fbpx
Таг: пиштол

таг: пиштол

По вербалната расправија го удирл со чекан по глава

Тетовец со чекан нападнал багерист кој работел во близина на неговиот дом, по што багеристот извадил пиштол и пукал во воздухот. „Во село Селце, тетовско, настанала вербална расправија помеѓу Ј.К.(38) и Р.А.(36) кој со багер извршувал градежни работи, а бил ангажиран од страна на Б.И.(40). Во еден момент Ј.К. фрлил чекан кон Р.А. кој бил на багерот и му нанел...

Разбојник однел 200.000 денари од скопско казино

Маскиран и вооружен разбојник ноќеска ограбил казино на улицата 11 Октомври во Скопје, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило десетина минути по полноќ, во казиното „Слот“, каде сторителот, заканувајќи се со пиштол на вработените, одзел околу 200.000 денари и побегнал. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на разбојникот и за расчистување на случајот.

Кражба во Скопје – украден сеф и пиштол

Непознато лице ограбило куќа во скопската улица Локов, во сопственост на Т.А. (1968). Крадецот од домот го одзел сефот во кој имало пиштол „ЗИК“, со калибар 9 милиметри. Во сефот Т.И. имал дозвола за пиштолот и разни документи. Полицијата сè уште трага по крадецот.

Поштар од Злетово несакајќи се застрелал со пиштол во нога

Триесет и едногодишен поштар во пробиштипското село Злетово вчера попладне, несакајќи се застрелал во десната потколеница, со пиштол што го поседувал со дозвола, информира полицијата. Инцидентот се случил околу 13.15 часот, во објектот на „Македонски пошти“ во Злетово. Според полицијата, поштарот Т.Д., кој дента разнесувал пензии во селото Лесново, со себе го зел и својот пиштол, марка „застава“ калибар 7,65 милиметри,...

Од скопска фирма украден сеф со пари, пиштол и документи

Непознат сторител, ноќта меѓу понеделникот и вторникот, провалил во фирмата „Боико инженеринг“ на улицата Њуделхиска и украл метален сеф со плен чија вредност била проценента на околу 3.000 евра, информира полицијата. Како што информираат од полицијата, крадецот во фирмата влегол насилно отворајќи ја влезната врата, а во металниот сеф што го одзел, имало 1.200 евра, пиштол, марка „застава М-88“, издаден...

Пресметката од кафе-барот во Охрид продолжила во болница

Физичката пресметка во кафе-барот во Охрид, во која имало и пукање од пиштол, продолжила на хируршкото одделение во Општата болница во Охрид, каде се сретнале родителот на еден од учесниците во тепачката во кафе-барот со двајца од спротивната група. Во обид да ги спречи, полициски службеник добил лесни телесни повреди. „Во кафе-барот, на булевар Македонски просветители, по претходна вербална расправија...

Пукотници со пиштол и повредени млади лица во кафе-бар во Охрид

Неколку лица се повредени во пукотници во Охрид, ноќеска по полноќ. Во немилиот настан учествувала група од пет до шест млади лица од Охрид, кои се приведени многу бргу по пукањето, дознава „Мета“ од извори на истрагата. Во пукањето имало повредени, кои се згрижени на лекување во Општатата болница во Охрид. Нема информации за тешки повреди, ниту за починати. На пукањето...

Украден пиштол од библиотеката „Св. Климент Охридиски“

Од сефот на Народната универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ бил украден пиштол „црвена застава“ во вредност од 30.000 денари. „Во точно неутврден временски период од три години, непознат сторител извршил тешка кражба во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, при што, при згодна пригода, од сефот на библиотеката, кој бил оставен отклучен, одзел еден пиштол „црвена застава“. Сторителот стекнал противправна...

Скопје: Украдени пиштол и накит во вредност од 260.000 денари

Непознат сторител вчера упаднал во куќата на М.М. (36), на улица Исаија Мажовски во Скопје,  при што украл пиштол „чешка зброевка“ и разновиден златен накит, со што на сопственикот му причинил материјална штета од околу 260.000 денари. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Тринаесетгодишник вперил пиштол во главата на соученик

Тринаесетгодишен ученик во основното училиште „Гоце Делчев“, во тетовското село Порој, завчера вперил пиштол во главата на три години помлад соученик, а потоа со цевката го удрил по лицето. Како што информираат од полицијата, случајот вчера го пријавил таткото на нападнатиот ученик. Според пријавата, во понеделникот, околу 18 часот, кога неговиот син излегол во училишниот двор, му се доближил 13-годишникот,...

Деветнаесетгодишник расечен со нож во тепачка

Деветнаесетгодишно момче било повредено со нож во тепачка меѓу две групи што вчеравечер се случила на булеварот Партизански одреди, информираат од МВР. Според полицијата, вчера, околу 18 часот, дошло до расправија, а потоа и до тепачка меѓу Е.М. (19) и неговиот врсник Љ.И. од една и З.Р. (31), Ш.И. (29) и Е.А. (23) од друга страна. Во тепачката Љ.И. бил...

Нишанел кон еден, погодил други двајца

Триесет и четиригодишен жител на тетовското село Желино, со пиштол застрелал двајца свои соселани во инцидент што вчеравечер се случил пред чајџилница во селото, информираат од МВР. Инцидентот се случил околу 22.30 часот, кога Б.А. (50), Џ.С. (52) и Е.Џ. (49), излегувајќи од чајџилницата, биле пресретнати од В.Џ. (34). Во тие моменти, тој од пиштол истрелал еден куршум кон Е.Џ., но...

Разбојници ограбиле тројца државјани на Сиера Леоне

Тројца странски државјани утрово биле ограбени од три непознати лица на локланиот пат Куманово - село Ваксинце, информираат од полицијата. Разбојништвото, според полицијата, се случило околу 2 часот по полноќ, кога неколку лица со пиштол им се заканиле на тројца државјани на Сиера Леоне и им одзеле 5.300 евра. Случајот бил пријавен во полиција, која презема мерки откривање на разбојниците.

Со пиштол им се заканувал на татко и на син

МВР поднесе кривична пријава против Б.С. (45) од Струга, поради постоење сомневање дека недозволено изработувал, поседувал и тргувал со оружје или распрскувачки материи, при што на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Имено, на 9 јануари годинава, околу 17.20 часот, пријавениот пристигнал во дворот на оштетениот и по вербална расправија и закани по неговиот живот и по животот...

Ограбена продавница на „Кам“ во скопски Чаир

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчеравечер ограбил супермакет на „Кам“, во скопската населба Чаир, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20.15 часот во продавницата „Кам“ на улицата Џон Кенеди, кога маскираниот разбојник со пиштол им се заканил на четворица вработени и зел 55.000 денари од дневниот промет. Случајот бил пријавен во полиција, чии екипи преземаат мерки за откривање на сторителот.

Двегодишно дете ја убило мајка си во продавница на „Волмарт“ во САД

Двегодишно дете ја застрелало и ја убило својата 29-годишна мајка со пиштол што го нашло во нејзината чанта, додека пазарале во продавница на „Волмарт“ во малото гратче Хејден, соопштила полицијата на сојузната американска држава Ајдахо, пренесуваат светските медиуми. Од канцеларијата на шерифот на областа Кутенаи, изјавиле дека мајката, Вероника Рутлиџ, пазарувала со нејзиниот син и со уште три други деца, кога...

Ограбена обложувалница во Куманово

Вчеравечер, околу 21.30 часот, непознато лице, вооружено со пиштол, ја ограбило обложувалницата „Плеј ин“ во Куманово, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојникот со пиштол им се заканил на вработената и на гостин во обложувалницата, а потоа го одзел дневниот промет од касата и мобилниот телефон на гостинот. Вкупната вредност на пленот што го однел разбојникот била проценета на околу 42.500 денари.

Веселејќи се, со пиштол се застрелал во нога

Седумдесет и деветгодишен жител на гостиварското село Горна Бањица, вчера се застрелал во нога, додека со пиштол пукал на семејна веселба во селото. Како што информираат од полицијата, А.А. во текот на веселбата, од пиштол, со калибар 9 милиметри, истрелал осум куршуми во воздух, а потоа мислејќи дека веќе нема куршуми во рамката, го свртел пиштолот кон земја и истрелал куршум...

Гостивар: Татко со пиштол ја повредил 16-годишната ќерка

Шестнаесетгодишно девојче синоќа е донесено во Медицинскиот центар во Гостивар со прострелна рана од огнено оружје во пределот на рамото. Повредената е префрлена во Клиничкиот центар во Скопје. Полицијата, по преземените мерки, открила дека повредите ѝ ги нанел нејзиниот татко М.Ф. (38). Извршен е претрес во неговиот дом, каде е пронајден и одземен пиштолот марка „црвена застава“, калибар 7,62 мм,...

Ја ограбил со пластичен пиштол

Вчера, околу 20.45 часот, во Велес ,на улицата Тодор Јанев, во колонијалната продавница „Афродита“, сопственост на Г.Б.(51), непознат сторител со закана со пластичен пиштол и со употреба на физичка сила извршил разбојништво над вработената, при што од касата одзел 2.500 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...