fbpx
Таг: пиштол

таг: пиштол

Полицаец нападнал членови на комисијата оти ќерка му не го положила возачкиот испит

Полицаец од полициската станица во Кавадарци вчера им се заканувал на претседателката на испитниот центар на Здружението на возачи - Велес и на уште еден вработен дека ќе ги убие со пиштол, а потоа и физички ги нападнал бидејќи неговата ќерка не го положила возачкиот испит. Како што информираат од МВР, полицаецот Ј.К. вчера околу пладне влегол во испитниот центар...

Обвинителство ќе бара притвор за напаѓачот во Кичево кој рани носител на советничка листа

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар извршил увид во центарот на Кичево, на местото каде што синоќа во вооружен инцидент ранети беа три лица, меѓу кои и носителот на независна листа за советници во општината, Алит Абази. „Според првичните сознанија, до инцидентот дошло кога лицето А.А. од зад грб истрелало неколку куршуми од пиштол кон А.А. и А.Д. При нападот,...

Маж тешко ранет во ресторан во скопско Батинци

Крвава пресметка се случила вчера во скопското село Батинци, при што еден жител на селото е тешко ранет, а полицијата трага по неговите напаѓачи. Како што соопшти полицијата, рано попладнето дошло до тепачка во ресторан во селото, по што противниците излегле надвор и таму продолжиле да се пресметуваат. Во еден момент било стрелани кон 35-годишниот Р.А. од Батинци, при што добил...

Физичка пресметка и закана со пиштол во Бутел

Непознати лица синоќа со закана со пиштол се обиделе да ги нападнат 22-годишниот М.Ж. и неговиот 25-годишен другар Н.А. на улицата „Бутелска“ во Скопје, пред кафе-бар, соопшти МВР. Настанот се случил во 23 часот додека М.Ж. се движел со своето возило во кое бил и Н.А. (25). Од левата страна тие биле заобиколени од возило од кое излегле три непознати...

Кумановското обвинителство поведе истрага против лицето што уби тинејџер на свадба

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба завчера во кумановското село Липково. Според соопштението, осомничениот на 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка „смит и весон“ и со умисла истрелал еден куршум со кој го погодил сега починатиот 19-годишник Б.Х., државјанин на Република Германија. Почната е истражна...

Премиерот Заев го осуди нападот врз Тодоров

Премиерот Зоран Заев по примопредавањето на должноста со досегашниот, техничкиот премиер Емил Димитриев, го осуди атентатот врз министерот за здравство во заминување Никола Тодоров. - Јас го осудувам ваквиот начин. Не ги знам деталите, Оливер Спасовски ме информираше дека се работи за некое физичко лице кое што директно посегнало по пиштол. Не знаеме детали околку самиот настан, но целосно го...

Дедото на малата Тамара пукал во Никола Тодоров

Шеесетгодишниот Љ.С. од селото Каласлари, Велешко пукал во поранешниот министер и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму информираат дека осомничениот истрелал два куршуми од пиштол кон Тодоров. Во инцидентот, според МВР, нема повредени. Напаѓачот е веднаш уапсен и однесен во полициска станица, каде во тек е истрагата за случајот. Дел од медиумите,...

Српскиот бизнисмен Пецони e ранет во центарот на Белград

Српскиот бизнисмен Предраг Ранковиќ - Пeцони вечерва е ранет во вооружена престрелка во хотелот „Праг“, во центарот на Белград, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Тој бил префрлен во клинички центар, но не е во животна опасност. Според неофицијалните информации, Ранковиќ седел во ресторанот на хотелот „Праг“ со група луѓе. Кон нивната маса пришол маж, кој почнал расправија и потоа посегнал по пиштол. Луѓето...

Скопјанец застрелан во расправија во Ченто, се наоѓа во животна опасност

Откако вчера бил застрелан, 27-годишен скопјанец со тешки повреди е пренесен во Специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје и се наоѓа во животна опасност, извести МВР. Инцидентот се случил вчера попладне. Во полиција било пријавено дека на улицата Фуштанска во населбата Ченто, две непознати лица, кои дошле со два автомобили, почнале да се расправаат со Г.Б. (27), по што...

Кичевец си ја застрелал малолетната сестра

Ќ.М.(17) од Кичево поради невнимание ја застрелал неговата малолетна сестра. Тој со пиштол на татко му испукал еден куршум, при што го повредил девојчето кое по укажаната медицинска помош во Општата болница во Кичево, билo однесенo во Скопје на Клиниката за детска хирургија. Таму и била констатирана прострелна влезно-излезна рана на десната надколеница. Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела...

Пиштол и накит украдени од куќа во Прилеп

Непознат сторител синоќа, во периодот од 20.10 часот до 22.20 часот, ограбил куќа на прилепската улица Илија Компаниовски, сопственост на Б.Ј. Крадецот влегол насилно во куќата и одзел разновиден златен накит и пиштол со калибар 7,65 милиметри. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица во Прилеп и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно...

Кичевец најден мртов со прострелна рана во главата

Синоќа, околу 20.15 часот, полициски службеници до паркирано возило на магистралниот пат Гостивар - Кичево, го нашле починат 63-годишниот М.З. од кичевското село Трпчин Дол. Како што информираат од полицијата, кичевецот имал прострелна рана на главата, нанесена од огнено оружје, а покрај неговот тело бил пронајден и пиштол. Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа од полициската станица во Кичево....

Повратник од затвор пукал во братот

Синоќа во штипската болница со прострелна рана е донесен Ќ.М. (31), жител на јуручкото село Ебиплија. Во него со пушка пукал родениот брат Ш.М.(35), кој во март 2000 година, ладнокравно, без причина, уби тројца жители на карбинското село Црвулево, а рани двајца. Еден од ранетите тогаш беше неговиот брат, истиот од синоќешниот инцидент. Првпат беше ранет во ногата, а синоќа...

Од бензинска во Козле украдени 80.000 денари

Синоќа, околу 2 часот по полноќ, била ограбена бензинската пумпа „Макпетрол“ во населбата Козле. Непознат маж, заканувајќи се со пиштол, од вработените одзел околу 80.000 денари. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Петковски добил куршум додека бил во друштво со ексначалник на УБК и со поранешен градоначалник на Битола

Функционерот на СДСМ од Битола, Борче Петковски, кој вчера беше повреден со куршум во ногата, за време на инцидентот бил заедно со свои блиски пријатели, поранешниот градоначалник на Битола, Златко Вршковски, и бившиот началник на УБК за Битола, Љупчо Чкљамовски. Извори од полицијата за „Мета“ велат дека најверојатно е пукано од пиштол со придушувач. Од полицијата во Битола велат дека официјално ќе излезат...

Украден пиштол, ловечки нож и евра во куќа во село Трница

Шеесет и тригодишниот А.П. од мавровското село Трница вчера околу 19,15 часот во полиција пријавил дека ограбен му е домот. Непознато лице користејќи ја балконската врата упаднал во неговата куќа, при што одзел пиштол „застава ЦЗ-99“ со полна рамка, еден ловечки нож и 1.700 евра. Краадецот заминал во непознат правец, а полицијата презема мерки за за пронаоѓање на сторителот и целосно...

Возач од Лерин повредил полициски службеник кај Охрид

Попладнево, на магистралниот Охрид - Кичево, на делот од селото Подмоље кон Охрид, возач од Лерин, Грција, повредил полициски службеник од Охрид. Полициските службеници издале наредба за запирање на патничко моторно возило „сеат ибица“ со грчки регистарски ознаки. Возачот сопрел по втората издадена наредба за запирање на возилото. Кога полициските службеници се доближиле до автомобилот, возачот го стартувал наназад, по што...

Едногодишно девојче рането со огнено оружје во Кичево

Вчера, околу 13 часот, лекар од медицинскиот центар во Кичево во локалната полициска станица пријавил дека кај нив било донесено едногодишно девојче со прострелна рана во десната натколеница, нанесена од огнено оружје, информираат од МВР. По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, девојчето било пренесено во Ургетниот центар во Скопје. Во полициската истрага било утврдено дека истиот ден, околу 12.30...

Закани со пиштол во училиште во тетовско Камењане

Петнаесетгодишно момче од тетовско Камењане во основното училиште во ова село со огнено оружје им се заканувал на тројца ученици од селото Пирок. Помеѓу малолетниците вчера попладне, најпрвин почнала вербална расправија во дворот на училиштето. Расправијата во еден момент кулминирала, по што тројцата ученици влегле во училишниот објект. Во објектот, исто така, влегол и 15-годишникот, кој од појасот извадил пиштол, го репетирал, го...

Приведен кичевец за нелегално поседување оружје

Кичевската полиција вчера пронашла и одзела пиштол и рамка со шест куршуми, калибар 6,35 милиметри, при преглед на Ф.Е. (50) во угостителски објект во центарот на градот. Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 16.15 часот  кога Ф.Е. пристигнал во угостителскиот објект. По претходни оперативни сознанија, полициските службеници извршиле преглед врз него и ги пронашле пиштолот и рамката со...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...