fbpx
Таг: патишта

таг: патишта

Тајфун го погоди северот на Јапонија, 11 лица загинаа, а 17 исчезнаа

Најмалку 11 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати откако тајфун го погоди северот на Јапонија, притоа отсекувајќи 1.600 лица во зафатените подрачја, соопштија денеска локалните власти. Тајфунот бил со брзина поголема од 160 километри на час и го погодил северниот дел на јапонското крајбрежје на Пацификот. Невремето блокирало патишта и мостови, а биле отсечени и одредени места, наведуваат локалните...

Заев во Охрид вети поддршка на домашната економија преку директни инвестиции

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Охрид имаше средби со жителите и гостите кои престојуваат во македонскиот туристички центар. Заев рече дека е недозволиво Охрид сè уште да нема затворен базен, покриен пазар, како и современа автобуска станица, проекти кои само ги ветува но никако да ги реализира актуелната централна и локална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на СДСМ се осврна...

Интензивен сообраќајот надвор од градовите

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, но интензитетот надвор од градските средини е зголемен, соопшти Автомото-сојузот на Македонија. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

ВМРО-ДПМНЕ: Еврообврзницата е нормален финансиски механизам

СДСМ продолжува со обидите за финансиски тероризам, воден од мотото „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за повторното идавање на еврообврзницата. Според оваа партија, еврообврзницата преставува нормален финансиски механизам што се применува во сите европски земји. - Дотолку повеќе, овој механизам во Македонија е воведен токму од СДСМ, со таа разлика што...

СДСМ: Лошите и небезбедни патишта во земјава земаат многу човечки жртви

Поради погрешните политики на криминалната власт, Македонија загуби речиси 100 милиони евра неповратни средства од ЕУ за инфраструктури проекти кои можеа да се инвестираат во патишта, железници, водоводи, канализации и во инфраструктура, велат од СДСМ. - Километар автопат во Македонија во моментов чини повеќе од километар автопат во земјите членки на ЕУ, како Бугарија, Хрватска, па дури и Данска. Во...

Лозарите ќе блокираат патишта поради неисплата на грозјето

Лозарите од Неготино и од Кавадарци ќе ги блокираат регионалните патишта в понеделник поради неисплата на нивниот род од визбата „Повардарие“, пишува порталот „Дума“. Тие побарале помош од надлежните институции, бидејќи се загрозувал откупот на грозјето од идната реколта, но и нивната егзистенција. Лозарите додаваат дека се наближува нова берба, а сè уште има лозари кои не можат да си го наплатат старото...

Подобрување на патната инфраструктура бараат туристичките работници

Подобрување на патната инфраструктура, како и спречување на нелојалната конкуренција од поединци нерегистрирани за туристичка дејност или т.н. „човек-агенција“ во Струга и во Охрид, бараат туристичките работници во насока на подобрување на домашната туристичка понуда. - За нас е приоритет изградбата на автопатот Кичево - Охрид за подобро инфраструктурно поврзување на Скопје и на Охрид. Но, за развој на бањскиот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Патната инфраструктура беше на најлошо ниво во времето на СДСМ

„Додека СДСМ беше на власт, не се вложи ниту денар во обнова на патната инфраструктура, додека во регионот се случуваше инвестициски бум. Наеместо тоа, како резултат на криминалните зделки, оставија целосно уништена патна мрежа од која граѓаните најмногу трпеа“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ, на која претседателот на комисија за транспорт и врски, Благој...

Бочварски: Македонија најмалку инвестира во патишта од земјите во регионот

„Во првиот квартал од оваа година, реализирани се само само 13 отсто од планираните инвестиции во инфраструктурата. Вложени се незначителни 27 милиони евра. Дополнително, со ребалансот на буџетот, власта во заминување ги намали средствата за капитални инвестиции за дури 45 милиони евра“, изјави претседателот на комисија за транспорт и врски и член на СДСМ, Благој Бочварски. Тој додаде дека „Македонија...

За бизнис-заедницата важно е да нема кратење средства од капиталните проекти

За бизнис-заедницата е важно да не се намалат средствата за развој на патната и на железничката инфраструктура со предлог-ребалансот на буџетот. Според директорката на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора, Билјана Пеева-Ѓуриќ, од реализирањето на капиталните проекти зависи работењето и економското дејствување на компаниите во следниот период. - Ребаланост на буџетот е нормална појава во услови на изостанување на резулти...

АМСМ: Дождот однесе една коловозна лента од патот кон ски-центарот Кожув

Врнежите од дожд и надојдените големи количества на вода во коритото на Коњска река, кое е стеснето поради изградна на хидроелектрична централа, однесоа една коловозна лента од регионалниот пат Гевгелија - Смрдлива вода - ски центар Кожув во должина од 15 - 20 метри, соопшти попладнево Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ инфирмираат дека поради прелевање на водата од...

Франција е блокирана поради штрајкот на работниците

Седум француски синдикати повикаа денеска на штрајк поради измените на законот за работа, а меѓу нив се Париската сообраќајна мрежа, Железницата на Франција и возачите на камиони, поради што сообраќајот од раните утрински часови е блокиран, јавуваат француските медиуми. Автобусите во Париз ќе возат со изменет возен ред, а некои метро-станици се затворени. Одредени патни правци се блокирани и поради...

Сточарите од Малешевијата ги блокираа патиштата, бараат итни мерки за болеста кај добитокот

Сточарите од Малешевијата денеска излегоа на протест и ги блокираа патот Берово - Виница и патот Берово Пехчево, кај селата Мачево, односно Смојмирово. Тие бараат од надлежните власти да не се уништуваат грлата добиток заболени од јазлеста кожа и итно да се преземат превентивни мерки. Сточарите што денеска протестираа го изразија револтот од, како што рекоа, непостапувањето на надлежните институции по...

Од 11 до 12 часот во прекин магистралниот пат Кочани – Штип

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози, јавуваат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Поради протест на месното население од 11 до 12 часот, во прекин ќе биде сообраќајот на магистралниот пат Кочани - Штип, кај селото Облешево. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на...

Нови блокади на границите со Грција

Блокадите на грчките патишта и на граничните премини продолжуваат додека грчките земјоделци се подготвуваат со тракторите утре да тргнат кон Атина за, ако што најавуваат, да го окупираат централниот плоштад Синтагма. Грчките земјоделци, според најавите, ќе го затворат преминот кај Богородица од 17 до 21 часот, додека кај Дојран ќе биде блокирано од 12 до 14 и од 19 до...

АМСМ: Сообраќајот се одвива без забрани и по суви коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на повисоките и на осојничавите места. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар –...

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози со намалена видливост поради магла

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на Страцин до 50 метри. На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат...

АМСМ: Сообраќајот се одвива без забрани и застои, по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“. Слаб снег кој не се задржува на коловозите провејува на патните правци Попова Шапка – Тетово – Гостивар – Маврово и на Стража, информираат од АМСМ. Оттаму препорачуваат внимателно...

Следната година ќе се градат пет експресни патишта

Најдоцна до средината на следната година ќе почне изградбата на пет нови експресни патишта, соопшти денеска во Неготино премиерот Никола Груевски, додавајќи дека проектот е вреден 300 милиони евра. - Станува збор за патот од Штип до Кочани, Штип – Радовиш, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и Охрид – Пештани. Тоа се пет експресни патишта чија градба ќе...

ЕБОР со 64 милиони евра ќе ја кредитира изградбата на патот Штип – Радовиш

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ја зајакне транспортната инфраструктура со финансирање на модернизацијата на македонската национална патна мрежа со кредит до 64 милиони евра, соопшти ЕБОР. Финансирањето ќе се искористи за подобрување на 39 километри од националниот патен правец што ги поврзува градовите Штип и Радовиш. Како дел од патот А4, подобрениот патен правец ќе ги поврзе и новиот автопат Миладиновци - Штип,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...