fbpx
Таг: Полска

таг: Полска

Во германско-полска рација уапсени 14 лица поради педофилија

Во заедничка операција на германската и на полската полиција, по претрес во Полска се уапсени 14 лица поради педофилски содржини во компјутери и во мобилни телефони. Вкупно 29 лица се осомничени за ширење порнографија со деца на интернет. - Вкупно 29 лица имаат статус на осомничени. Обвиненијата ќе зависат од прегледот на содржините на компјутерите, што го вршат вештаците. Некои...

Нападнат полскиот конзулат во Украина

Неидентификувани лица го нападнаа конзулатот на Полска во западниот украински град Лутск, при што се оштетени покривот и прозорците, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на очевидци. Според весникот „Волин 24“, инцидентот се случил околу полноќ, а во нападот нема повредени. Сè уште не се знае дали на конзулатот е пукано или е гранатиран. Полицијата сè уште се нема огласено во врска...

Меркел: Засега нема санкции за Унгарија и за Полска

Германската канцеларка Ангела Меркел се надева дека напнатоста помеѓу Европската Унија и земјите членки, како што се Полска и Унгарија, ќе биде решена со дијалог. Таа додаде дека заканата со финансиски санкции не би била погодна засега. Канцеларката изјави дека Европската комисија треба да разговара со членките за суштината на нивните забелешки, иако не ги наведе експлицитно Полска и Унгарија. - Не мислам...

Доналд Туск останува претседател на Европскиот совет

Лидерите на Европска Унија денеска му го продолжија мандатот на поранешниот полски премиер Доналд Туск на функцијата претседател на Европскиот совет за нови 30 месеци и покрај жестоките противења на Полска, јавува „Би-би-си“. Според француски дипломатски извори, за реизборот на Туск гласале 27 земји членки, а само еден гласач бил „против“. „Ќе направиме сè да не се случи реизбор на Туск“,...

Полска ги отфрли критиките на ЕУ за спорната реформа на уставниот суд

Полска вчера испратила одговор до Европската комисија во кој ги отфрла критиките на Брисел во врска со спорната реформа на полскиот уставен суд, со оценка дека „спорот е решен“, јавуваат светските агенции. Инаку, Европската Унија ѝ се закани со санкции на Варшава, што е прв ваков случај, кога станува збор за земја членка на ЕУ, поради спорната реформа во уставниот...

Белгиски политичар побара Бугарија, Романија, Полска и Унгарија да ја напуштат ЕУ

Премиерот на белгискиот автономен регион Валониа, Пол Мание, порача дека Полска, Унгарија, Романија и Бугарија треба да ја напуштат Европската Унија, а притоа за секоја од нив дури даде и посебно име за процесот на напуштање, пишува францускиот весник „Ле Монд“. Мание, кој важи за најголем евроскептик меѓу социјалистите, рече дека е пожелно излегувањето на Велика Британија од ЕУ, односно Брексит,...

Американски воени сили пристигнуваат во Полска

Американски тенкови и оклопни возила со повеќе од 3.000 војници утринава почнаа да се пристигнуваат во Полска. Тие претставуваат дел одговорот на американскиот претседател во заминување, Барак Обама, на загриженоста на НАТО-сојузниците поради Русија. Ова е најголеми американско воено ангажирање во Европа во последните неколку децении. Повеќе од 80 тенкови и стотина окопни возила пристигнаа во Германија и сега се преместуваат кон...

Полска: Шест лица починале од студ во последните 24 часа

Во последните 24 часа, во Полска од премрзнување починале шест лица, јавуваат светските агенции. Со ова вкупниот број на починати лица од студ, од ноември до сега, во земјата се искачил на 71 лице, соопштиле полциските власти. Полицијата упатила апел до граѓаните на земјата да им помогнат на најзагрозените, особено на бездомниците, имајќи ја предвид екстремно ниската температура во Полска, која е...

Туск: Со национализамот и со популизамот во земјите членки, ЕУ нема да преживее

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги предупреди не само Полска туку и другите земји членки на Европската Унија дека демократијата е кревка работа и да не се играат со огнот на национализмот, авторитарноста и на популизмот, бидејќи со тоа ќе ја скршат ЕУ, јавуваат светските агенции. „Без добрата волја и недвосмислената солидарност на Полска, ЕУ не може да издржи....

Најавен чартер-лет од Катовице до Охрид

Охрид е привлечна дестинација за туристите од Полска, за што потврда е договорениот нов чартер-лет од Катовице до Охрид, кој ќе почне да се реализира од наредното лето. Компанијата „Рего-бис“ ќе донесе најмалку 5.000 туристи кои ќе слетуваат на охридскиот аеродром со авиони од типот „ербас 320“, со капацитет од 220 седишта. Ќе бидат застапени и кружни повеќедневни посети во комбинација...

Шести европски конгрес за мали и средни претпријатија во Катовице

Шестиот европски конгрес за мали и средни претпријатија се одржа во Катовице, Полска, од 10 до 12 октомври. На конгресот оваа година учествуваше и делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески. - Улогата на малите и на средните претпријатија во македонската економија е сè поголема и позначајна. Имајќи го предвид силниот потенцијал за развој на приватниот сектор во...

Полскиот парламент го одби контроверзниот закон за абортус

Полскиот парламент со големо мнозинство го одби контроверзниот предлог-закон, кој предвидуваше целосна забрана на абортусот, а од владата соопштиле дека причината поради која министрите решиле да подразмислат околу законот биле масовните протести во земјата, јавува „Би-би-си“. Членовите на парламентот со 352 гласови „против“, го одбиле законот за абортус, додека за него гласале 58 пратеници. Законот беше предложен од граѓанска иницијатива која...

Протести во Полска поради целосната забрана на абортусот

Полјачките денеска со штрајк насловен „Црн понеделник“ и со демонстрации на улиците на Варшава, Ополе, Катовици, Краков и во другите поголеми градови, реагираат на реалната закана целосноно да им биде забрането вештачкото прекинување на бременоста. Рано утринава, Полјачките излегоа на улиците облечени во црно, како израз за сочувство што пратениците на владејачката евроскептична конзервативна партија Прво и правда сака да го...

Папата Франциск се сопна и падна за време на миса

Папата Франциск се сопна и падна на почетокот на голема миса за време на неговата посета во Полска, а агенцијата „Асошиејтед прес“ објави и видеоснимка од незгодата. Другите свештеници му помогнаа на папата да стане, по што тој продолжи да служи на мисата. На папата незгодата му се случи за време на неговата прва посета на Полска, чие население е претежно католичко. Неговата...

Попоски и Јолевски на чело на македонската делегација на НАТО-самитот во Варшава

Делегација на Република Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, и од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, ќе учествува на самитот на НАТО што денеска и утре се одржува во Варшава, Полска, соопштија од Министерството за надворешени работи. „Министерот Попоски ќе се обрати на состанокот на шефови на држави и на влади посветен на Авганистан, а...

Почнa самитот на НАТО во Варшава

Дводневниот самит на НАТО денеска почнува во полскиот град Варшава, а главна тема ќе бидат безбедносните прашања, состојбата во Авганистан, кризата во Украина и односите со Русија, како и борбата против Исламска држава (ИД). Северноатлантската алијанса не е директно вклучена во борбата против ИД во Сирија и во Ирак, но некои нејзини членки се дел од антитерористичката коалиција, предводена од САД. На самитот,...

Полскиот парламент го донесе новиот закон за Уставниот суд

Полскиот парламент денеска го усвоил новиот закон за Уставниот суд, во обид да ја одблокира работата на оваа важна институција, јавуваат светските агенции. Поради контроверзните реформи во Уставниот суд, кои предзвикаа парализа во неговата работа, конзервативната полска влада, во која мнозинството го има Партијата на правото и правдата, беше остро критикувана од Европската Унија и од НАТО. Парламентот денеска со мнозинство...

Полска бара оставки од лидерите на Европската комисија

Раководството на Европската комисија треба да поднесе оставка затоа што не успеа и не можеше да го зачува единството на ЕУ, изјави денеска шефот на полската дипломатија, Витолд Вашчиковски, додавајќи дека одлуката на Британците да излезат од Унијата е доказ за неуспехот на лидерите во Брисел. - Се прашуваме дали ова раководство на ЕК, кое само пред еден месец ги...

„Анаконда 16“, најголема воена вежба на НАТО во Полска

НАТО ја почна својата најголема воена вежба во Полска, во која ќе учествуваат војници од 19 земји членки на тој воен сојуз и уште од пет држави партнери. Досега најобемните воени вежби во Полска почнаа во моментот кога земјите од Централна и од Источна Европа бараат цврсти безбедносни гаранции поради загриженоста од експлицитните акции на Русија. Истовремено, рускиот министер за надворешни работи,...

Полска доби официјално предупредување од ЕУ поради измените во уставниот суд

Европската Унија денеска на Полска и упати официјално предупредување дека измените на законот кои се однесуваат на уставниот суд го загрозуваат владеењето на правото во земјата, членка на Унијата. Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјавил дека комисијата го усвоила мислењето во кое се критикува полската влада поради постапките со кои го парализира уставниот суд. По доаѓањето на власт на партијата...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...