fbpx
Таг: седница

таг: седница

Денеска прва седница на Владата по оставките на Јанкулоска, Јанакиески и на Мијалков

Денеска ќе се одржи седница на Владата, прва по седницата пред десет дена (12 мај, вторник), кога беа верификувани оставките на министрите за внатрешни работи и за транспрот и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Информацијата за „Мета“ ја потврди портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Според наши информации, на денешната...

Седница на Парламентарниот комитет на ПД на ЦЕИ

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Парламентарниот комитет на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) на тема „Релевантноста на макрорегионалните стратегии на ЕУ како можност за прекугранична соработка меѓу земјите-членки на ЦЕИ: Улогата на парламентите“. Воведни обраќања на седницата ќе имаат Александар Николоски, шеф на македонската делегација во ПД на ЦЕИ, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, вицепремиерот за...

Денеска две собраниски седници

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за земјоделство, шумарство и водостопанство. На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, на Законот за трговија и на Законот за заштита на...

Туристите откажуваат резервации, АППТ ќе одржи вонредна седница

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија (АППТ) ќе свика вонредна седница на Советот, поради промената во состојбите кои влијаат на туризмот и откажување на резервациите во текот на последните неколку дена од повеќе странски партнери. Според Џамбазовски, Советот на АППТ се свикува за да се преземат мерки и активности за надминување на актуелната ситуација. - Очекуваме заедно со туристичкото...

Собраниска седница на Комисијата за политички систем

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Единствена точка на дневниот ред е годишниот извештај за работата на Агенцијата за администрација за 2014 година.

Почна седницата на Советот за безбедност

Седницата на Советот за безбедност почна со минута молчење во чест на полицајците што загинаа во Куманово. На средбата, покрај претседателот Ѓорге Иванов, присутни се и премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, министерот за одбрана, Зоран Јолевски, министерот за надворешни работи, Никола Поповски, и членовите на Советот, Флора Кадриу, Насер Сејдини и Вели...

Пратенички прашања на седница на Собрание

Денеска во Собранието на Република Македонија ќе се одржи 46. седница. Како секој последен четврток од месецот, и денеска на собраниската седница ќе бидат поставувани пратенички прашања.

Денеска ќе се одржат три собраниски седници

Kомисиите за финансирање и буџет, за европски и за економски прашања ќе одржат седнци денеска во Собранието на Република Македонија. Предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за безбедност на храна е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за европски прашања. Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат за предлог-закон за изменување на Законот за технолошки индустриски развојни...

Повеќе закони на собраниската седница

Собранието денеска треба да одржи продолжение на 43. седница, со расправа за предложените измени и дополнувања на законите за Управата за јавни приходи, за Царинската управа, за надворешни работи, за судска служба и за извршување на санкциите, сите по скратена постапка. На дневен ред се и предлог-законите за изменување на законите за јавни претпријатија, за култура, за здравствена заштита, за...

Новиот состав на Антикорупциска утре пред пратениците

Пратениците на утрешната 43. собраниска седница ќе одлучуваат по предлог-одлуката за именување на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата кои беа предложени од Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата. За членови на Државната комисија за спречување на корупцијата предложени се Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, дипломиран економист од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје,...

Нова собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 44. седница. На дневен ред се предлог-законот за изменување на Законот за издавање вредносни бонови-ваучери по скратена постапка, поднесен од пратениците Крсте Мукоски и Владанка Авировиќ, и предлог-законот за дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, исто така по скратена постапка.

Две комисиски седници во Собранието

Во Собранието на Република Македонија, денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е предлог-законот за изменување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, по скратена постапка во второ читање. По предлог-законот за изменување на Законот за користење и располагање со стварите на државните...

Собраниска седница за пратенички прашања

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 42. седница, на која пратениците ќе поставуваат прашања до членовите на Владата. Вообичаено, седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот.

Мустафа: Во април ќе се одржи заедничка седница на косовската и на македонската влада

Косовскиот премиер Иса Мустафа, на денешната седница на владата во Приштина, соопштил дека следниот месец ќе се одржи заедничка седница на косовската и на македонската влада. Мустафа најави дека средбата ќе се искористи за да покренат одредени иницијативи од двете страни, како и за да се постигнат договори за олеснување на економската соработка меѓу двете земји, но и за други...

Таблет-компјутерите за студентите на собраниска седница

На дневниот ред на денешната 40. собраниска седница е предлог-законот за издавање вредносни бонови, по скратена постапка. Со законот се предлага издавање вредносни бонови за таблет-компјутери со надворешна тастатура за редовните студенти од семејства во кои месечните бруто-приходи не го надминуваат износот од 32.741 денар и кои првпат се запишани во трета и во четврта година на студии на високообразовните установи,...

Трајанов бара Собранието да расправа за политичката состојба во државата

Претседателот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието, Павле Трајанов, доставил барање до претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, да свика пленарна седница на која ќе се расправа за актуелната политичка состојба во државата, по акцијата „Пуч“ и о снимките од прислушувани разговори што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев. „Преку јавната презентација на аудиоснимките, на некои од министрите...

Собранието ќе ја одржи 37. седница

Собранието денеска ќе ја одржи 37. седница, на чиј дневен ред, меѓу другите точки, се предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за царинската тарифа, предлог-законот за дополнување на Законот за иновациската дејност и предлог-законот за изменување на Законот за шумите, сите во прво читање. Пратениците ќе расправаат и по барање за давање на автентично толкување на член 9,...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Безрезервна поддршка на Груевски

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа редовна седница на која било одлучено да му дадат „целосна и безрезервна поддршка на претседателот на партијата, Никола Груевски, Извршниот комитет на партијата и на Владата на Република Македонија во справување со предизвиците наметнати од неодговорното однесување на СДСМ“, информираат од владејачката партија. „Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осудува недозволивото, срамно и деструктивно однесување...

Маратонска седница на СИРИЗА за договорот со Еврогрупата

Затегната атмосфера, несогласувања и нејаснотии доминираа на маратонската седница на парламентарната група на СИРИЗА околу договорот со европските кредитори. По долги 12 часа дискусија, пратеничката група се согласи да го одобри договорот, иако дел од членството и функционерите не се целосно задоволни и на иста линија со договорот на Алексис Ципрас и на министерот за финансии, Јанис Варуфакис, со...

Судиите се загрижени оти јавно мора да се бранат од притисоци

Управниот одбор на Здружението на судии на Македонија попладнево одржa седница на која се расправаше за објавените снимки од СДСМ. На новинарските екипи, кои во 13.30 часот (за кога беше закажан почетокот на седницата) беа собрани пред влезот на Здружението на судии, во зградата на Апелацискиот суд Скопје, им беше речено дека членовите на здружението нема да даваат изјави пред ниту...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...