fbpx
Таг: Пари

таг: Пари

Со платформата „Отворени финансии“ граѓаните ќе имаат увид во трошење на нивните пари во буџетот

Во Македонија конечно се отвори државниот трезор на Министерството за финансии и на увид на граѓаните ги ставаме минатите, сегашните и сите идни финансиски трансакции на буџетските корисници од буџетот, рече денеска премиерот Зоран Заев на промоцијата на веб-платформата Отворени финансии. „Електронскиот систем на трезорот го поврзавме со веб-платформата која ја нарековме Отворени финансии, во која може да се најдат...

Бузаку поднесе докази против поглаварот на ИВЗ во Обвинителство

Скендер Бузаку денеска во Основното јавно обвинителство ги достави, како што вели, првите докази за криминал од страна на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи, а најави и нови материјали. Несудениот наследник на Реџепи на првата позиција го обвинува реисот за перење пари и злоупотреба на уплатите од верници кои заминале на годинашниот аџилак. ИВЗ реагираше на таквите обвинувања,...

Ангеловска: Преку ребалансот, парите се распределуваат кај граѓаните и бизнисот

Со ребалансот на буџетот се обезбедува поддршка за поголеми плати во приватниот и јавниот сектор, повеќе средства за активни мерки за вработување и средства за проектот „МојДДВ“, преку кој за помалку од три месеци на граѓаните ќе им биде извршен поврат на ДДВ, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска образлагајќи го истиот на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според...

Кривична за четиримина од УБК, подигнале 824.000 евра „за посебни намени“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска соопшти дека ја завршило истрагата почната во март годинава и поднело обвинителен акт за четворица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Тројца од нив со обвинителниот акт се товарат за Злоупотреба на службената положба и овластување, а еден за помагање во извршување на тоа кривично дело. Според...

Милион евра во „Луи Витон“ – објавени видео и аудио снимки поврзани со случајот „Рекет“

Италијанскиот весник „Ла Верита“ (Вистината) на своето онлајн издание објави делови од видео и аудио снимки кои се поврзуваат со случајот „Рекет“ во Македонија, во кој Бојан Јовановски - „Боки 13“ и Зоран Милевски - „Кичеец“ се сомничат дека изнудувале пари за да влијаат врз случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство, односно за одредена сума на пари да го...

Ревизорите во Министерството за одбрана утврдиле незаконски набавки, нецелосен попис и неосигурен имот

Слабости во системот за јавни набавки во одбраната, незаконитости во набавките, нецелосен попис на имотот и неосигурен имот на Министерството за одбрана и АРМ утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за буџетот на Министерствоот за 2017 година. Ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната...

Американскиот долар е најомилена странска валута на македонските фалсификатори

Експертизите на доставените сомнителни книжни и ковани пари во текот на минатата година откриле фалсификувани денари, американски долари и евра, покажува најновиот извештај на Народната банка. Од вкупно 1.031 направена анализа на странски валути се утврдени 919 фалсификувани пари и 112 оригинални пари. Во вкупниот број фалсификувани книжни девизи, најзастапени се американските долари (731 парче) и еврата (149 парчиња). Забележително...

Најголем дел од парите во оптек се илјадарки (инфографик)

Вкупниот износ на издадените пари во оптек на крајот од минатата година e 39,8 милијарди денари и во однос на крајот од 2017 година бележат зголемување од 3,6 милијарди денари или 10 отсто, покажуваат податоците објавени во годишниот извештај на Народната банка. Структурата на парите во оптек укажува дека на крајот на годината, книжните пари учествуваат со 97 отсто, а...

Тевдовски: Внатрешната финансиска контрола ќе овозможи поефикасно трошење на парите

Преку обезбедување на сеопфатен систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, ќе се овозможи подобро управување со јавните средства, поголема отчетност и ефикасност во нивното трошење. Ова денеска беше истакнато на конференција во Министерството за финансии, пред претставници на Европската комисија, ОЕЦД и СИГМА, на која беше презентирана „Политиката за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор“, односно стратегијата за идниот...

Народна банка ја одбележува Глобалната недела на парите

Народна банка од денеска ќе започне со одбележување на традиционалната Глобална недела на парите, со бројни активности од сферата на финансиската едукација. „Народната банка ќе оствари голем број активности за јакнење на свеста за потребата од поголема финансиска писменост, а истовремено ќе ги промовира и предностите од поголема финансиска вклученост. Впрочем, како своевидна најава на активностите, од вчера Народната банка...

Повеќе трошиме на алкохол, проституција и наркотици отколку на лекови

Македонските граѓани трошат многу повеќе пари на алкохол, проституција и наркотици отколку на лекови и книги, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.  Во периодот од 2014 до 2016 година годишните трошоци за проституција кај домаќинствата во земјава се зголемиле од 53 на 69 милиони евра, за наркотици од 32 на 39 милиони евра, а за алкохол од 126...

Адеми: Пет отсто повисоки плати за наставниците од септември 

Во 2019 година, вкупно за образование ќе се трошат 26,1 милијарда денари, што е зголемување на буџетот за седум отсто повеќе од лани. Парите ќе се трошат меѓудругото, и за повисоки плати за наставниците, информира на брифинг со новинарите денеска министерот за образование и наука, Арбер Адеми. - Минатата година имаше зголемување на платите за пет отсто, а за уште...

Анализа: Како се чуваат парите во приватните пензиски фондови?

Сите вработени по 1 ви јануари 2003 година станаа задолжителни осигуреници во вториот пензиски столб. Тие имаат право да изберат кое e двете пензиски друштва може да ги чува нивните пари од уплатени придонеси. Сумата со која располагаат приватните пензиски фондови од нивното формирање досега - е во пораст. На крајот од 2018 година во нив членувале 490.035 осигуреници. Во...

МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределбата на пензиите

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), известува  дека во рамките на своите надлежности ќе соработува со надлежните институции заради заштита на интересите на членовите на пензиските фондови, поради скандалот со пензиите кој го откри Министерството за труд и социјална политика (МТСП). „Исто така, МАПАС ја известува јавноста дека ќе ги информира членовите за нивната распределба во соодветните пензиски фондови...

Законот за употреба на јазиците ќе бара многу работа

Со објавувањето во Службен весник стапува на сила Законот за употреба на јазиците чија имплементација ќе предизвика директни и индиректни финансиски импликации по буџетот на државата и на единиците на локалната самоуправа. Законот предвидува сите институции во државата односно од извршната, законодавната и судската власт да обезбедат превод на албански јазик во секојдневното работење. Директните буџетски трошоци за спроведување на...

Кои се осумте најголеми потрошувачи на буџетот за 2018 година?

Вкупните расходи на буџетот во првите десет месеци од 2018 година изнесуваа 159,6 милијарди денари, односно 24,3 отсто од БДП, што е за 1,3 отсто повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии. Во продолжение е даден осврт на буџетските расходи за најголемите буџетски корисници, чиј вкупен годишен буџет изнесува 88 отсто од вкупниот...

Банките остварија рекордна добивка од 124 милиони евра за девет месеци

Банките во Македонија заклучно со септември, годинава остварија добивка по оданочување во износ од 7,6 милијарди денари или 124 милиони евра, што е зголемување за 70 отсто во споредба со првите девет месеци од минатата година и највисок профит на банкарскиот сектор во историјата на земјава. Од Народната банка во најновиот Извештај за ризиците во банкарскиот сектор во третиот квартал...

Владата го усвои буџетот за 2019, дополнет со амандмани за повеќе пари за животна средина

Владата на денешната 109. седница, го усвои дополнетиот предлог - буџет за 2019 година, усогласен соодветно на амандманите што произлегоа од комисиската расправа за буџетот во Собранието. „Согласно амандманите кои дојдоа од владејачкото мнозинство и од опозицијата во собраниската амандманска расправа, во предлог-буџетот за 2019 година се направени дополнувања на буџетски износи во програмите за заштита на животната средина, со...

Белград вети 50 милиони евра за српските области во Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека во наредните 18 месеци ќе бидат вложени повеќе од шест милијарди динари (околу 50 милиони евра) додатни инвестиции во српските области во Косово. После седницата на Владата на Србија со претставници на Србите од Косово на кој присуствуваше и Вучиќ, рече дека тие инвестиции ќе бидат искористени за започнување на работата на одредени...

Поранешниот градоначалник на Демир Капија повикан на разговор во Финансиска полиција

Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина, јави „Алсат - М“. Според телевизијата, во периодот 2008-2009 година, објектот бил реновиран со 500.000 евра од ЕУ, а потоа бил продаден на роднина на градоначалникот Димитриев, за сума од 32.500 евра. Како што дознава „Алсат-М“, по продажбата, објектот бил...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...