fbpx
Таг: притвор

таг: притвор

СЈО: Јанкулоска штанцала лични карти, Божиновски рекетирал фирми, а Јанакиески остварувал на терен

Основниот суд Скопје 1 ги објави решенијата со кои како неосновани ги одби барањата и жалбите на Специјалното јавно обвинитество (СЈО) за одредување притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Од материјалот објавен од судот може јасно да се видат причините поради кои СЈО барало притвор, како и детали за улогите на главните осомничени во акцијата - поранешните министри за внатрешни работи...

Жалбите на Јанева одбиени – дефинитивно нема притвор за Јанакиески и за Темелко

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, ги одби како неосновани жалбите на Специјалното јавно обвинителство на одлуката на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, соопшти...

Кривичниот совет најдоцна до утре треба да одлучи по жалбите на Јанева

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, најдоцна до утре попладне треба да донесе одлука по жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судијата на претходна постапка кој ги одби барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Како што потврдуваат од судот за „Мета“, вчера пристигнале и жалбите на одлуките на судијата на...

Заев: Јас дишам за фер и демократски избори

Сите лица што моментално се во притвор да се ослободат, побара лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната граѓанска дебата за слободно општество и за социјална правда, што се одржува во „Холидеј ин“ во Скопје. Тој праша зошто ситни криминалци се во притвор кога осомничени за злосторничко здружување се на слобода. Според него, одлуките на Кривичниот суд кои се однесуваат на...

„Титаник“ заплови во лавиринтот на барања, одлуки, жалби и на решенија

Како што се покажа деновиве, Кривичниот суд Скопје 1 до последен детаљ ќе ја води процедурата и ќе го одолговлекува одлучувањето по жалбите на Специјалното јавно обвинителство на решенијата на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Практично, од петокот, по прес-кнференцијата на СЈО, почнаа да течат рокови кои содржат процедура по следнава...

Нема притвор за Јанкулоска и за Божиновски

Судија на претходна постапка го одбил предлогот на Специјалното јавното обвинителство и не им одредил притвор на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и на генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, осомничени во акцијата „Титаник“. Јанкулоска, Божиновски и уште две лица вчера беа на распит пред судија на претходна постапка од одделот за организиран криминал и за корпуција при...

Заврши распитот на Гордана Јанкулоска во Кривичниот суд

Заврши неколкучасовниот распит во Кривичниот суд на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Ниту таа, ниту нејзиниот адвокат Никола Додевски не сакаа пред новинарите да коментираат за исходот од распитот. Судијата треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство и дали ќе одреди мерка притвор или не. Претходно на распит беа и поранешниот министер за...

Основен суд Скопје 1: Нема притвор за осомничениот за изборен криминал

Нема притвор за И.Г., кој денеска беше на распит пред судија за претходна постапка, а за кој Специјалното јавно обвинителство почна истрага за изборна измама. „По негово сослушување во присуство на полномошник, судија на претходна постапка од одделот за кривична постапка донесе одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му определи мерка за претпазливост од член 146,...

Кривичниот суд попладнево треба да се изјасни по жалбите на Јанева

Советот на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, до крајот на денешниот ден треба да донесе одлука по жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судиите на претходна постапка кои ги одбија барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Обвинителите на Јанева уште пред истекот на законскиот рок од 24 часа, во саботата попладне, до...

Судот потврди дека нема притвор за неколкумина осомничени во „Титаник“

Основниот суд Скопје 1 го отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“. Судот донел одлука со која се одбива барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, Миле Јанакиески и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, со иницијали М.П. и К.М. Како што детално информираа од судот, другите...

Нико Китани: Требаше на друг начин да го изнесат Темелко пред правдата, а не со притворање

Веста за вчерашното притворање на Едмонд Темелко, актуелен градоначалник на Пустец, единствената општина на етничките Македонци во Република Албанија, се најде во ударни термини на сите електронски медиуми во Тирана и во внатрешноста на земјата. За тоа денеска нашироко известуваат и печатените медиуми. Нормално, случувањата со најголем интерес ги следат Македонците, додека нивните претставници, од здруженијата и од политичките партии,...

Специјално јавно обвинителство: Судот пропушти шанса да се запише во историјата

Специјалното јавно обвинителство денеска преку својата официјална страница на „Фејсбук“ изрази разочарување од одлуката на судот и најави дека ќе поднесе жалба. „Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!“, стои во статусот објавен на страницата. Основниот суд Скопје 1, каде синоќа се вршеше распит на дел од осумте осомничени за изборни нерегуларности,...

Јанакиески и Темелко си заминаа од судот – одлуката ќе биде позната денеска

Околу три часот по полноќ, во Основниот суд Скопје 1 заврши распитот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Засега не се знае дали ќе им биде одредена мерка притвор. Јанакиевски и Темелко го напуштија судот без да дадат изјава за новинарите и заминаа со цивилно возила. Адвокатот на одбраната на...

Едмонд Темелко на распит во Основниот суд Скопје 1

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој е еден од осомничените во акцијата на Специјалното јавно обвинителство наречена „Титаник“, во моментов е пред судија на претходна постапка, потврдуваат за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. Судијата на претходна постапка, по распитот на Темелко, треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на СЈО и ќе му одреди или не...

Како се краделе изборите: Детали за акцијата „Титаник“

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска одржa прес-конференција на која ја најави првата акција под името „Титаник“. Во неа, како што информираа од Специјалното обвинителство, биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески (иако нивните имиња не беа експлицитно наведени), како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда...

Пронајдена марихуана кај надзорник од „Идризово“, обвинителството почнало истрага

Основното јавно обвинителство Скопје повело истрага против надзорник во затворот „Идризово“, кај кого при претрес била пронајдена марихуана, соопштија денеска од јавното обвинителство. „На 28 јануари 2016 година, при редовна контрола и личен претрес на лицето врaботено како надзорник во Казнено поправната установа „Идризово“, во неговите лични работи пронајдено е топчесто пакување налепено со лелива лента за кое при вештачењето е...

Негувателката што малтретираше старица осудена на десет месеци затвор

Шеесет и четиригодишната негувателка, која беше обвинета за малтретирање старица во населбата Кисела Вода е осудена на десет месеци затворска казна. Обвинетата пред судот го признала делото. Судот на обвинетата ѝ одреди продолжување на мерката притвор до правосилноста на одлуката. Насилството било откриено на 21 декември минатата година, кога синот на жртвата ги видел снимките од поставениот видеонадзор во станот каде...

Притворен 19-годишник за убиството на Бит-пазар

Деветнаесетгодишниот А.А. од Скопје е осомничен за убиството на неговиот врсник Л.А., кој во неделата вечерта почина во Градската хируршка клиника „Св.Наум Охридски“ од убодни рани во градниот кош. Секторот за внатрешни работи Скопје поднел пријава против А.А. поради основан сомнеж дека нанел тешка телесна повреда со смртни последници. Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил притвор од 30 дена. Според полицијата, осомничениот...

Притворен скопјанец за семејно насилство

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка за 44-годишен скопјанец осомничен за обид за убиство. Осомничениот во неделата ја нападнал својата сопруга, по што со нож и со сатар и нанел тешки телесни повреди. На семејното насилство, кое завршило со крвав деликт, сведок било и едно од трите деца на брачните партнери. По извршеното кривично дело, осомничениот е уапсен. Јавен...

Верушевски и Лазаревски денеска си одат дома

Агенцијата за катастар и за недвижности денеска до Основниот суд Скопје 1 доставила известување дека е заведен под хипотека недвижниот имот што Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, го понудија како гаранција за излегување од притвор. По извршените проверки, судот ги доставил известувањето од Агенцијата и правосилната одлука со која притворот на Верушевски и на Лазаревски се...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...