fbpx
Таг: роденден

таг: роденден

Кралицата Елизабета слави „сафирен јубилеј“ – 65 години владеење

Елизабета Втора (90), актуелна кралица на Обединетото Кралство со најдолго владеење во светот, денеска ќе прослави „сафирен јубилеј“ и на тој начин ќе стане првиот британски монарх кој обележал 65 години владеење со кралството. По повод прославата, канцеларијата на британската кралица објави нејзин портрет од 2014 година, на кој кралицата е прикажана како носи сафирен накит, кој го добила од...

Одбележани 145 години од раѓањето на Гоце Делчев

Со положување цвеќе на гробот и со панихида во црквата „Свети Спас“, денеска се обележа 145-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Цвеќиња на гробот положија градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, делегација од владата на Република Македонија, од кабинетот на претседателот на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија, делегација од АРМ,...

Фестивалот „Охридско лето“ одбележа 56 години постоење

Синоќа, со концертот на триото на Дамјан Пејчиновски на плажата Куба либре, фестивалот „Охридско лето“ го прослави својот 56. роденден. Пред тоа, пред бројните љубители на уметноста, пријатели на фестивалот, директорот на оваа музичко-сценска манифестација, Оливер Арсовски, ја пресече роденденската торта. - „Охридско лето“ испишува уште една успешна година во богатата фестивалска историја. Им се заблагодарувам на сите што ја помагаат манифестацијата,...

СДСМ со видеозапис ѝ го честиташе роденденот на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз денеска ѝ го честиташе роденденот на ривалската, владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ со видеозапис во кој главен протагонист е поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески. Во видеозаписот се изнесени податоци за економската состојба на земјата, а поткрепени се со контрадикторните изјави од прес-конференции на Ставрески, како и со неговите реплики од „бомбите“, во кои тој за задолжувањата и за владината економска...

ВМРО-ДПМНЕ слави 26 години постоење

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го прослави 26. роденден на партијата. Под слоганот „Идеја и дело - посилни од сè“, вечерва во 20 часот ќе се одржи прославата пред Музејот на ВМРО. Од формирањето на партијата, па досега, ВМРО-ДПМНЕ имала двајца лидери, Љубчо Георгиевски, кој ја раководеше до мај 2003 година, кога на челната позиција доаѓа актуелниот претседател на партијата, поранешниот премиер...

Георгиевски: Ако ВМРО-ДПМНЕ не се реформира, може да експлодира

„ВМРО-ДПМНЕ денес е во многу критична и тешка состојба. Колку и партијата однадвор да изгледа монолитна, може да ѝ се случи таква експлозија, по што од неа ништо нема да остане. Ќе навлезе во целосно распаѓање. Балканот е полн со такви примери. Партијата тешко ќе се извлече од таквата ситуација ако не промени нешто“, вели поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо...

Мексико: На роденденска забава, убиени 11 лица

Најмалку 11 лица се убиени на роденденска забава на една 15-годишна девојка во мексиканската држава Гереро, соопштија официјални претставници. Гувернерот на Гереро, Ектор Астудиљо Флорес, рече дека насилството се случило на забава во местото Кундансито, на западот на државата. По пукањето, полицијата се обидела да интервенира, но и врз неа бил отворен оган. Астудиљо Флорес рече дека детали од целиот случај...

„Охридско лето“ слави 55 години

Јубилејното, 55. фестивалско издание на „Охридско лето“, почнувајќи од свеченото отворање на 12 јули, досега реализираше 30 настани, за кои целокупниот тим на фестивалот се надева дека вечно ќе се паметат, рече на денешната, роденденска прес-конференција, директорката Елизабета Јанкуловска. - Со уникатната програма која ја реализиравме досега, можеме да кажеме дека нè посетиле повеќе од 10.000 посетители. На радост на сите нас,...

Свечено отворена новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ, пресечена и роденденската торта

По говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, свечено беше отворена новата зграда на партијата, а беше пресечена и роденденската торта. Денеска ВМРО-ДПМНЕ го слави 25. роденден. Воедно се одбележуваат и 122 години од формирањето на ВМРО. Роденденската прослава се одржува во новата зграда на партијата.

Почна роденденската прослава на ВМРО-ДПМНЕ

Почна прославата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 25. роденден на партијата. Воедно се одбележуваат и 122 години од формирањето на ВМРО. Роденденот се одржува во новата зграда на партијата, која свечено ќе биде отворена. На манифестацијата се поканети претставници од дипломатскиот кор, од јавниот политички живот, професори, министри, пратеници… Химната на Македонија на почетокот ја испеа Калиопи, а водител на манифестацијата е...

ДПМНЕ ќе слави роденден и ќе ја отвори новата зграда на плоштадот ВМРО

ВМРО-ДПМНЕ в сабота, во 19 часот, ќе го прослави својот 25. роденден. Воедно ќе се одбележат и 122 години од формирањето на ВМРО. Според најавите, роденденот ќе се одржи во новата зграда на партијата, која претходно ќе биде свечено отворена. На манифестацијата се поканети претставници од дипломатскиот кор, од јавниот политички живот, професори, министри, пратеници... Се очекува говор да одржи премиерот...

Ким Кардашијан го изнајмила „Стејплс центар“ за роденденот на Канје Вест

Американската старлета, Ким Кардашијан, за роденденот на својот сопруг, Канје Вест, го изнајмила популарниот „Стејплс центар“, салата во која настапуваат НБА-тимовите од Лос Анџелес, во која, раперот заедно со своите пријатели, играјќи си, како да се „Лејкерс“ и „Клиперс“, го прославиле 38. роденден на популарниот пејач, пренесува „Хафинготн пост“. На роденденската забава, која изгледала малку чудно, меѓу гостите биле присутни...

„Мајкрософт“ слави 25 години „пасијанс“

Пред 25 години, во мај 1990 година, на оперативниот систем „виндоус 3.0“ се појави „пасијанс“ - вградена игра со карти која стана омилена забава на корисниците во целиот свет. Оваа култна игра заслужи компанијата „Мајкрософт“ да ѝ го прослави 25. роденден со официјална прослава - голем турнир. Прелиминарните турнири ќе се одржат во рамките на компанијата, а на нив вработени...

Концерти за роденденот на Тоше во Крушево, Охрид и во Белград

В недела, на денот на роденденот на Тоше Проески, ќе се одржи културно-уметничка програма во Спомен-куќата во Крушево. Концерт ќе се одржи и во Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев“, на кој ќе настапи хорот при охридската гимназија. Влезницата за концертот ќе чини 100 денари, а средствата собрани од продажбата на билети ќе бидат наменети за Дневниот центар за...

Какаду го прослави 100. роденден со торта

Во резерватот за животни во Тасманија е одржана роденденска прослава за какадуто Фред, кој наполни 100 години. Папагалот добил многу честитки, вклучувајќи ја и таа од Бакингемската палата. Фред речиси 20 години живее во резерватот Боногронг. Вработените од резерватот, по повод роденденот, му донесоа  бела торта во облик на бројката 100, со три жолти свеќички. Петра Харис, која се грижи за...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...