнево со блокирање на улицата пред општинската зграда и со истурање смет пред влезот на локалната самоуправа, го искажаа незадоволството од игнорантскиот однос на локалната самоуправа кон решавањето на проблемот со дивата депонија. Велат дека општинските власти немаат волја да ја исчистат депонијата, која секојдневно ги труе тетовци. - Последниве неколку недели, на дивата депонија која тетовското комунално претпријатие...

Фирмата „Еколог“ ќе управува со два стадиони во Тетово

Советниците на Општина Тетово на денешната седница, со мнозинство гласови ја изгласаа одлуката со новиот и со стариот градски стадион во Тетово да управува фирмата „Еколог“, сопственик на фудбалскиот клуб „Шкендија“. - Фирмата „Еколог“ во наредните две години треба да инвестира 7 милиони евра во двата стадиони. Ваквата реконструкција на стадионите многу ќе придонесе за развој на спортот во Тетово,...

Безбедни се сите 300 ученици од Тетово кои се во Истанбул

Околу 300 ученици од Тетово, кои минатата недела заминаа во извиднички камп во околината на Истанбул, се очекува да пристигнат дома во текот на денешниот ден. Учениците се испратени преку Здружението за просвета уметност и култура „Калкан“ од Тетово. Во извидничкиот камп за воениот удар дознале од медиумите. - Сите се безбедни и здрави. Во контакт и во соработка сме...

ВМРО-ДПМНЕ Тетово: Уште едно неисполнето ветување на градоначалничката Арифи

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово на прес-конференција реагираше на лошата состојба на улицата Гоце Делчев во Тетово, која поминува низ стариот дел на градот. Според нив, санацијата на улицата е едно од неисполнетите предизборни ветувања на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. - Жителите на оваа улица сè уште чекаат санација на улицата која е оштетена и полна со дупки....

Чести пожари на тетовската дива депонија

Територијалната противпожарна единица Тетово деновиве постојано интервенира во гасење пожари, кои често се појавуваат на дивата депонија што се наоѓа на влезот од градот. Пред два дена интервенирале пет пати во гасење пожар кај депонијата. - Наша работа е да интервенираме во гасењето на пожарот, но има некој несовесен кој ја пали депонијата. Не можам да сфатам каква корист има од тоа...

Почна „Тетовско културно лето“

Со повеќе музички изведби на вокалниот ансамбл „Симбиоза“, составен од ученици од различни етникуми од Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ од Скопје, синоќа пред Центарот за култура во Тетово почна „Тетовското културно лето 2016“. Од ансамблот беа изведени сплетови од песни со различни национални обележја, кои оваа традицонална манифестација ја најавија како мултикултурна и мултиетничка. - Преку обединување на различни...

Илјадници тони отпад наталожени во тетовската претоварна станица за смет

На претоварната станица за комунален смет на Јавното комунално претпријатие Тетово, деновиве се наталожени илјадници тони отпад. Здравствените експерти предупредуваат дека ваквата состојба е загрижувачка, со оглед дека отпадот се депонира на локација која се наоѓа на влезот од градот, загадувајќи ги воздухот и подземните води. - Таму се создаваат канцерогени материи од прв ред, од типот на диоксините и фураните. Исто...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...