fbpx
Таг: повредени

таг: повредени

Нови воздушни напади врз Украина, Зеленски тврди дека Бахмут не е окупиран од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Бахмут „не е окупиран“ од Русија, откако платеничката група Вагнер поддржана од Москва рече дека ја презела контролата врз овој украински град. Зеленски ова го кажа за време на посетата на Хирошима, Јапонија, каде се одржа Самитот на најразвиените земји Г7, пренесува Би-би-си. Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно зборуваше за победа во Бахмут,...

Грујичиќ: Неколку пациенти повредени во двата масакра во Србија се во животна опасност

Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ во гостување на утринскиот дневник на Радоиотелевизија Србија (РТС) изјави дека двајца пациенти повредени во масовното пукање кај Младеновац и Смедерево се во критична состојба. Таа посочи и дека девојчето кое било примено по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ сè уште е во критична состојба и е витално загрозено. Пациентите сместени во смедеревската болница...

Најмалку 12 загинати во новиот бран руски ракетни напади врз Украина

Најмалку 12 лица загинаа при руските воздушни напади што рано утринава погодија повеќе градови во Украина, вклучувајќи го и главниот град Кијив. Од нив, десет луѓе загинале во централниот град Уман, откако проектили погодиле станбени згради, пренесува Би-би-си. Во градот Днипро загинале две лица, меѓу кои и едно дете, а уште тројца се повредени во ракетниот напад, јави Укринформ. Експлозии имало...

Во Харкив убиен новинар, во ракетен напад во Миколаив еден загинат и 23 повредени

Еден цивил е убиен, а 23 се повредени во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Миколаив што се случи синоќа, јави дописникот на Укринформ, повикувајќи се на извештај на украинската Јужна оперативна команда. Според извештајот, нападот бил извршен од Црното Море со ракети од типот „Калибр“, а испукани биле четири проектили. Покрај загинатиот и повредените, уништени се и куќи, како...

Петто рочиште со вештакот за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“, некои од перничињата на осовината биле испукани

Судењето за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи во 2019 година во скопско Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени, денес продолжи во Кривичниот суд - Скопје. Како и на претходните 4 рочишта, беше сослушан и вешакот Зекирја Зекири, кој заедно со неговите 3 колеги работеа на механичкото супервештачење...

Русија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН, за Украина ова е „најлошата првоаприлска шега“

Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и покрај тоа што Украина ги повика членките да го блокираат потегот. Секоја од петнаесетте земји-членки на Советот за безбедност го презема претседателството на еден месец, по ротирачки модел. Последен пат кога Русија претседаваше, во февруари 2022 година, земјата започна целосна инвазија на Украина. Тоа значи дека Советот за...

Бројот на загинати од земјотресите во Турција и Сирија достигна речиси 16.000

Бројот на загинати од земјотресите што ги погодија Турција и Сирија оваа недела се приближува до 16.000. Преживеаните граѓани, како што пренесе Ројтерс, останаа гневни и фрустрирани поради бавното пристигнување на спасувачките тимови. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кому му претстојат избори во мај, при вчерашната посета на зоната на катастрофата рече дека операциите сега работат нормално и вети дека...

Речиси 5.000 жртви од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија

Спасувачите во Турција и во Сирија продолжија со потрагата по преживеани под урнатините и во текот на студената ноќ, по силниот земјотрес што вчера ги погоди двете земји. Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала се искачи на најмалку 4.980 лица, а илјадници згради и објекти се урнати низ југоисточниот дел на Турција и...

Двајца македонски ученици меѓу повредените од земјотресот во Турција

Двајца ученици од Северна Македонија се меѓу повредените лица од земјотресот што рано изутрина го погоди југоисточниот дел на Турција. Станува збор за ученици кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција, информираше Министерството за надворешни работи (МНР). Претставништвата на МНР обезбедиле информации и стапиле во контакт со девет македонски државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за...

Стотици загинати во силен земјотрес што ги погоди Турција и Сирија

Силен земјотрес утрово ја погоди југоисточна Турција во близина на сириската граница, при што загинаа повеќе од 640 лица, додека бројот на повредени и заробени под урнатините е многу поголем. Најмалку 285 лица загинаа низ турските провинции, а бројот на жртви во Сирија во моментов изнесува 350, јави ТРТ. Турските власти за управување со катастрофи и вонредни состојби соопштија дека земјотресот...

Во руски ракетен напад врз станбен блок во Днипро загинаа најмалку 21 лице

Во ракетен напад врз станбен блок во украинскиот град Днипро, извршен од Русија, загинаа најмалку 21 лице, меѓу кои и едно дете, јави Укринформ. Нападот се случил вчера, а бројот на загинати го потврди шефот на Регионалниот совет на Днипропетровскиот регион, Микола Лукашук. Повредени се 73 лица, меѓу кои 14 деца, додека украинските спасувачки екипи спасиле 38 лица. Во моментов...

Воз удри во комбе на преминот кај фабриката „Порцеланка“ во Велес, повредени 10 лица

Денес на пладне, воз удрил во патничко такси комбе полно со патници од Чашка на преминот кај фабриката „Порцеланка“ во Велес. Според полицијата во несреќата со повреди се здобиле десет патници кои биле пренесени во велешката болница. „Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода...

Теренец влета во продавница на „Епл“ во САД, едно лице загина, 19-мина се повредени

Теренски автомобил вчера влета низ излогот на продавницата на „Епл“ во градот Хингам во сојузната американска држава Масачусетс. Притоа еден маж загинал, а 19 лица се повредени, јави Си-Ен-Ен. Инцидентот се случила во 10:45 часот претпладне по локално време. Теренецот со темна боја влегол во продавницата и притоа удрил во повеќемина минувачи пред продавницата, во вработени и муштерии. Излогот на...

Маж и жена повредени при руското бомбардирање на Украина, наклеветени дека „глумат жртви“

Не е точно дека мажот и жената кои се прикажани на видеото во постот се „жртви глумци“. Станува збор за преживеани од руското бомбардирање на Украина. Фотографии од овие преживеани лица беа објавени на насловните страници во бројни светски медиуми, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се...

Загинале најмалку 339 деца, 614 биле повредени во руската агресија на Украина

Според Главното јавно обвинителство на Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, загинале најмалку 339 деца, а 614 се повредени, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во последното деноноќие, борбените дејствија продолжуваат, а по ракетниот напад на главниот град Кијив вчера наутро, утрово е извршен ракетен напад близу Одеса, главното украинско пристаниште на Црното Море, при...

Околу 280 лица загинаа во земјотрес со јачина од 5.9 степени во Авганистан

Oколу 280 луѓе загинале, а стотици други се повредени по земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди источен Авганистан. Земјотресот се случил на околу 46 километри југозападно од градот Хост, кој се наоѓа блиску до границата со Пакистан. Локалните власти и жителите предупредија дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми. Фотографиите од провинцијата Пактика,...

Четири лица се повредени во пожарот во Тетово, наставата е прекината заради загадувањето

Во пожарот што утрово изби во објектите на „Македонија табак“ и „Пофикс“ лоцирани на излезот од Тетово има четворица повредени, од кои три лица се со асфиксија односно гушење, а за едно лице се претпоставува дека има скршеница на коленото, но нивната состојба е стабилна, информира Порталб.мк. Општина Тетово во соработка со Секторот за образование донесе и одлука да се...

Пукање во метро станица во Њујорк: 13 лица се повредени

Најмалку 13 лица се повредени при пукањето во метро станица во Бруклин, Њујорк. Луѓето биле застрелани во инцидент што се случил од лице коешто носело гас-маска и побегнало од местото на настанот, јавува Би-би-си. Си-ен-ен пренесува дека пукањето се случило околу 8:30 часот наутро, а во метро станицата експлодирало средство за испуштање чад. Граѓаните надвор од станицата забележале чад, по...

Најмалку седум лица, меѓу кои и две деца загинаа во експлозија во Франција

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија и пожар во југозападна Франција во градот Сен Лоран де ла Саланk, изјави министерот за внатрешни работи, Жерал Дарманен. „Ова е вистинска драма која се одвивала во Сен Лоран-де-ла-Саланк, на источните Пиринеи. Прелиминарниот извештај е седум починати од кои две деца. Во име на нацијата, ја давам сета моја поддршка...

Двајца повредени во автобуската несреќа оперирани вчера, денеска уште една операција

Сите седуммина преживеани патници од автобуската несреќа се во стабилна состојба, соопшти денеска доцент Христо Шивачев заменик-медицинскиот директор на Универзитетската болница за активно лекување и ургентна медицина „Пирогов“ (пандан на скопска КАРИЛ) во Софија. „Вчера беа оперирани две од лицата, коишто се стабилни и се во добра општа состојба. Пациентите што беа во шок-собра денеска се преместени во одделение на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...