fbpx
Таг: пиштол

таг: пиштол

Ја ограбил со пластичен пиштол

Вчера, околу 20.45 часот, во Велес ,на улицата Тодор Јанев, во колонијалната продавница „Афродита“, сопственост на Г.Б.(51), непознат сторител со закана со пластичен пиштол и со употреба на физичка сила извршил разбојништво над вработената, при што од касата одзел 2.500 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Жител на Богданци осомничен за насилство и за напад на полицајци

Четириесет и четиригодишен жител на Богданци е осомничен за насилство, откако нападнал сограѓанин и полициска екипа, која дошла да интервенира по инцидентот. Како што информираат од гевгелиската полиција, осомничениот Ѓ.Д., на почетокот на овој месец, во кафеаната „Парк“, без повод и причина нападнал сограѓанин, удирајќи го во главата. По инцидентот, тој излегол од кафеаната, но по извесно време, повторно се...

Брачен пар осомничен за убиство во Горно Оризаре

Велешката полиција поднела кривични пријави против жител на селото Горно Оризаре, осомничен дека кон крајот на март годинава, го убил својот соселанец Бајрам И.(33), соопшти полицијата. Покрај осомничениот, кој според пријавата, се товари за кривично дело убиство, приведена е и неговата сопруга. Таа, според полицијата, е осомничена за помагање бидејќи знаела за убиството, но не пријавила. Убиството беше откриено кон средината...

Кривични пријави за двајца полициски инспектори поради пиштолот на осомничениот за трикратното убиство

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, по извршени проверки, утврдила низа пропусти кај двајца инспектори од кавадаречката полиција, кои постапувале по пријавите за семејно насилство од жртвите на тројното убиство што се случи во неделата. Како што информираат оттаму, полициските инспектори Д.Т. и Д.К. не постапувале професионално и против нив секторот за внатрешна контрола ќе поднесе кривични...

Пензиониран војник се заканувал со пиштол пред владата на Србија

Пензиониран потполковник на војската на Србија мавтал со пиштол помеѓу главниот и помошниот влез на зградата на Владата и се заканувал дека ќе се убие. По преговорите со полицијата, тој го предал пиштолот, а надлежните го собрале оружјето и мажот го внеле во владината зграда. За време на инцидентот, делови од улиците околу владата на Србија биле блокирани, а...

Полицијата сè уште трага по осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци

Полицијата сè уште трага по кавадарчанецот, осомничен дека вчера попладне убил три лица во нивниот дом во градот. Осомничениот смртно ги застрелал родителите и сестрата на неговата поранешна сопруга, пренесуваат дел од медиумите. Од велешката полиција иформираат дека пријавата за случајот кај нив пристигнала вчера околу 16 часот. - Убиени се три лица, на возраст од 33, 56, 61 година. Јавен обвинител...

Застреланиот полицаец пуштен на домашно лекување

Полицаецот што синоќа беше застрелан во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје и притоа доби повреда на левото рамо, е пуштен на домашно лекување. Според неофицијални информации, настанот се случил кога полицаецот, кој бил без униформа и не бил на работно место, тргнал кон Старата скопска чаршија. На улицата Стив Наумов, тој бил нападнат од две непознати лица, при што едното...

Полицаец застрелан кај „Мавровка“

Во престрелка кај трговскиот центар „Мавровка“ доцна синоќа, еден полицаец е повреден. Според неофицијалните информации, во полицаецот стрелале две лица кои се дале во бегство. Полицаецот од Бит Пазар бил префрлен во болница и не се даваат информации колку се сериозни повредите. Полицијата најавува повеќе детали за денеска.

Братче си ја застрелалo сестричката во Охајо, САД

Истрагата за овој инцидент ќе ја преземе обвинителската канцеларија од округот Лорејн
Тригодишно девојче се наоѓа во критична состојба откако нејзиниот четригодишен брат ја застрелал со огнено оружје во главата. Инцидентот се случил во градот Лорејн, во американската сојузна држава Охајо, на околу 50 километри западно од Кливленд. Децата си играле сами во соба кога момчето во фиока пронашло наполнет пиштол. Истрагата за овој инцидент ќе ја преземе обвинителската канцеларија од округот Лорејн, која ќе...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...