fbpx
Таг: Полска

таг: Полска

Паника во Варшава: Анонимни дојави за бомби во 11 министерства

Полицијата и нејзините пиротехнички тимови денеска претресуваат згради на 11 министерства во Варшава поради анонимна дојава дека во нив се подметнати бомби. - Единаесет институции добија анонимна дојава по електронска пошта. Пиротехничките служби ги прегледуваат зградите, а во овој момент нема потреба за евакуација - соопштија од главната команда на варшавската полиција. Последните години зачестија ваквите дојави, кои досега се покажаа како лажни, не...

Пожар на главниот мост во Варшава

Голем пожар изби вчеравечер на главниот мост во Варшава, мостот Лазјенковски, што предизвика метеж во сообраќајот во главниот полски град. Портпаролот на варшавската противпожарна служба, Михал Конопка, соопшти дека 40 единици неколку часа го гаснеле пожарот. Нема жртви, но пожарот предизвикал поголема материјална штета. Пожарот почнал во делот под мостот, на кој имало складирани штици, а потоа се проширил на целата...

Полјаци шверцувале марихуана

Вчера, на граничниот премин Ќафасан, во заедничка акциска контрола на Царинската управа на Република Македонија и на МВР, била пронајдена и одземена 1,6 килограм опојна дрога марихуана. Притоа, три лица, полски државјани, се приведени, а еден е во бегство. Полските државјани биле детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило, марка „пежо“, со полски...

Полска: Полански на распит во обвинителството

Полското обвинителство го испитувало режисерот Роман Полански во врска со барањето на САД за негова екстрадиција. Портпаролката на обвинителството во Краков, Богуслава Марчинковска, денеска соопшти дека обвинителството доцна синоќа го испитало режисерот, а оти судот ќе одреди дали ќе го испорача Полански на САД, каде се бара поради обвинение за секс со малолетничка од 1977 година. Портпаролката не откри повеќе детали...

Седумдесет повредени и 276 приведени во демонстрациите во Полска

Најмалку педесет полицајци и 24 демонстранти се повредени за време на судирите во Варшава што избија за време на Маршот на независноста, организиран од националистички движења. На марш на Денот на независноста на Полска, кој го организираа националистичките движења, демонстрантите ја гаѓаа полицијата со Молотови коктели, со камења и со шишиња со запалива смеса. Полицијата употреби водени топови, солзавец и гумени куршуми за...

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...