fbpx
Таг: повредени

таг: повредени

Белград: Седум повредени при судир на два трамваи

Седум лица се повредени откако два трамваи утринава се судрија во Нов Белград, јавуваат српските медиуми. Повредените се пренесени во белградскиот ургентен центар, а 47-годишниот возач на трамвајот добил повреди на главата и амнезија. Несреќата е случила кога еден од трамваите не запрел навремено и удрил во трамвајот пред себе. - Трамвајот напред стоеше на семафор, веројатно за да пропушти пешак и тогаш...

Бразил: 140 повредени при судир на два воза

Најмалку 140 лица се повредени откако синоќа два патнички воза се судрија во бразилскиот град Мескита. Како што јавуваат локалните медиуми, воз удрил во друг воз кој стоел на станица. Патниците се полесно повредени и се хоспитализирани во локалните болници. Железничките служби и регулаторната агенција „Агетрансп“ почнаа истрага за причините за несреќата.

Триесет пожарникари повредени во Австралија

Најмалку 30 пожарникари се повредени при гаснење на шумскиот пожар во сојузната држава Јужна Австралија. Како што јавуваат австралиските медиуми, пожарот, поради силните ветришта, можно е да се прошири на уште 13.000 хектари шума.

Повредените во сообраќајката кај Песочан се надвор од животна опасност

Осуммина повредени, меѓу кои и едно бебе, е билансот од вчерашната сообраќајка што се случи кај селото Песочан, на магистралниот пат Охрид - Кичево. Во автомобилот „шкода“ со охридски регистерски таблички повредени се пет лица. Меѓу тешко повредените е бебе кое има потрес на мозокот. Тешко повредени се сопатичката М.Б. (24) од струшко Корошишта, 8-годишно девојче Л.М. од Њу Џерси, кое...

Се судрија македонско и буграско возило во Србија, еден загинат

Едно лице загина, а седуммина се повредени кога македонско и бугарско возило имале тешка сообраќајна несреќа, која се случила вчеравечер околу три часот изутрина, во Србија на Ибарската магистрала, на влезот кај Железник. Во судирот, кој се случил помеѓу „голф“ со македонски регистарски таблички и „фиат“ со бугарски регистарски таблички, загина 45-годишниот бугарски државјанин, а повредено е и четиригодишно девојче. Потешко...

Тешка сообраќајка во Битола, едно лице се бори за живот

Вчеравечер, во два часот по полноќ, во Битола на улицата Партизанска, се случила тешка сообраќајна несреќа. Во возилото се наоѓале две лица, Х.С. на возрасот од 19 годни и Т.С. на возраст од 21 година, кои поради здобиени повреди со возило на Итната медицинска помош биле префрлени во Клиничкиот центар во Битола. Возачот Х.С., поради сериозноста на повредите, е во...

Тепачка во средното училиште „Кочо Рацин“

Вчера, околу 10 часот, во полициската станица Ѓорче Петров, пријавено е дека во средното училиште „Кочо Рацин“ се стеапле две поголеми групи лица. Од едната страна учествувале М.Р. (48), Б.С. (17), М.А. (18), Р.А. (15) и М.А. (16) и од другата страна лицата Е.И.(17), Е.И. (18), Е.Н. (15), С.Ј. (17), С.Ј. (18) и А.Б., сите од Скопје. Кај 16-годишниот М.А....

Автомобил излетал од патот кај Катланово

Четири лица биле полесно повредени во сообраќајна незгода што денеска претпладне се случила пред тунелот Катланово, на автопатот Велес - Скопје, пренесува телевизијата „Канал 5“. Несреќата се случила околу 10 часот, кога автомобилот, марка „ауди“ со штипски регистарски ознаки, со кој патувале, удрил во заштитната ограда покрај коловозот и завршил во дрвја покрај патот. Лекарите кај патниците констатирале контузии и набиеници...

Девет лица повредени во верижен судир кај клучката Волково

Девет лица се пожалиле на повреди по верижен судир на повеќе возила, кој утрово, околу 8 часот, се случил на обиколницата кај клучката Волково, информираат за „Мета“ од СВР Скопје. Повредените се пренесени на скопските клиники. Засега нема информации за видот и за тежината на повредите со кои се здобиле патниците во судирот, но според првичните сознанија, не станувало збор...

Пожарот во „Јан Амос Коменски“ бил од заборавена греалка?

Пожар во работилница во подрумските простории избувнал утринава во Основното училиште „Јан Амос Коменси“ во Скопје. Командирот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски, за новинската агенција „Мета“ изјави дека веднаш било реагирано и пожарот е ставен под контрола. - Во работилница во подрумската просторија на училиштето, најверојатно од заборавена греалка избил пожар. Нема повредени, а пожарот е целосно изгаснат - изјави за...

Експлозија во рудникот во Добрево, двајца рудари повредени

Двајца рудари, изутрината околу 7.15 часот, се донесени  во штипската Клиничка болница, со повреди од експлозија што се случила додека работеле во рудникот на „Индо инерали и метали“ во Добрево, кај Пробиштип. Штипската полиција потврди дека дошло до ескплозија, од засега непознати причини. Притоа, настрадале 42-годишниот рудар со иницијали Д.З. и 49-годишшниот З.Т., и двајцата од Пробиштип. На потешко повредениот Д.З., експлозијата му...

Џип на граничната полиција се превртел на автопатот Тетово – Гостивар

Џип на граничната полиција вчера се превртел на автопатото Тетово - Гостивар. Во сообраќајната несреќа биле повредени четворица полицијаци, кои се надвор од животна опасност. Според првичните неофицијални информации, несреќата се случила кога возачот, обидувајќи се да се избегне пешак кој претрчувал на автопатот, ја изгубил контролата врз џипот.

Земјотрес во Јапонија: Најмалку 39 повредени, урнати 37 куќи во две села

Најмалку 39 лица се повредени, од кои седум потешко, во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, што вчера го погоди централниот дел од Јапонија, јавуваат агенциите. Повредените, главно, се здобиле со скрешници, пренесуваат американските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил северно од градот Нагано, во истоимената префектура, кој заедно со селата Хакуба и Огава го претрпеле најсилниот удар. Како што...

(ВИДЕО) Терористички напад во Харков

Украинските власти денеска отворија истрага за тероризам, по бомбашкиот напад во Харков, при кој беа повредени 11 лица. Бомбашкиот напад во Харков, град во Источна Украина, е прв поголем напад од почетокот на судирите со проруските бунтовници. Најмалку 11 лица се повредени во синоќешната експлозија на бомба во бар во центарот на Харков, објави полицијата и додаде дека две од повредените...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...