fbpx
Таг: седница

таг: седница

Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, хронично болните се враќаат на работа

На третата седница Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство кои се однесуваа на вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и редовно извршување на работните задачи. „Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е...

Втор ден собраниска расправа, најдоцна до полноќ ќе добиеме нова влада

Десетина минути по 12 часот, денеска продолжи собраниската расправа на која се расправа за избор на новата македонска влада. Денешната расправа започна со излагањето на пратеникот од владејачката коалиција „Можеме“, Павле Трајанов. Покрај излагањето на пратениците, во моментов бројни се и меѓусебните реплики на пратеници, како од двете водечки коалиции од македонскиот блок, така и помеѓу албанските пратеници. Пратеникот Павле...

Собраниската седница на која треба да се избере новата Влада ќе продолжи в недела во 12 часот

Собраниската седница на која се расправаше за избор на новата Влада, заврши вечерва и ќе продолжи в недела во 12 часот. Мандатарот Зоран Заев изјави дека „ќе имаме мала, ефикасна влада од одговорни и отчетни кадри, целосно посветени на трансформација на подобро.“ Тој во неговото експозе се осврна на македонската економија при што вети забрзан економски раст. „По завршувањето на кризата, Владата...

Почна собраниската седница на која треба да се избере новата Влада

По речиси еден час задоцнување, во Собранието почна седницата на која треба да се избере новата Влада. Од СДСМ веруваат дека преку квалитетна дебата, предлозите за новиот владин состав ќе го добијат потребното мнозинство. „Новиот владин состав одговорно, отчетно и посветено ќе работи и гарантира континуитет во спроведувањето на нашите заеднички стратешки приоритети: членство во НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски...

Со еден вод и штабен персонал ќе учествуваме во мисијата на НАТО во Косово

Владата на 78. седница ја разгледа и усвои Информацијата за учество на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР, информираат од владината прес-служба. „Владата го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и...

Спортските натпревари ќе се одржуваат без публика, Владата со нови протоколи против ковид-19

На денешната 73-та седница Владата одлучи да престане важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови и ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари, без публика, како и на другите препораки за запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите лица вклучени...

Владата усвои протокол за превентивни мерки за сите работни места за спречување на ширење на корона вирусот

Владата на 60. седница го усвои Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на корона вирусот што важат за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите. „Протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на личната хигиена и заштитна опрема, препораки за респираторната хигиена...

Советот за безбедност утре ќе расправа за продолжување на вонредната состојба

Советот за безбедност утре повторно ќе одржи седница кај Претседателот во „Вилата Водно“. Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Очекувањата се на утрешната седница да се расправа за барањето на владата за ново продолжување на вонредната состојба во земјава. – Дел од мерките кои ги...

НБРМ: Финансискиот систем е подготвен да се справи со корона кризата

Финансискиот систем е подготвен да се справи со корона-кризата,  а прудентната регулатива на финансиските регулатори, во голем дел е усогласена со европските регулативи и тоа придонесе системот да е во кондиција со којашто може да се справи со шокот предизвикан од пандемијата на Ковид-19. Ова се дел од констатациите на вчерашната седница на Комитетот за финансиска стабилност, со која...

Владата ќе му предложи на Пендаровски да прогласи уште 30 дена вонредна состојба

Владата на 41. седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребно е вонредната состојба да се продолжи за уште еден месец. Претседателот Стево Пендаровски при вчерашната посета на касарната во Тетово информираше дека е голема веројатноста да се...

Владата ги одобри кредитите кои компаниите ги побараа од Развојна банка

Владата на денешната седница ја задолжи Развојна банка да склучи договори за кредит со компаниите кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити. „Според информацијата на Развојна банка, од обработените барања условите ги исполниле 136 компании со 1.737 вработени, и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра. Од овие 136 компании-апликанти, 96 проценти...

Поради короната утре седница на Советот на Скопје под ведро небо

Советот на Град Скопје утре ќе одржи една редовна и една вонредна седница на паркингот пред бараките на Град Скопје наместо вообичената локација - салата за седници на Град Скопје. Според материјалот кој беше испратен од службата за информирање на Градот, градските советници ќе се состанат на отворено, со почеток во 10 часот. На дневен ред на седницата на отворено,...

Владата донесе уредба, извршителите да не вршат присилни наплати до 30 јуни

Владата на 27. седница донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување, извршување до 30 јуни 2020 година. „Според оваа Уредба се утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка,...

Наставата и оценувањето ќе се вршат електронски, одлучи Владата

Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за основното образование и на Законот за средно образование за реализација и организација на наставата во основните и средните училишта и за оценувањето на учениците за времетраење на вонредната состојба. „Според одредбите од оваа уредба, со законска сила наставата во основните и средните училишта се организира преку учење од дома,...

Законот за јавно обвинителство ќе биде ставен на седница, откако партиите ќе се усогласат

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска најави дека доколку до Парламентот биде доставен усогласен Предлог-закон за јавно обвинителство и по содржина и со договорено мнозинство, тој веднаш ќе биде ставен на собраниска седница. Тој потсети дека постои таква деловничка можност, потсетувајќи дека ваков закон веќе има на дневен ред на 108. седница и оти за тој предлог има усогласено триесетина амандмани. -...

Владата одобри 97,5 илјади евра за настраданите од пожарите во Австралија

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување на средства од резервите на буџетот за 2020 година, во висина од 6.000.000 денари (97,5 илјади евра) денари за доделување на помош за настраданите од пожарите кои ја зафатија Австралија. Билансот од австралиската огнена тргедија досега се 23 мртви лица, изгорени шест милиони хектари шума, изгорени 1.500 домови, 500 милиони диви животни...

Kонтраспин: Маркетиншко бранење на името од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за сметка на тетовчани

Изјавата за причините за напуштање на седница на Општина Тетово, од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ која се расправало за буџетот за 2020 година, ја сметаме за извртена вистина, т.е. спин, пишува „Вистиномер.мк“. Спин: Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска побаравме од претседавачот на Советот да ја изземе точката за промена на Статутот, со која беше предвидено да се промени името...

Владата вети пари за еколошко греење во неколку објекти во Куманово

На 171. седница што вчера се одржа во Куманово, владата вети средства за замена на постоечките системи за затоплување во една градинка, едно училиште и во Центарот за култура во Куманово, а истовремено и за пристапен пат за претоварната станица за ѓубре во Ранковце. Како што сопштија од владиниот сектор за информирање, на третата од вкупно 10 планирани седници што...

Владата го укина Законот за зелените пазари и им ги врати спортските сали на општините

На 169. седница Владата го усвои предлог - законот за престанување на важноста на Законот за трговија на зелени пазари. „Потребата за донесување на овој закон со кој престанува да важи Законот за трговија на зелените пазари е предизвикана од неисполнувањето на очекувањата утврдени во одредбите на Законот за трговија на зелените пазари кои предизвикаа социјални, даночни и фискални последици...

Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за вработените во дел од државните институции  

Владата на 167. седница донесе одлука 14 декември, сабота, да биде работен ден за вработените во државните институции. Согласно одлуката, на 14 декември ќе се одработува за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции. „Овој заклучок не се однесува за вработените во здравствените и образовните институции. Заклучокот се препорачува да го спроведат...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...