fbpx
Таг: Русија

таг: Русија

Руски хакер ја пробил безбедноста на „Јутјуб“

Руски компјутерски експерт покажа начин за бришење на која било снимка од интернет-сервисот „Јутјуб“. Демонстрацијата на Камил Хисматулин објавена на интернет, прикажува како во рок од 30 секунди се брише која било снимка откако ќе се ископира дел од нејзината интернет-адреса. Хисматулин не ја злоупотребил хакерската интервенција, туку ја пријавил во „Гугл“, сопственикот на „Јутјуб“. Компјутерскиот експерт на шега рекол дека бил во...

Во Украина убиени четворица војници

Четворица украински војници се убиени денеска на истокот на Украина, каде секојдневно се прекршува примирјето што стапи на сила во средината на февруари, соопшти полицијата во регионот Луганск. „Бунтовниците испукале противтенковски проектили во моментот кога преку еден мост поминувало возило со војници во Чачастиј, место кое е под контрола на украинската влада и кое се наоѓа на околу 15 километри од сепаратистичкото...

Ако утре има избори, за Путин би гласале 75 отсто од Русите

Доколку в недела се одржат избори за шеф на државата, три четвртини од Русите, односно 75 отсто, би гласале за претседателот Владимир Путин, покажуваат резултатите од најновата анкета на Фондот за истражување на јавното мислење (ФОМ). На тој начин, изборниот рејтинг на Путин достигна ново рекордно ниво, откако пред шест месеци 71 отсто од Русите беа подготвени да му го...

Ставрески: Русија е еден од најважните економски и политички партнери

Русија останува еден од најзначајните политички и економски партнери на Македонија, но сè уште има простор за унапредување на стопанската соработка. Извозот континуирано се зголемува, но не со посакуваното темпо, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј на Македонско-руската стопанска комора. Во насока на интензивирање на економските односи, нагласи Ставрески, покрената е иницијатива...

Руски авион принудно слета откако му откажа моторот

Патнички авион „боинг 737“ на руската компанија „ЈУТ ер“ со 78 патници, денеска принудно слета во Санкт Петербург, јавуваат руските медиуми. Авионот се приземјил на аеродромот „Пулков“, откако побарал дозвола за принудно слетување. Руските медиуми јавуваат дека еден од моторите на авионот откажал, но засега информацијата не е официјално потврдена, а не се откриваат никакви други детали.

Путин: Мала е веројатноста за војна меѓу Русија и Украина

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека нема потреба од нов состанок со Франција, Германија и со Украина во врска со резолуцијата за судирите во источниот дел на Украина. На новинарско прашање дали е можна војна меѓу Русија и Украина, Питин одговори дека тоа е малку веројатно. - Мислам дека не е веројатно такво апокалиптично сценарио и се надевам дека нема никогаш...

Рускиот амбасадор ѝ се закани на Данска со нуклеарен напад

Рускиот амбасадор во Данска, Михаил Вањин, изјави дека Русија ќе испрати нуклеарни ракети на данските бродови доколку земјата стане членка на НАТО и се придружи кон антиракетниот штит на западните сили. Изјавата на Ваљин, објавена во еден дански весник, предизвика бурна реакција кај шефот на данската дипломатија, Мартин Лидегард. Тој рече дека коментарите на рускиот амбасадор се неприфатливи и оти...

ЕУ ќе се бори против „руските дезинформации“

Дваесет и осумте земји-членки на ЕУ заеднички одлучија да ѝ се спротивстават на „руската дезинформација“, изјави на прес-конференција претседателот на европскиот совет, Доналд Туск. Сè уште не е познато во која форма тоа ќе се прави, иако најчесто спомнувана опција е отворање нов европски телевизиски канал на руски јазик, кој ќе се емитува во Русија и ќе ја кажува „фактичката...

ЕУ расправа за продолжување на санкциите кон Русија

Лидерите на Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за тоа дали да се продолжат економските санкции кон Русија поради нејзините акции во Украина. Европски дипломат, кој побарал да остане анонимен, за „Радио слободна Европа“ изјавил дека претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, работи со Германија и со Франција на предлог за продолжување на санкциите и оти на мета...

Украина бара ОН и ЕУ да испратат мировни сили

Украинската Врховната рада денеска побара од Советот за безбедност на ОН и од ЕУ да испратат мировни сили на истокот на Украина кои ќе бидат распоредени долж линијата на разграничување меѓу украинските и проруските сили. Барањето, за кое се изјаснија 341 пратеник во 450-члената украински парламент, го поднесе претседател на Украина Петро Порошенко. Украинскиот парламент исто така денеска ги прогласи реоните...

ЕУ без нови санкции кон Русија

Лидерите на Европската унија на претстојниот самит во Брисел нема да разгледуваат нови санкции за Русија, соопшти шефот на летонската дипломатија, Едгарс Ринкевичс, чија земја претседава со ЕУ. Ринкевичс по дводневното заседавање на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел наведе дека се спроведуваат првите елементи од договорот од Минск и оти нема потреба од нови санкции. Претходно воведените санкции опфаќаат...

Путин изненадно нареди засилени воени вежби во Русија

Руската Северна флота и падобранските единици денеска почнаа воени вежби во кои учествуваат 38.000 војници, повеќе од 55 воени бродови и подморници и 110 авиони и хеликоптери, соопшти рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу. - Новиот предизвик и закана за воената безбедност бара понатамошно зајакнување на воените капацитети на вооружените сили – изјави Шојгу. Министерот истакна дека рускиот претседател Владимир Путин наредил...

Русија гради гасовод во Македонија?!

Компанијата „Стројтрансгас“ на рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко почна да гради крак од магистралниот гасовод Клечовце-Неготино во Македонија, во вредност од околу 75 милиони долари, објави рускиот весник „Комерсант“, кој се повикува на извор кој е запознаен со состојбата. Се работи на првата фаза во должина од 61 километар и со пречник од 508 милиметри, кој ќе овозможи гасот да стигне...

Русија: Имаме право да испратиме нуклеарно оружје на Крим

Една година откако Крим се присоедини со Русија, официјална Москва тврди дека има целосно право да испрати нуклеарно оружје на Крим. „Не знаеме за никакви планови, но, во принцип, Русија тоа може да го направи. Не знам дали има таму во овој момент некакво нуклеарно вооружување“, соопштија од руското министерство за надворешни работи. Црноморското пристаниште Севастопољ значително е поблизу со централниот дел...

НАТО: Русија трупа оружје на Крим

Русија значително ги зголемила своите воени капацитети на Крим од припојувањето на полуостровот во март минатата година и го претвора во платформа за проекција на своите моќи, изјави денеска врховниот комендант на НАТО за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав. „Она што можеме да го видиме на дело, најдобро може да се опише како милитаризација на Крим. Тие го зголемија капацитот...

Путин проговори за планот за анексијата на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека донел одлука за анексија на Крим на ноќен состанок во Кремљ откако поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович, бил симнат од власт во февруари 2014 година. - Кога се оддалечивме, на сите им реков: Мораме да почнеме да работиме на враќање на Крим кон Русија - рече Путин во најавата за документарниот филм на оваа тема, кој...

Алексеј Навални пуштен од притвор

Истакнатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, денеска е пуштен од притвор во Москва, откако 15 дена мина во затвор поради делење рекламни летоци за протест планиран за 1 март. Ослободувањето на Навални доаѓа една недела по убиството на Борис Немцов. Протестот што го организираше Навални се претвори во комеморативен марш за Немцов, кој бил убиен на 27 февруари во близина на Кремљ.

Грушко: НАТО води хибридни војни

НАТО има долга историја на хибридни операции, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО, Александар Грушко, наведувајќи го примерот со поранешна Југославија. - Секоја држава или организација може да учи од искуствата на Алијансата – рече Грушко по повод честите обвиненија дека Русија води некој вид „хибридна војна“ во Украина, користејќи методи кои немаат воена природа. - Бевме сведоци на добро...

Украинската жена-пилот го прекина штрајкот со глад

Украинската жена-пилот Нада Шевченко, денеска по препорака на лекарите го прекина 83-дневниот штрајк со глад, кој го почна во рускиот затвор. Шевченко, во писмото што протече во јавноста, вели дека го прифатила советот на лекарите и одлучила да ја измени „досегашната тактика за да остане во живот“. Одлуката за прекинот на штрајкот следува по тврдењата на украинските власти дека „нејзината состојба е...

Руски полицаец осуден за шпионирање за САД

Московскиот градски суд денеска осуди руски полициски службеник на 15 години затвор поради шпионски активности во полза на САД. Роман Ушаков е прогласен за виновен за предавство затоа што на Американците им пренел доверливи информации, кои се однесуваат на руското министерство за внатрешни работи. Руското обвинителство како докази ги изнесе пораките со доверливи информации на Ушаков, како и готовината и писмото...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...