fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

За нов директор на ОТА предложена правничката Марија Јаническа

Собраниската Комисија за избори и именувања денеска едногласно, без расправа, ја предложи Марија Јаническа за директорка на институцијата што треба да оневозможи незаконско прислушување – Оперативно-техничка aгенција (ОТА). Сега предлогот треба да се гласа на пленарна седница, со двотретинско мнозинство, преку Бадинтеров клуч Таа е дипломиран правник на возраст од 45 години, со работно искуство во ОТА и во телекомуникацискиот...

Џафери: До Нова година партиите да го договорат датумот за избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова година да го договорат датумот за избори. По овој рок, Џафери рече дека ќе мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите. Тој денеска пред новинарите во селото Форино, кажа дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето кое...

Законот за амнестија на Лога не помина во Собрание, СДСМ гласаше против

Предложениот закон за амнестија на Министерството за правда на денешната седница не ја доби поддршката од пратениците. Министерот за правда Кренар Лога, сепак, не се откажува од носењето на ваков закон, со кој осудените до 6 месеци затвор целосно ќе бидат ослободени од издржување на казната, а на останатите осудени за полесни кривични дела ќе им се скрати казната...

Собранието ги изгласа законските измени: Ќе поевтинат производите за менструална хигиена

По 10 месеци Собранието конечно ги изгласа измените на Законот за данокот на додадена вредност кој предвидува намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со производи за менструална хигиена, со што ќе се намали продажната цена. Овие даночни измени лани, на 1 декември ги најави Димитар Ковачевски, а Владата на предлог на Министерството за финансии, во јули оваа...

Михаел Рот: Треба да се изгласаат уставните измени

Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг, на денешната средба со својот македонски колега Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание, порачал дека во моментов потребно е да се изгласаат уставните измени, согласно препораките во Преговарачката рамка. Истовремено, тој вели дека земјата мора да се посвети на европските реформи во сите области,...

Адеми: Регионалната соработка не може да ја замени интеграцијата во ЕУ

Иако инклузивната регионална соработка е важна на нашиот пат кон членство во ЕУ и е во насока на градење на меѓусебни односи, базирани на толку посакуваните европски вредности, таа не може да го замени нашето зачленување во европското семејство, порача претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“. На...

Уставните измени го минаа првиот чекор, ги чека сериозна сопка на 18 август

Уставните измени влегоа во собраниска процедура, но ставовите на власта и опозицијата не се променија, по што под сериозен знак прашалник се става имањето, односно немањето двотретинско мнозинство на пленарната седница на 18 август. Денешниот процес почна со расправа во Комисијата за уставни прашања на која прв настапи премиерот Димитар Ковачевски, кој повика на разум од сите пратеници. „Да не мислиме...

Не се укинати патните трошоци на пратениците

На една година до крајот на мандатот на актуелниот пратенички состав, ветувањето на владејачката СДСМ дека ќе се укинат патните трошоци на пратениците и дека тие ќе бидат заменети со станови за секој пратеник, е неисполнето, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Во изборната програма „Можеме“ (стр 11), со која СДСМ  излезе на предвремените избори во...

Изгласани новите законски измени: каматите нема да можат да бидат повисоки од долгот

Пратениците од параламентарното мнозинство денеска ги усвоија законските измени со кои каматата нема да може да биде поголема од долгот. Станува збор за измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување со кои дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. На овој начин драстично се намалуват вкупните трошоци за брзи...

Владата ги усвои уставните амандмани и повика на совесност од сите пратеници

Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот и одлучи документот да биде доставен до Собранието. „Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата како и претставници на политички партии, и тоа...

Законот за данок на солидарност доби поддршка да се носи по скратена постапка

Со 62 гласа „за“, еден воздржан и ниту еден против, Собранието денеска го поддржа донесувањето на Законот за данок на солидарност по скратена постапка. „Со оглед на тоа дека не се работи за обемен и сложен закон, се предлага да се донесе по скратена постапка. Целта на законот е секој да учествува во намирување на јавните расходи согласно своите економски...

Реактор: Собранието што побрзо да го усвои Законот за измена и дополнување на Законот за ДДВ

Независната истражувачка организација Реактор - истражување во акција, чии главни области на работа се родова еднаквост, млади и урбан развој, изрази задоволство за усвоените законски измени на вчерашната владна седница со кои ДДВ-то за менструални производи во иднина треба да се намали на 5 проценти и го повика Собранието што побрзо да го усвои Законот. „Ја поздравуваме одлуката на Владата...

Собранието ги усвои законските измени – се решава статусот на лицата без државјанство

Собранието попладнево ги усвои измените на Законот за матична евиденција, измени кои треба да овозможат решавање на сите познати случаи на бездржавјанство, но и секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители се без документи или без државјанство. УНХЦР, Агенцијата за бегалци на ОН, го поздрави денешното усвојување на законските измени, оценувајќи го...

Институт за демократија: Собранието го достигна дното на недоверба кај граѓаните во последниве четири години

На скалата од 1 (најлошо), до 5 (најдобро), во 2023 година граѓаните ја оценија работата на Собранието со средна оценка 2,2 која бележи пад на скалата споредено со изминатите четири години. Ова го покажува истражувањето на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ППП). Институтот во периодот февруари – април 2023 година спроведе...

Собранието ги изгласа измените на законите за реализација на коридорите 8 и 10д

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-та седница по скратена постапка ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со...

Жените – земјоделки на чекор до платено породилно отсуство

Собранието денеска ја изгласа потребата од донесување на Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува платено породилно отсуство за земјоделки, информираа од Мрежата за заштита од дискриминација. „Сите присутни пратеници гласаа ЗА, со што сметаме дека Предлогот на законот успешно ќе ја помине законодавната постапка и земјоделките конечно ќе добијат системско...

Субвенционираниот оброк отсега изнесува 140 денари дневно, Собранието го донесе законот

Собраниските пратеници попладнево ги изгласаа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што овозможија да продолжи исплатата на средства за студентите по оваа основа, која престана во март. Според измените, субвенцијата за оброк од април изнесува по 140 денари дневно, наместо досегашните 120 денари. Студентите до крајот на оваа академска година средствата ќе ги добиваат на месечно ниво на...

Без гласови „против“, бугарскиот парламент го избра Росен Жељазков за спикер

Со гласовите на 136 пратеници од 49-тиот состав на бугарското Собрание, денеска за претседател на законодавниот дом беше избран Росен Жељазков од ГЕРБ-СДС, поранешен бугарски министер за транспорт, информациски технологии и комуникации, јави Бугарското национално радио (БНР). Поточно, за него гласаа 136 пратеници, 94 беа воздржани, а немаше ниту еден против. Според претходно постигнатиот договор на двете коалиции ГЕРБ-СДС и Продолжуваме...

Контраспин: Ковачевски и Владата спинуваат околу дел од Договорот со „Бехтел и Енка“

Изјавите на премиерот Димитар Ковачевски во последните два дена околу деталите од договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д се проблематични од аспект на вистинитоста и во дел од нив може да се детектира спин. За да може уверливо и без никаква дилема да се потврди дали опозицијата лаже и шири хистерија, сè што...

Законот за субвенциониран студентски оброк ќе се носи по скратена постапка – што предвидуваат измените?

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк да се донесе по скратена постапка, одлучија пратениците на денешната собраниска седница. Пратеничката Моника Зајкова, која е една од предлагачите на законот, појасни дека со предлогот се предвидува дневниот износ на оваа субвенција да се зголеми почнувајќи од април. Од септември пак, треба да почне да се применува системското...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...