fbpx
Таг: Суд

таг: Суд

Заев е загрижен за парламентарното мнозинство за уставни измени

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека бегството на Никола Груевски не е поврзано со гласањето во Парламентот за почеток на промените на Уставот кој произлегува од Договорот од Преспа, но истовреме, додаде дека е загрижен за парламентарното мнозинство. - За мене прв приоритет е политичкиот процес во Парламентот, зошто, заради тоа што обезбедуваме иднина во НАТО и ЕУ. Не дека...

Судот привремено го замрзна имотот на обвинетите во „Империја“

Специјалното јавно обвинителство побарало привремено одземање на имотот заради обезбедување, а судот определил привремени мерки и забрани за отуѓување и располагање со уделите на фирмите за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката за случајот „Империја“. „Воедно судија на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за...

Јанушев: Партиското СЈО и клиентелистичкиот суд незаконски го замрзнуваат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Заев одлучи да го направи и последниот чекор и да го впрегне неговиот последен адут, партиското специјално јавно обвинителство и клиентелистички расположениот суд и да го замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвини на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, откако денеска по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Основен суд Скопје 1 донесе решение со кое е изречена привремена...

Во Македонија „врие“ од говор на омраза, но случаите ретко имаат судска завршница

Од стапувањето на сила на новите законски измени на Кривичниот законик за говор на омраза во февруари 2014 година, Кривичниот суд Скопје има осудено само две лица со парична глоба поради говор на омраза. Бројот на казни е многу мал, споредено со пријавите на дигиталната платформа „Пријави и спротивстави се на говорот на омраза" каде за истиот период се евидентирани...

Пo Сашо Василевски и пратеникот Љубен Aрнаудов излегува од куќен притвор

Апелацискиот суд Скопје го прифати барањето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Aрнаудов, со гаранција да се брани од слобода, однoсно да му се укиине мерката притвор. Тој е еден од пратениците кои обвинителството ги товари за упадот и насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Утрово Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 ја прифати гаранцијата од 400.000 евра...

Ивона Талевска ги вратила парите за затаен данок, судот ѝ го вратил пасошот

Новинарката на „Сител“ , Ивона Талевска, на државна сметка ја уплатила целата сума од пресудата која ѝ ја изрече судот во предметот за даночно затајување „Тифани“, потврдиле од кривичниот суд за „Макфакс“. Талевска, според пресудата, како физичко лице вратила над 27 илјади евра за затаен данок од 6 години, уплатила 76 илјади денари за вештачењето на СЈО, 1.000 евра како...

Одбиено барањето за изземање на Јанева, седницата во Апелација продолжи

Барањето на адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е одбиено како недозволено, по што не постојат пречки за продолжување на седницата за жалбата на првостепената пресуда за Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“. На седницата не присуствуваат Груевски, како и неговите бранители Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Данчо Анаков...

Денеска рочишта за „Траекторија“, „Труст“ и „Тарифа“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, „Труст и „Тарифа“. Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија...

Четворица добија четири месеци затвор за пресметката кај седиштето на ДУИ

Сабит Реџепи, Ридван Дервиши, Халил Камбери и албанскиот државјанин Љуљзим Битра денеска беа осудени на четири месеци затвор како виновни за учество во тепачката на 5 април годинава кога во вооружен судир на две групи кумановци, членови на ДУИ во Мала Речица едно лице загина а повеќе беа потешко или полесно повредени. Според денешната пресуда на осудените казната им се...

Судот го прифати обвинението за настаните во Собранието од 27 април

Кривичниот суд соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април минатата година. „Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт со КОК ООА 10/18 повезан со настаните од 27 април 2017 год....

„ТЕ-ТО“: Сите активности на компанијата се одвиваат согласно законите

Компанијата „ТЕ-ТО“ АД Скопје ја поздравува одлуката на надлежниот Суд за одобрување на планот за реорганизација со цел финасиска консолидација на компанијата и овозможување истата да продолжи редовно да работи што е во интерес на државата, вработените, акционерите и корисниците на нејзините услуги, се вели во реакцијата на компанијата на обвинувањата од страна на директорот на „Топлификација“ АД, Димитар Хаџи-Мишев, дека...

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на една година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признале вина, информираат од кривичниот суд. На судско рочиште вина признале обвинетите Васко Цунгаревски и Димитар Попоски за кривичното дело насилство. Цунгаровски, кој е син на екссудијката од Основниот суд Скопје 2, Зорица Цунгаровска, учествувал во насилството во Собранието и според обвинението на Основното јавно обвинителство од Скопје, тој му...

Обвинетиот за обидот за убиство на Села – Тошта му се слоши во судница

Обвинетиот Александар Јаневски Тошта се струполи на подот од судницата во Основниот суд Скопје 1 на рочиштето за случајот за обидот за убиство на Зијадин Села. Откако обвинителот го повлече обвинението за еден обвинет, а за двајца направи преквалификација на делото од убиство во насилство, го прочита изменетото обвинението во кое останатите седум обвинети се товарат за обид за убиство,...

Демонстрантите ги спуштаа панталоните и ги покажуваа гениталиите, сведочи советничка за „Шамарите“

На денешното рочиште за судењето за предметот на СЈО, „Шамарите“ во Општина Центар, сведочи Цветанка Симоновска, поранешна советничка на коалицијата предводена од СДСМ во Општина Центар. Таа се присетуваше на 7 и 10 јуни, деновите кога имаше немири во и пред општина Центар. - Координацијата доаѓаше од внатре. На секое отворање уста на Шиповиќ, Даниела Рангелова и Томислав Лазаревски ги земаа...

Груевски на „Фејсбук“: Главата горе, доаѓаат подобри времиња

Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по денешната пресуда од две години казна затвор која му ја изрече Кривичниот суд за случајот „Тенк“ на „Фејсбук“ напиша „доаѓаат подобри времиња“. „Главата горе горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија. Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во...

Николоски за пресудата за Груевски: Судот го спроведе тоа што Заев го напиша

Денеска видовме во живо како функционира политички суд и како се изрекуваат политички пресуди. Го видовме на дело непринципиелниот брак помеѓу власта на Заев и судот. Бенефиците од овој брак сега се во корист на Заев, но многу брзо ќе се свртат на негова штета. Тоа оди правопропорционално со добивањето и губењето власт. Така функционира нереформираното и клиентелистичко судство,...

Десетина лица на протест пред Кривичен суд ја чекаат пресудата за Груевски во „Тенк“

Околу триесетина лица се собрани на протест пред Кривичниот суд во Скопје исчекувајќи ја судската пресуда за поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Помеѓу присутните се и поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски и поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски. Полицијата уште синоќа го огради судот со метална ограда и...

Зоран Заев доби ослободителна пресуда во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев за кривичното дело примање поткуп. Судијата Дарко Тодоровски од Основниот суд Скопје го ослободи Заев од обвинение. Во читањето на пресудата судијата Тодоровски наведе дека обвинителството не успеало да докаже дека Заев додека бил градоначалник на Струмица сторил кривично дело примање поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев. Делото...

Пресуда на Стразбур против Македонија за неправедно протерана бегалка

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда за случајот „Љатифи против Република Македонија“, со која се утврдува повреда на членот 1 од протоколот 7 на европската конвенција за човековите права, кој се однесува на процедуралните гаранции во случај на протерување на странци. Како што образложува судот во Стразбур, жалителката Ѓилизаре Љатифи, родена во 1991 година, на осумгодишна возраст, заедно со...

Адвокатот Миланов казнет со 1.000 евра зошто не се појави на судењето за „Титаник 3“

Судијката Оља Ристова го казни адвокатот Еленко Миланов со 1.000 евра бидејќи не се појави на судењето за случајот на СЈО „Титаник 3“ во Основен суд Скопје 1. Освен 1.000 евра, Миланов треба да ги надомести трошоците за денешното закажано рочиште. Специјалното обвинителство изрази сомнеж за оправданоста на причините за денешното одлагање. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека добила информација дека...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...