fbpx
Таг: патишта

таг: патишта

Граѓаните да не го користат превојот Галичица на патот Трпејца-Отешево, неколку возила заглавија во снегот

Планинскиот превој на Галичица на регионалниот пат Р504 меѓу Трпејца и Галичица да не се користи за сообраќај, апелираат до граѓаните од Планинската спасителна служба во Охридскиот регион, кои изминатиов период имаа интервенции за одглавување на возила на патот. Тие велат дека граѓаните треба строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација и да не го користат...

По веста на Порталб, започна менувањето на патните табли од времето на „Албанија на Енвер Хоџа“

Потребни беа над 50 години Јавното претпријатие „Македонијапат“ да започне со замена на информативните табли каде соседна Албанија сè уште фигурира како Народна Република. Интервенцијата на тимот на ЈП „Македонијапат“ следеше откако пред неколку недели Порталб.мк го покрена ова горливо прашање, заедно со пропустите во употребата на албанскиот јазик на информативните табели крај патиштата, пишува Порталб.мк. Порталб.мк на лице место...

Порталб: Нема одговорност за патните табли за Албанија од времето на Енвер Хоџа и за непочитувањето на двојазичноста

Иако поминаа неколку години од усвојувањето на Законот за двојазичност во земјава, којшто гарантира употреба на албанскиот јазик во сите органи на централната власт, неговото спроведување е на незадоволително ниво. Непримената на законот се забележува на информативните табли по патиштата, во градовите со албанско мнозинство, па сè до администрацијата и судството. Загрижува фактот што после толку години на некои...

Порталб: Се одржа протест пред Општина Струга, активистите бараат да се ​​спречат трагедиите по патиштата

По трагичната несреќа на регионалниот пат Струга - Охрид, во која животот го загуби 17-годишно момче додека возеше велосипед, „Велосипедскиот клуб“ од Струга денес протестираше пред Општина Струга, пишува Порталб.мк. Тие бараат од Општина Струга да ги исполни нивните барања со цел да се спречат други можни трагедии на овој пат, што според нив, е опасен а општинските власти никогаш...

Утре ќе се протестира пред општина Струга, активистите бараат велосипедска патека Струга-Охрид

По трагичната несреќа на регионалниот пат Струга-Охрид, во која животот го загуби 17-годишно момче додека возеше велосипед, „Велосипедскиот клуб“ од Струга утре во 12:00 часот ќе протестира пред општина Струга и притоа ќе бараат реализација на нивните три барања со цел да се спречат други можни трагедии на овој пат, кој според нив е опасен, а општинските власти никогаш...

Втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип-Кочани ќе биде готова до крајот на годинава

До крајот на 2021 година ќе може да се вози по целосната траса на експресниот пат Штип-Кочани. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат, на потегот од селото Крупиште до Кочани. Втората фаза од експресниот пат е со должина...

ЦГК: Повеќе од осум милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра, се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). „Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување...

Четири од десетте најфреквентни патишта не се автопати, Тетово-Гостивар и натаму со најмногу сообраќај [инфографик]

Огромно намалување на сообраќајот во 2020 година е забележано на патниот Коридор 10, а автопатот Тетово-Гостивар и во ковид кризата останал најфреквентен патен правец во земјава. Податоците кои „Мета.мк“ ги побара и ги доби од Јавното претпријатие за државни патишта покажуваат дека со Просечен годишен дневен сообраќај (ПГДС) од 13.647 возила, автопатот Тетово-Гостивар и во 2020 година имал најмногу...

Државата инвестира 90 милиони евра во модернизиран патен Коридор 8 кон Бугарија

Целокупната траса на Коридорот 8 во земјава се реконструира и за година-две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа која што ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми извршија увид...

Патиштата со дупки и небезбедни, посетителите се жалат на инфраструктурата во Кањонот Матка

foto: portalb
Запоставена инфраструктура, несредени патишта со дупки, се дел од проблемите на кои наидуваат возилата и пешаците кои во слободно време сакаат да се рекреираат во Кањонот Матка, една од најатрактивните туристички дестинации во Скопје, но и во земјава и едно од најпосетуваните места од граѓани од земјава и од туристи, пишува Порталб.мк. Ваквите патишта претставуваат вистински предизвик и се...

Изградбата на патот „Егнација“ во Албанија втурната во ќорсокак

Патниот правец Ќукс-Ќафа Плоча со должина од 43,4 километри, познат како патот „Егнација“, по повеќе од една деценија одолговлекување може да се смета како втурнат во ќорсокак. Проектот започна да се гради со почетна сума од 134,6 милиони долари, цена што сега е двојно поголема, додека крајот на изградбата е одложен за уште 22 месеци. „За целосна реализација на проектот...

Ковид-19 ги намали за над 4,3 милиони евра приходите од патарина во третиот квартал

Пандемијата на ковид-19 негативно влијае врз приходите од патарина што ги остварува Јавното претпријатие за државни патишта. Во периодот јули-септември 2020 година од наплатата на патарина во земјава бил остварен вкупен промет од 9.790.479 евра, информираат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Во идентичниот квартал минатата година, од патарините по сите основи биле инкасирани над 14,1 милиони евра,...

Средба Бесими – Сера: Шпански компании заинтересирани да влезат во изградба на Коридорот 8

Шпански компании, кои се едни од водечките во изградба на железничка инфраструктура во светот, се заинтересирани да учествуваат во јавните повици за изградба на железничкото поврзување кон Бугарија, во рамките на Коридорот 8. Амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера ова му го соопштил на министерот за финансии Фатмир Бесими на одржаната средба, информираат од Министерството за финансии. Бесими му...

Се реконструира автопатот Петровец-Катланово, граѓаните бараат да се работи навечер

Јавното претпријатие за државни патишта ја започна реконструкцијата на автопатската делница Петровец-Катланово на патниот Коридор 10. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи на проектот вреден 7,2 милиони евра. Градежните екипи работат на рехабилитација на коловозот во вкупна должина од 10 километри во двата...

ЕБОР го објави тендерот за доградба на првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави тендерот за довршување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп. Меѓународниот тендер ги повикува градежните компании да достават понуди најдоцна до 3 ноември за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура во должина од 10 километри. Изведбата на градежните работи се очекува да започне во декември 2020...

Туристите од странство се најнезадоволни од македонските патишта и хигиената на јавните места

Странските посетители на земјава се најнезадоволни од патната мрежа и од лошата хигиена на јавните места. Така одговориле најголемиот процент од гостите од странство анкетирани на граничните премини во минатата година, додека највисоки оценки дале за односот на луѓето и за археолошките и историските ресурси на Северна Македонија. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на странските посетители на граничните премини...

Корона вирусот во вториот квартал ги намали приходите од патарини за 40,7 отсто

Јавното претпријатие за државни патишта во вториот квартал од годинава регистрирало намалување на вкупниот остварен промет од патарини за 40,7 отсто, како и намалување од дури 51,75 отсто на бројот на наплатени возила во споредба периодот април-јуни 2019 година. Од ова претпријатие велат дека негативниот исход се должи на корона кризата, која доведе до вонредна ситуација во земјава, затворени...

Партиите пред избори редат ветувања за бројни инфраструктурни проекти

Двете најголеми политички партии во земјава со слични ветувања за развој на инфраструктурата во наредните четири години, доколку тие го добијат мандатот од граѓаните за да формираат влада. Коалициите „Можеме“ на СДСМ и „Обнова за Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ ставаат акцент на развојот на патната инфраструктура и транспорт, а во позадина се ставени железничката инфраструктура и сообраќај, велосипедскиот превоз и...

Дел од жителите на Полошкиот регион сè уште се движат по земјен пат

Состојбата на дел од регионалните патни правци не е во согласност, не само со барањата за економски развој, туку и со стандардите за безбедно одвивање на сообраќајот. Во Полошкиот плански регион локалната патна мрежа е во лоша состојба. Ова го пишува во Програмата за развој на Полошки плански регион 2015-2019 година, пишува „Порталб.мк“. Во документот се наведуваат повеќе стратешки проекти и...

До јуни ќе се објави тендерот за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

Јавното претпријатие за државни патишта планира до крајот на мај или почетокот на јуни да го објави тендерот за довршување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп. Градежните работи за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура запреа минатото лето, а беше раскинат и договорот со претходниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“. Директорот на ЈП за...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...