fbpx
Таг: Пари

таг: Пари

Разбојништво во менувачница во Тетово

Четири лица, од кои двајца италијански и двајца македонски државјани, приведени се поради основи на сомнение дека вчера извршиле кривично дело „разбојништво“ во менувачница во Тетово, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово. „Првоосoмничениот се товари дека влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол, од метален сеф и фиока одзел парични средства во вкупен износ од...

Ивона Талевска ги вратила парите за затаен данок, судот ѝ го вратил пасошот

Новинарката на „Сител“ , Ивона Талевска, на државна сметка ја уплатила целата сума од пресудата која ѝ ја изрече судот во предметот за даночно затајување „Тифани“, потврдиле од кривичниот суд за „Макфакс“. Талевска, според пресудата, како физичко лице вратила над 27 илјади евра за затаен данок од 6 години, уплатила 76 илјади денари за вештачењето на СЈО, 1.000 евра како...

Штипската опозиција обвинува дека граѓанските пари завршија во партиски џебови

Поделбата на близу милион денари од буџетот на Општината Штип на седум граѓански организации, ги спротивстави ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари добила организација чиј претседател беше кандидат за советник од листата на СДСМ на последните локални избори, а две од седумтте организации – добитници, имаат исто лице во управувачката структура. Со одлука на Советот на Општината Штип,...

Мицкоски: Сите партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати апел до сите политички партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот, по примерот на неговата партија. -Апелирам до владата средствата да ги пренамени за реконструкција и изградба на гимназија во Тетово. Но, истовремено еве да упатам апел до колегите од другите политички партии да не ги користат средствата коишто се предвидени,...

Џафери им даде три дена рок на партиите да го кажат ставот за референдумот

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање. Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на...

Манчевски: Кампањата за референдумот ќе чини 1,3 милиони евра

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски за „Канал 5“ изјави дека сумата која што министерствата ќе ја префрлат на Собранието за водење на медиумската кампања за референдумот ќе изнесува околу 80 милиони денари (околу 1,3 милиони евра). Манчевски вели дека Владата смета дека оваа сума е сосема доволна за медиумското претставување на Собранието. - Владата нема да троши јавни пари...

Просечната плата во јуни 24.203 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни 2018, изнесува 24.203 денари и бележи пораст во однос на јуни лани од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен за 20,4 отсто, информации и комуникации за 16,7...

Владата в среда ќе соопшти колку ќе потроши за кампањата за референдумот

До среда ќе се знае колку ќе чини кампањата за претстојниот референдум. На следната владина седница, која според најавите ќе се одржи во среда, официјално ќе се одреди сумата која ќе се оддели за кампањата. Владата на последната седница ги задолжи министерствата и органите на државната управа до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто ги имаат на...

Референдумот ќе чини 3,5 милиони евра

Собранието попладнево ја усвои одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници, со која се обезбедуваат 3,5 милиони за спроведување на референдумот за името кој ќе се одржи на 30 септември. Од Министерството за финансии велат дека со прераспределбата се кратат помали суми од повеќе поголеми буџетски корисници, а се алоцираат 210,4 милиони денари за спроведување на реферeндумот. „На овој начин...

ОЦЦРП: Рускиот бизнисмен Иван Савиди стои зад немирите во Македонија за името

Откако премиерот Зоран Заев изјави дека дел од навивачката група Комити добивала пари од руски бизнисмен за да протестира против Договорот со Грција, Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) објави дека според документи од МВР рускиот бизнисмен Иван Савиди кој живее во Грција исплатил 300.000 евра на десетици македонски политичари, членови на новоформираните националистички организации и...

Лагард најави можен заеднички буџет на еврозоната

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард најави можен заеднички буџет на еврозоната, кој би бил имплементиран под услов да не стане обичен трансфер на пари од богатите земји на сиромашните членки на ЕУ. - Буџетот би можел да биде направен без каква било обврски на овие другите - изјави Лагард. Лидерите на Франција и Германија се слогласија минатиот месец...

Јанева: Истрага за „Скопје 2014“ ќе има кога ќе утврдиме каде завршиле парите

Додека не ги анализираме сите документи и не утврдиме каде завршиле буџетски пари, кај кои физички или правни лица се одлеале, дали се тие во Република Македонија или надвор и кој ги користи, нема да отвориме истрага за одредени лица кои се директно инволвирани во проектот „Скопје 2014“, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева. На конференцијата „Заробена држава - илустрирана преку...

Кабинет на Иванов: Одговорно и транспарентно располагаме со буџетските средства

Кабинетот на престедателот Ѓорге Иванов, изминатите девет години, максимално одговорно, совесно и на транспарентен начин располага со буџетските средства, се вели во одговорот од кабинетот на претседателот на соопштението од Владата. „Во таа насока, потенцираме  дека сите јавни набавки од страна на кабинетот на претседателот се извршени на максимално транспарентен начин и согласно сите законски регулативи и истите се јавно достапни....

НБРМ: Софтверите на машините за обработка на пари да се прилагодат на новите 10 и 50 денари

Народната банка ги известува сите правни лица кои што ги одржуваат машините за обработка на пари и автоматите за наплата со готовина дека по 15 мај ќе започне периодот во кој што ќе можат да ги приспособат софтверите за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари. „Доколку правните лица...

Народна банка ги претстави првите полимерни банкноти, кои од 15 мај влегуваат во оптек

Народна банка го претстави сликовниот приказ на првите полимерни банкноти на Македонија, кои на 15 мај влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари. „Основната разлика помеѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност е материјалот кој се користи како подлога за печатење. Хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога, супстрат изработен...

На порталот „Отворени финансии“ ќе се следи трошењето на парите на граѓаните

Министерството за финансии во соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) подготвуваат портал „Отворени финансии“ кој што треба да биде пуштен во употреба кон крајот на годината. Овој портал ќе содржи податоци за трошењето на парите на граѓаните, односно за што се трошат парите, колку и кон која институција се вршело плаќање од буџетот и слично. Во првата фаза ќе бидат достапни...

Пластифицирани пари од 10 и 50 денари ќе се пуштат во употреба, книжните се повлекуваат

Народна банка ќе пушти во оптек книжни пари изработени од полимер (пластифицирани), во апоени од 10 и 50 денари, информираат од таму. „Истовремено беше донесена и одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари кои што се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов. Согласно со оваа...

Поповски презентираше алатка за отчетност: Потрошивме двојно помалку од претходниците

Помалку од двојно државни пари потрошиле функционерите на оваа влада во првите шест месеци од стапувањето на функцијата, во однос на функционерите на претходната влада по преземањето на функциите во 2014 година, информираше денеска министерот за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски. Анализата на софтверот (vlada.mk/otchetnost-troshoci), кој претставува Алатка отчетност за трошоците, покажува дека 60 функционери во Владата предводени од Зоран...

Се одбележува Глобалната недела на парите, младите ќе учат да штедат

Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација ја одбележува Глобалната недела на парите од 12 до 18 март, а активностите ќе продолжат во текот на целиот месец. Ова тело го сочинуваат Народна банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност, кои во соработка со Бирото за развој на образованието и Сојузот...

Тантуровски: Нема да поднесам оставка затоа што не чувствувам одговорност

Јас не чувствувам одговорност, не бев посочен како одговорен ниту во извештајот и од тие причини немам намера да поднесам оставка, изјави за „А1 он“, претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Игор Тантуровски, по обелоденувањето на скандалот за трошењето во Комисијата. - Извештајот беше направен за интерна употреба, но целта на неговото објавување во јавноста беше единствено...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...