!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Земјотрес вечерва близу Велес


Скопје, 12 јануари, 2018 - 20:04 (META) 

Земјотрес со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала и магнитуда од 2,6 степени според Рихтер е почувствуван вечерва во Велес и околината, со епицентар близу селото Каратманово, извести Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот се случил во 19.07 часот.


Утрово повторно земјотрес во Дојран со интензитет од 3,3 степени според Рихтер


Скопје, 5 јануари, 2018 - 9:43 (META) 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во дојранското епицентрално подрачје.

Земјотресот бил регистриран утрово во 4 часот и 6 минути. Ова е еден од серијата земјотреси што оваа недела го тресат Дојран и околината.

Вчера, земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Косово, а се почувствува во скопското епицентрално подрачје.


Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди Битола


Битола, 14 октомври, 2017 - 12:40 (META) 

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер во 11.55 часот ја погоди Битола.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 3 километри северно од Битола и на длабочина од 2 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во пониските објекти во Битола.


Земјотреси со јачина од 3,7 и 3,6 степени синоќа почувствувани во Охридско


Охрид, 9 јули, 2017 - 10:38 (META) 

Во текот на изминатата вечер во охридското епицентрално подрачје биле почувствувани два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот со јачина од 3,6 степени е регистриран во 22.52 часот, а тој со јачина од 3,7 степени бил во 21.31 часот.

Во текот на ноќта во Охридскиот Регион не биле почувствувани посилни земјотреси. Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека биле регистрирани неколку послаби со магнитуда од 2 и 3 степени.

Во последните 20 дена, Охрид и околината ги погодија повеќе од 1.000 земјотреси. Немирното тло внесе страв и паника како кај охриѓани, така и кај туристите.


Земјотрес од 6,5 степени ја погоди Суматра


Џакарта, 2 јуни, 2016 - 10:02 (META) 

Силен земјотрес со јачина 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа кај индонезискиот остров Суматра.

Засега нема податоци за евентуалната причинета штета или повредени.

Земјотресот е регистриран на длабочина на околу 50 километри, на 140 километри од градот Паданг.

Потресот ги испаничил жителите на Паданг, кои излегле на улиците.

Официјални лица соопштија дека нема опасност од цунами.

Повеќе од 200.000 луѓе загинаа во разорниот земјотрес во 2004 година со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала по кој се појави цунами. Поголемиот дел од загинатите беа жители на провинцијата Ацех во северозападниот дел на Суматра.


Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер го погоди Еквадор


Роза Зарате, 18 мај, 2016 - 11:25 (META) 

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер се почувствува во Еквадор, во Јужна Америка.

Земјотресот се почувствувал на 34 километри од градот Роза Зарате и на 36 километри од градот Мисин во кој се уште се чувствуваат последиците од претходните земјотреси.

Повеќе од 600 лица загинаа, а повеќе од 2.500 луѓе беа повредени кога земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди Еквадор.

 


Најмалку седум загинати во земјотрес во Тајван


Тајпеј, 6 февруари, 2016 - 11:37 (META) 

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди јужниот дел на Тајван, загинаа најмалку седум луѓе, меѓу кои две деца.

Земјотресот предизвика уривање на најмалкуи четири згради, од кои една од 17 ката.

Околу 230 луѓе се спасени од урнатините, додека 380 лица се повредени во земјотресот. Сè уште се трага по 26 луѓе.

Силниот земјотрес бил со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри јужно од градот Јуджинг.