fbpx
Таг: Полска

таг: Полска

Полска бара оставки од лидерите на Европската комисија

Раководството на Европската комисија треба да поднесе оставка затоа што не успеа и не можеше да го зачува единството на ЕУ, изјави денеска шефот на полската дипломатија, Витолд Вашчиковски, додавајќи дека одлуката на Британците да излезат од Унијата е доказ за неуспехот на лидерите во Брисел. - Се прашуваме дали ова раководство на ЕК, кое само пред еден месец ги...

„Анаконда 16“, најголема воена вежба на НАТО во Полска

НАТО ја почна својата најголема воена вежба во Полска, во која ќе учествуваат војници од 19 земји членки на тој воен сојуз и уште од пет држави партнери. Досега најобемните воени вежби во Полска почнаа во моментот кога земјите од Централна и од Источна Европа бараат цврсти безбедносни гаранции поради загриженоста од експлицитните акции на Русија. Истовремено, рускиот министер за надворешни работи,...

Полска доби официјално предупредување од ЕУ поради измените во уставниот суд

Европската Унија денеска на Полска и упати официјално предупредување дека измените на законот кои се однесуваат на уставниот суд го загрозуваат владеењето на правото во земјата, членка на Унијата. Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјавил дека комисијата го усвоила мислењето во кое се критикува полската влада поради постапките со кои го парализира уставниот суд. По доаѓањето на власт на партијата...

Чавков и Блашчек разговараа за соработката на продлабочување на соработката со Полска

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска го прими полскиот колега Мариуш Блашчек, кој ја предводи високата делегација полското министерството за внатрешни работи. На средбата, како што соопштуваат од МВР, биле потврдени заложбите за досегашната меѓусебна соработка и воедно двајцата министри изразиле надеж за продлабочување на истата, при што министерот Чавков се заблагодарил за досегашната поддршка и помош на Република...

Евакуирани 500 лица поради протекување на амонијак во Полска

Повеќе од 500 лица се евакуирани, а 28 се хоспитализирани поради течење на амонијак во фабрика за живинарско месо „Индикпол“ во местото Олштин во Полска. Инцидентот се случил рано утринава, кога во фабриката имало 528 работници, јавува телевизијата „Н24“. Воспоставена е безбедносна зона во одделот за замрзнување по протекувањето и во тек е испумпување на амонијакот.

Десет илјади Полјаци побараа владата да го почитува уставот

Во Варшава на марш излегоа повеќе од 10.000 Полјаци, кои побараа од владата да го почитува уставот. Тоа претставува ескалација на конфликтот на полската опозиција, уставниот суд и на претставниците на ЕУ од една и на владејачките конзервативци од друга страна. Демонстрантите со знамиња на Полска и на ЕУ во рацете извикуваа „устав“ и ја повикаа владата да ја прифати судската пресуда...

ЕК почнала истрага за новите, контроверзни закони во Полска

Европската комисија (ЕК) отворила истрага која треба да утврди дали новите полски закони ги кршат демократските начела на Европската унија (ЕУ), објави заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, пренесува „Би-Би-Си“. Станува збор за измените на законите со кои полската влада ги стави под контрола Уставниот суд и јавните медиуми во земјата. Механизмите на ЕУ ѝ овозможуваат на Европската комисија да реагира и...

Илјадници Полјаци излегоа на протести против владината контрола на јавните медиуми

Десетици илјади Полјаци вчера излегле на улиците во повеќе градови во земјата на протести против одлуката на конзервативната влада да ги стави под своја контрола јавните медиуми. Најголемиот протест, пренесува ХРТ, бил одржан во Варшава пред седиштето на јавната телевизија. Во центарот на градот протестирале околу 20.000 луѓе, кои мавтале со полски и со знамиња на Европската унија, извикувајќи „Слободни...

Студот во Полска усмрти 12 лица

Најмалку 12 лица починале за време на викендов во Полска како последица на особено ниската температура, јавуваат полските медиуми. Температурата во саботата вечерта, на североистокот на Полска, паднала на минус 20 Целзиусови степени, додека во Варшава вчераутро живата на термометарот била 16 степени под нулата. Полицијата покренала акција во целата земја за помош на бездомниците, кои особено се загрозени во време на...

Полска нема да го испорача Полански на САД

Полското правосудство одлучи дека полско-францускиот режисер Роман Полански нема да биде испорачан на САД, каде е обвинет за силување малолетничка. Обвинителството во Краков соопшти дека не нашле никакво оправдание да ја обжалат претходната одлука на полскиот суд за Полански да не се испорачува. Случајот со оскаровскиот режисер, кој сега има 82 години, е позната меѓународна правна постапка, која се води речиси...

Формиран македонско-полски бизнис-клуб за подобра трговска соработка

Македонско-полски бизнис-клуб сe формираше во Стопанската комора за унапредување на надворешна трговска соработка помеѓу Македонија и Полска, а во насока на развивање на трговските контакти и на извозно-увозните можности. Ова тело ќе стави акцент на остварување директни контакти меѓу македонските и полските компании, за воспоставување поблиски бизнис-релации, кои би придонеле за унапредување на билатералната трговска размена. За претседател на Македонско-полскиот бизнис-клуб е избран генералниот...

Во силна бура во Полска загина една жена

Една жена загина, а друга е повредена кога врз нив во градот Сопот во северниот дел на Полска, поради силна бура и ветер посилен од 100 километри на час, паднала гранка. Гранката што ја скршил ветерот, паднала врз двете жени, при што 34-годишната жена загинала на самото место, а нејзината мајка, која е повредена е во критична состојба, се наоѓа во...

Иванов на Форум на млади лидери во Полска

На Форумот на млади лидери, кој се одржува во Нови Саџ, Полска, на сесијата „Лидери на утрешнината - Какви лидери ѝ се потребни на Европа во 21 век“, денеска ќе учествува претседателот Ѓорге Иванов. Во рамки на дводневната работна посета на Полска, Иванов вчера имаше билатерална средба со полскиот колега Анджеј Дуда, на која стана збор за билатералните односи меѓу двете...

Традиционална полска вечер на „Охридско лето“

На програмата од јубилејното 55.  „Охридско лето“, синоќа во црквата „Света Софија“ се одржа традиционалната полска вечер. Настапија пијанистот Славомир Зубрицки , тенорот Рафал Зураковски и пијанистката Ана Мерник. Полскиот пијанист, композитор и изработувач на инструментот виола-оргули, со неговиот прв настап во Охрид и во Македонија преку фестивалот „Охридско лето“, всушност го промовира својот инструмент во нашата држава. – Ова е мојот...

Авион на „Луфтханза“ за малку ќе се судрел со дрон над Варшава

Патнички авион на германската компанија „Луфтханза“ за малку ќе се судрел со дрон во близина на Меѓународниот аеродром во главниот град на Полска, Варшава, соопштиле службите на аеродромот. Инцидентот се случил вчера попладне, кога дронот се доближил на стотина метри од авионот, кој летал од Минхен. Екипажот на „Луфтханза ембраер ЕРЈ -195“ го пријавил избегнатиот судир кога авионот се наоѓал на...

ЕП Полска: Македонија во третиот шешир

Македонија го продолжи трендот со настапи на големите натпреварување обезбедувајќи пласман на Европското првенство во Полска, а првите луѓе на ЕХФ не чекаа долго за да го објават изгледот на шеширите и распоредот според освоеното место во квалификациската група, пренесе „Дерби“. Првите два шешира ги сочинуваат селекции што завршија први во групата и плус домаќинот Полска, додека Македонија се најде во...

Јолевски во Полска на форум „Патот кон Европа“

Денеска и утре во Вроцлав, Полска, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, ќе присуствува на Глобалниот форум во Вроцлав, каде ќе има свое обраќање на панел-дискусијата „Патот кон Европа“. На дискусијата што ќе ја води Марцин Заборовски, директор на Полскиот институт за меѓународни работи, ќе се обратат и министрите за надворешни работи на Грузија и на Молдавија, додека на Глобалниот...

Оставки во Полска поради скандал со прислушување

Тројца полски министри и спикерот на парламентот поднесоа оставки по скандалот со прислушувањето што ѝ ги зголемува шансите на конзервативната опозиција во пресрет на парламентарните избори закажани за четири месеци, објави „Дојче веле“. Премиерката Ева Копач соопшти дека парламентарниот спикер Радослав Шикорски и министрите за здравство, спорт и за финансии ги напуштаат функциите. Полските медиуми со денови објавуваат информации за околу...

Анджеј Дуда е новиот претседател на Полска

Кандидатот на десничарската партија Право и правда, конзервативецот Анджеј Дуда, со 53 отсто од гласовите во вториот круг на претседателските избори во Полска го победи досегашниот претседател Бронислав Коморовски. Дуда го победи Коморовски во првиот круг со 34,76 проценти наспроти 33,77 отсто од гласовите, но не успеа да ги усвои потребните 50 отсто плус еден глас. Коморовски стана претседател пред пет...

Полска ќе ѝ даде воена поддршка на Украина ако ескалира ситуацијата

Шефот на полската дипломатија, Гжегож Шетина, денеска изјави дека Полска, заедно со другите земји, би можела да ја поддржи украинската војска во судирите, доколку кризата на истокот на Украина ескалира. - Не можеме да ја исклучиме можноста дека во случај да се обнови ескалацијата на воениот судир, заедно со останатите држави кои гледаат на ситуацијата како нас, ќе донесеме одлука за...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...