fbpx
Таг: полиција

таг: полиција

Министерот Спасовски учествуваше на селекција на кандидати за идни полицајци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководствата на Министерството за внатрешни работи и на Македонскиот полициски синдикат, го посети Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што во тек е процесот на селекција на кандидати за 12-месечна основна обука за полициски службеници, во генерацијата 2023-2024 за кој Министерството за внатрешни работи имаше распишано јавен...

Фатени крадците на лаптопи од „Донирај компјутер“

Фатени се крадци на компјутери и компјутерска опрема во Кавадарци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) претпладнево. Иако информациите што се соопштени се сувопарни, некои детали веднаш посочуваат кон кражбата од просториите на „Донирај компјутер“, организацијата што работи на оспособување и подарување користена компјутерска опрема на луѓето во незавидна позиција. „Мета“ пишуваше за кражбата. https://meta.mk/ukradeni-laptopi-od-doniraj-kompjuter-se-spremale-kako-pomosh-za-nadareni-studenti/ Тоа го потврди и првиот човек на...

Спасени три лица од водите на Дојранското Езеро

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утрово е извршено спасување на три лица, кои поради невремето изгубиле контрола над чамец во Дојранското Езеро. Дојавата била примена утрово во 8:30 часот во СВР-Струмица, од страна на граѓанин. Тој кажал дека три лица изгубиле контрола над чамец поради невремето и не можеле да се вратат кон брегот. На интервенција бил испратен патролниот...

Полицијата вчера фатила 16 автобуси и комбија со неисправни кочници

При акциска контрола на автобуси и комбија за јавен превоз на патници, полицијата вчера утврдила дури 54 прекршоци во полето на техничката исправност, од кои 16 биле возење со неисправни уреди за сопирање, соопшти МВР. Акциската контрола била спроведена во периодот од 9 до 14 часот на територијата на целата земја. Вкупно 177 возила биле испратени на вонреден технички преглед,...

Престрелка меѓу полицијата и криумчари на северот на Косово, уапсени се пет лица

Уапсени се пет лица осомничени за шверц на стока и напад на службено лице, додека еден осомничен успеал да избегне апсење и заминал во непознат правец. Во оваа акција биле запленети четири автомобили кои биле инволвирани во конкретниот случај, при што на еден од нив е пронајдена количина цигари за кои постои сомневање дека се шверцувале преку илегални патишта...

Трагедија во Босна: Убил тројца, на крајот се самоубил пред полицијата

35-годишен маж од босанскиот град Градачац ја убил својата сопруга, а убиството го пренесувал во живо на Инстаграм. При бегството од полицијата убил уште две лица, за на крајот да се самоубие пред полицијата. Трагедијата која го потресе регионот се случила во Градачац, на североистокот од Босна и Херцеговина. Од босанското обвинителство за сараевскиот весник Ослобоџење потврдија дека Нермин Сулејмановиќ...

Полицајци на велосипеди во текот на летната сезона во Охрид

Од денеска СВР Охрид, во редовната полициска работа низ градот и туристичките населби во околината ја воведе велосипедската полициска патрола, информира МВР. Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучуваат во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други кривични дела и прекршоци, откривање...

Ноќеска тензично во ЈП Комунална хигиена, повикана и полицијата

Ноќеска состојбата во ЈП Комунална хигиена била тензична. Имено, полицијата била повикана во претпријатието со цел вработените да излезат на терен да работат, јави Порталб.мк. Вработените во петокот пред полноќ прекинале со работа, и се жалат на отпуштањето на голем број вработени и деградадирање од страна на актуелните раководители на претпријатието. https://meta.mk/nema-da-go-sobereme-smetot-dodeka-ne-se-vratat-na-rabota-otpushtenite-kolegi-velat-vraboteni-vo-komunalna-higiena/ Контејнерите за отпад во Скопје  и претпладнево се неиспразнети, а...

Детонирани шок-бомби врз полициските станици во Звечан и Северна Митровица

Во периодот од 23:30 до 01:30 часот, косовската полиција од северниот регион евидентирала три експлозии во близина на полициските станици во Звечан и северниот дел на Косовска Митровица, додека полициско возило било нападнато на улицата Кнез Милош, но нема повредени, пренесе Коссев.инфо. Заменик-командантот на косовската полиција во северниот регион, Ветон Ељшани потврдил дека во улицата Кнез Милош со камења била...

ЕУ ги повика Косово и Србија на деескалација, се закани со решителни мерки

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, денеска, говорејќи во име на ЕУ, ги повика Косово и Србија веднаш и безусловно да преземат мерки за деескалација, да престанат да ја користат реториката на поделба и да се воздржат од какви било некоординирани дејствија. „Во спротивно, Европската Унија е подготвена да спроведе решителни мерки. Непостигнувањето деескалација...

Обвинителството извршило увид, несреќата кај Кадрифаково предизвикана од возилото во кое биле загинатите

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и увидни екипи на МВР извршиле увид на автопатот Штип-Миладиновци, каде вчера во тешка сообраќајна несреќа животот го загубија три лица. Според првичните информации што Обвинителството ги сподели со јавноста, до несреќата дошло кога автомобил „Шевролет“ со скопски регистарски таблици, во кој се превезувале петмина патници од едно семејство кои се враќале...

Онлајн измама: Двајца велешани продавале празни цедеа за „учење странски јазици“

Двајца велешани добија кривични пријави поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи на фалсификување на исправи“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираше полицијата, двајцата, претставувајќи се во име на скопско училиште за странски јазици, преку онлајн продажба продавале цедеа (ЦД-а) за учење странски јазици. Цедеата биле празни, односно без содржина, со што...

Повторно тензии на северот на Косово, српски претставници преговараат со КФОР

Локалните Срби од општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток на северот на Косово повторно се обидоа да ги спречат новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април кои ги бојкотираше локалното српско население, да влезат во општинските згради при што полицијата употреби солзавец. Тие на разглас пуштаат народна музика и на оклопните полициски возила ставаат српски знамиња. Два...

Сирени за тревога и шок бомби на северот на Косово, Вучиќ ја крена војската на највисоко ниво на борбена готовност

Сирени за тревога попладнево се вклучија во Митровица, а во моментов има инциденти во три северни општини во Косово. Најтешка е состојбата во моментов во Звечан, каде веќе е употребен солзавец, шок бомби, а се слушаат и куршуми објави порталот Коссев.инфо Колеги новинари од Косово, со кои Мета.мк стапи во контакт кажаа дека во некои делови на Митровица снемало струја,...

Само за три дена во Србија се предадени шест илјади парчиња оружје

Во првите три дена од важноста на мерката која Србија ја воведе за предавање нерегистрирано оружје кај граѓаните, за само три дена, предадени се 5.973 парчиња оружје, 290.572 парчиња муниција и 468 парчиња мини експлозивни направи, соопшти српското Министерството за внатрешни работи. Српската полиција ги повика сите граѓани кои поседуваат нерегистрирано оружје, муниција и експлозивни направи да ги предадат во...

Четири автомобили изгореа на улицата „Цветан Димов“ во Чаир

Четири автомобили биле зафатени во пожар кој избувнал ноќеска во три часот по полноќ на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во СВР Скопје, во 3 част и 11 минути било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје,...

Спасовски за 7 Мај: Полицијата стана пријател на граѓаните и партнер за соработка на меѓународен план

Во присуство на претставници на Владата, Собранието, раководството на Интерпол, министри за внатрешни работи и директори на полиции од регионот, дипломатскиот кор, претставници на локалната самоуправа и верските заедници, раководството на Министерството за внатрешни работи и бројни пријатели и гости на сцената на Долни Сарај во Охрид денеска се одржа централната прослава на одбележување на 7 Мај – Денот...

Со оддавање почит пред споменикот на загинатите припадници на МВР, одбележан Денот на полицијата

На 7 Мај - Денот на македонската полиција, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи, во кругот на МВР. Тој рече дека овој ден е посветен на полициските службеници на Република Северна Македонија, кои практично се хероите на нашето време. „За жал, некои од нив, борејќи се за безбедноста на...

Момчето што уби соученици во Белград имало список, план и молотови коктели, уапсен е и неговиот татко

Србија прогласи тридневна жалост по вооружениот напад во кој 14-годишен ученик уби осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и рани четири момчиња, две девојчиња и наставничка. Претставникот на Министерството за внатрешни работи на Србија, Веселин Милиќ, на прес- конференција изјави дека ученикот од седмо одделение Коста К., во 8.42 часот самиот повикал полиција и кажал...

Седмоодделенец со пиштол уби чувар и рани неколку ученици во училиште во Белград

Српската полиција утрово уапси 14 годишен ученик кој со пиштолот на татко му во 8.40 часот го застрела чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар и повреди повеќе лица. Полицијата соопшти дека ги испратила сите расположливи патроли кои веднаш излегле на терен и го привеле седмоодделенецот, кој испукал неколку истрели во правец на учениците и обезбедувањето на ова...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...