fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Нe ни се доволни 18 месеци, Собранието треба да го продолжи рокот, вели Ленче Ристоска

Предвидените 18 месеци за завршување на истражните постапки и за покренување на обвиненија за случаите кои произлегуваат од незаконското прислушување нема да бидат доволни и Специјалното јавно обвинителство очекува Собранието да го продолжи тој рок, оценува обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска во интервју за австрискиот весник „Курир“. Таа вели дека работат под огромен притисок, а истовремено се соочуваат со блокади...

Панорамското тркало ќе врти додека владата не каже доста е!

Работата на панорамското тркало продолжи и денеска, иако вчера Собранието донесе заклучоци средствата од државниот буџет наменети за изградба на репрезентативни објекти, доколку е потребно, да бидат пренаменети за справување со последиците од поплавите што го погодија Скопје и околината. Екипата на „Мета“ денеска забележа работници на местото каде се гради тркалото, но и тие не знаеја да ни одговорат дали...

Собранието донесе заклучоци за настраданите во поплавите

Собранието вечерва усвои заклучоци за тоа што треба да се преземе за санирање на последиците од невремето од 6 август и поплавите што следеа во скопскиот и тетовскиот регион, во кои загинаа 22 лица, десетици се повредени, а причинета е огромна материјална штета. Со усвоените заклучоци, меѓу другото, Собранието се заложува државните и сите надлежни институции да продолжат да излегуваат во...

Опозицијата бара сопирање на градбите на кејот на Вардар, власта не се согласува

На денешната собраниска седница на која се расправа за поплавите во скопскиот регион, опозицијата бара да запре изградбата на Панорамското тркало и парите да се пренасочат кон поплавените подрачја. Опозицијата побара да се одложат сите владини непродуктивни трошоци и да се спречат сите градби во коритото на реката Вардар, вклучително и Панорамското тркало кое веќе почна да се гради и тие...

Пратениците со едноминутно молчење за загинатите во поплавата ја почнаа собраниската седница

Пратениците во Собранието на Република Македонија со едноминутно молчење за загинатите во поплавите, ја почнаа денешната седница. Благоја Стојановски од СДСМ, рече дека жртвите не можат да се вратат, но може да им се помогне на оние кои трпат невидени штети. - Денеска состојбата е тешка. Треба реконструкција на домовите која ќе трае со месеци. Сакаме итно, наредната недела да им...

Осум дена по поплавите, пратениците ќе дискутираат за состојбата

Собранието на Република Македонија, денеска во 12 часот ќе ја одржи 115.седница, на која пратениците ќе дискутираат за состојбата во поплавените подрачја во Скопско. Одржување на оваа итна и неодложна собраниска седница е на барање на пратеничката група на СДСМ и опозицијата. СДСМ предлага и конкретни заклучоци со мерки коишто треба веднаш да бидат преземени за да им се помогне на граѓаните. Собранието,...

Собранието на Србија ја изгласа новата влада на Вучиќ

Пратениците во српското Собрание денеска со мнозинство гласови ја избраа новата влада на премиерот Александар Вучиќ, јавуваат медиумите. Како што соопшти претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, на седницата за избор на новата влада вкупно гласале 225 пратеници, од кои 163 гласале „за“, „против“ биле 62, а воздржани немало. Претставниците на опозициските партии не го поддржале изборот на новата влада, наведувајќи дека...

Димовски: Нецивилизациски е во овој момент да се заборува за одговорност за поплавите

Илија Димовски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција во Собранието рече дека владејачката партија се приклучува на идејата за одржување на седница на Собранието за да се разгледаат можностите како дополнително да се помогне на граѓаните погодени од поплавите. Одговарајќи на новинарско прашање дали некој треба да преземе политичка одговорност за последиците од поплавите, Димовски, рече...

В недела, 14 август, вонредна седница на Собранието за штетите од поплавите

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски за в недела, 14 август, закажа посебна собраниска седница која ќе биде посветена на состојбите во поплавените подрачја, информираат од кабинетот на Вељаноски. Ова значи дека пратениците ја прекинуваат летната ферија. Според редовниот распоред, првата седница требаше да се одржи 10 дена подоцна - на 24 август. „Претседателот на Собранието на Република Македонија,  Трајко Вељаноски во договор...

СДСМ бара седница на Собранието и предложи мерки за помош на настраданите во поплавите

Пратеничката група на СДСМ и опозицијата денеска го повикаа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да свика итна и неодложна седница на која ќе се расправа за состојбата во подрачјата погодени во поплавите. Пратеникот Петре Шилегов, рече дека неговата пратеничка група предлага конкретни мерки и заклучоци, со кои ќе им се помогне на граѓаните од поплавените подрачја. Дел од мерките се Владата...

Нема иницијатива за вонредна седница на Собранието за поплавите

Засега нема официјална иницијатива за одржување на вонредна седница на Собранието, кое е на колективен одмор, а прва закажана седница е дури на 24 овој месец. Никој од службата за односи со јавност не е достапен на телефон. Од пратеничката група на СДСМ велат дека досега немаат добиено никаква покана за седница, ниту, пак, има најава дека такво нешто ќе се случи. Дали...

СИРИЗА и Независни Грци со различни ставови за изградба на џамија во Атина

Коалициските партнери во грчката влада, СИРИЗА и Независни Грци, се судрија околу прашањето за градење џамија во Атина. Десничарите Независни Грци остро најавија дека ќе гласаат против одредбата за градење џамија, за која денеска ќе се гласа во грчкото собрание. Одлуката да се изгради џамија во Атина ја поддржуваат СИРИЗА, Нова демократија, ПАСОК, Река и Комунистичката партија, така што сигурно е...

Дескоска: Законите за нотари и за извршители нема да донесат подобрување за граѓаните

Вчера во ноќните часови, сакајќи да го сокрие срамот од своето ретерирање, владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ изгласа измени на законите за нотари и за извршители кое нема да донесе никакво подобрување за граѓаните, вели Рената Тренеска-Дескоска, пратеничка од СДСМ. - Со вчерашното гласање се потврди она што СДСМ и коалицијата го зборуваше пред три и пол месеци, кога...

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година

Со 55 гласа „за“ и со 23 „против“, Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година. За ребалансот не гласаа пратениците од опозицијата, кои истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена. Ребалансот на буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291...

Пратениците денеска ќе гласаат за ребалансот на буџетот за годинава

Собранието денеска на продолжението на 111. седница треба да гласа за ребалансот на буџетот за 2016 година. Општата расправа по предлогот заврши во средата доцна вечерта. Претставниците на опозицијата се изјаснија против предложениот ребаланс на буџетот и побараа да се повлече од дневниот ред бидејќи во него е и еврообврзницата, која, како што рекоа, е незаконски издадена. Со ребалансот на буџетот...

Собранието ги изгласа договорените закони

Собранието на Република Македонија вечерва, на 113. седница, по скратена постапка ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада. Претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино ги договорија законските измени и дополнувања во насока да се подготват...

Законите договорени помеѓу партиите, ја поминаа првата фаза во Собранието

Собранието на Република Македонија во рамки на 113. седница ја констатира потребата за носење на измените и на дополнувањата на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапка. Измените и дополнувањата на овие закони беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници...

Пратениците денеска ќе ги гласаат законите договорени меѓу четирите партии

Спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска во 14.30 часот закажа седница на која треба да се изгласаат законите што претставниците на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино ги договорија пред една недела. На дневен ред се предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за внатрешни работи, предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за аудио и...

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на буџетот

Собранието денеска ја продолжува 111. седница, на која на дневен ред е продолжението на расправата по дополнетиот предлог за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2016 година. Освен ребалансот на буџетот, пратениците ќе ги разгледуваат и предлог-одлуките за објавување јавен оглас за именување претседател, заменик-претседател и заменик-член на Комисијата за решавање жалби во областа на енергетиката,...

Законите усогласени, на ред е Собранието да ги изгласа

По речиси пет часа преговори, партиите ги усогласија измените на законите за влада, за внатрешни работи, за медиумите и на Изборниот законик што беа договорени на 20 јули годинава. Работните групи ги усогласија и деталите околу ад хок телото што во предизборниот период ќе го следи известувањето на медиумите. Како што изјавија претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, Никола Тодоров и Радмила...

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...