fbpx
Таг: Охрид

таг: Охрид

Спасовски: Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна, тепачите и тепаниот се од иста групација

Дел од хибрдната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“. „Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја...

Приведени напаѓачите на секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид

СВР Охрид за Мета.мк информира дека тројцата напаѓачи на 21-годишниот Христијан Пендиков од Охрид, член и секретар на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“ се приведени и по расчистување на случајот ќе се биде поднесена кривична пријава. Пендиков е в болница, а од СВР Охрид велат дека причина за претепувањето било меѓусебно недоразбирање. Напаѓачи се охриѓаните С.К., С.К. и И.С. За настанот...

Три лица го претепале секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид

Дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, синоќа бил претепан од три лица пред угостителски објект во центарот на градот. Информацијата на Фејсбук ја објави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој извести и дека Пендиков е примен в болница. „Насилството, омразата и дискриминацијата треба да сопрат! Очекувам моментална реакција од властите...

Искршено стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Повторно е оштетен бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид. На фан страницата на Фејсбук на овој клуб, е објавено дека „маскирани патриоти“ чии лица се видливи, „уште еднаш ги нападнале Бугарите и бугарските клубови“. „До кога ќе молчиме?“, прашуваат тие. Во охридската полиција оштетувањето било пријавено во 2.05 часот по полноќ. Полицијата работи на расчистување на настанот. Оштетувањето било направено...

Од идниот месец ќе се знае колку е загаден воздухот во Охрид

Нова мониторинг станица, која ќе биде дел од платформата на Државниот мониторинг систем на Министерството за животна средина, ќе мери каков е квалитетот на воздухот во Охрид. Мерната станица е поставена на една од главните сообраќајници во градот, на булеварот „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“, а се очекува најдоцна до средина на ноември да биде...

Екологијата главна тема во Охрид, Македонско еколошко друштво собра над 200 научници од Европа

Македонското еколошко друштво годинава одбележува 50 години од своето постоење и работа, а викендов во Охрид го организира Шестиот Конгрес на еколозите со меѓународно учество. На настанот својата работа ќе ја претстават 146 автори и над 50 посетители, коавтори на научни трудови и соработници. На конгресот учествуваат претставници од земјава, како и од Косово, Србија, Бугарија, Полска, Грција, Словенија,...

Владата ги игнорира меѓународните експерти загрижени за состојбата со Охрид и Охридското Езеро

Бернската Конвенција по вторпат годинава ја опомена Владата дека не им испратила одговор кога ќе можат да ја реализираат посетата на Охрид и да утврдат во каква состојба се наоѓа градот заштитен од УНЕСКО како Светско културно и природно наследство. Земјава веќе еднаш доби ваква опомена во мај годинава, откако го пропушти рокот за одговор до Конвенцијата во февруари. Како...

Контраспин: СДСМ спинува за фотографијата на која се Мицкоски и Блажески

Целото тврдење на СДСМ за Мицкоски и Томе Блажески, основачот на клубот од Охрид „Цар Борис Трети“ е еден спин базиран врз претпоставки и недокажани факти. СДСМ поаѓа од фотографија на која се гледа како во некој црковен објект на заедничко место лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски и основачот на клубот во Охрид Цар Борис Трети, Томе Блажески, палат...

Протест против здружението „Цар Борис III“, советодавно тело ќе дава мислење при именување со историски личности

„Фашизмот мора да падне“, „Не за бугарскиот Хитлер“, „Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти“, се само дел од паролите со кои десетици демонстранти денеска го искажаа своето незадоволство поради отворањето на Здружението на граѓани именувано како „Цар Борис III“ во Охрид. Протестот е организиран од партијата Левица, а е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Беше предвидено свеченото отворање на...

Стара фотографија од Нов Зеланд прикажана како нова од Охрид

Нашата проверка покажа дека фотографијата, на која се гледа тркало од автомобил на паркинг, со прикачена т.н. канџа, првпат се појавила на социјалната мрежа Твитер во 2016 година и дека според описот, истата е направена е во Нов Зеланд, а не во Охрид, како што се тврди во објавата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Охрид СОС: Од градењето во зоната Мауцкер ќе профитираат малкумина, на штета на цел град

Активистите од граѓанската иницијатива Охрид СОС апелираат дека земјиштето на локалитетот Мауцкер кое е пренаменета за индустриска зона треба да се заштити, односно да не се дозволи урбанизација на една од ретките зелени површини во градот. „Локацијата на Мауцкер која е пренаменета за индустриска зона се наоѓа во непосредна близина на два археолошки локалитети, еден на магистралниот пат Охрид –...

Утрово земјотрес во Охридскиот регион со јачина од 2,6 степени

Послаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала бил регистриран утрово во 9:04 часот по локално време во Охридскиот регион, помеѓу селата Куратица и Опеница. Според податоците од веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на овој потрес бил на длабочина од пет километри и на оддалеченост 15 километри североисточно од градот Охрид.

Агенцијата за млади и спорт ќе го организира Охридскиот маратон

Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон, соопштуваат оттаму. „Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата и Агенцијата за млади и спорт и сите надлежни институции, нема да дозволат овој...

Вистиномер: Виралното видео од мажот кој вежба на плажа не е снимено на охридскиот брег

Видеоснимката оригинално е објавена на минатиот месец на Твитер и станува збор за видео снимано на плажата Бриони на реката Сава во Сремска Митровица во Србија. Освен низ Србија и Македонија, ова видео со многу прегледи, споделувања и реакции се најде и на социјалните мрежи во Романија, Унгарија и на неколку канали на руски јазик, пишува „Вистиномер“ во својата...

Јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК со 60 странски македонисти и слависти од 17 држави

Следната седмица во во Охрид ќе започне јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). На Школата, којашто ќе трае до 2 септември, ќе учествуваат 60 странски македонисти и слависти од 17 држави, коишто во Охрид доаѓаат да ги продлабочат своите познавања и...

По нецели два дена, виртуелниот споменик на Григор Прличев во Охрид е вандализиран

По нецели 48 часа од промоцијата, паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција, објави на својот Фејсбук профил проф. д-р Анис Сефиданис. Неговата компанија „Сефиданис“, во соработка со ученици на ОУ “Григор Прличев” Охрид, заедно работеле на овој иновативен систем. Учениците ги обезбедиле...

Инспектори пронашле дрога во објект на правно лице во Охрид

При контрола на документација и производи од канабис во објект на правно лице во Охрид, констатирано е дека имало непријавена наркотична дрога марихуана со висок квалитет, за која не постои никаква евиденција, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму соопштуваат дека против правното лице и одговорните лица во субјектот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело. „На 3....

Охрид и Струга преполни со туристи за Илинденските празници

Крајбрежјето на Охридското езеро за време на Илинденските празници и годинава е преполно со туристи. По две години пауза, во Охрид и Струга е забележливо присуството и на бројни странски туристи од Полска, Холандија, Романија, Србија, Бугарија, Косово и други земји, покрај домашните гости. Хотелските објекти се преполни со посетители, заедно со приватните сместувачки капацитети, автокамповите, па дури и...

Доделени наградите на петтиот Beach Film Festival во Охрид

По пет фестивалски денови и многу прикажани филмови и музика, во неделата се затвори петото издание на фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival. Фестивалот се одржа од 20 до 24 јули, кога Охрид беше град на филмската култура и богата филмска програма. Овогодинешното јубилејно издание на Beach Film Festival се одржа на четири локации – плажата Славија,...

Младите од Охрид организираа еко акција за чистење на плажите

Млади од Охрид викендов организираа голема еко акција за чистење на плажите покрај Охридското езеро, под мотото „Чисто езеро-светла иднина“. Заедно со волонтерите на Црвениот крст, исчистени биле повеќе локации на крајбрежјето, откако претходно било реализирано и подводно чистење на езерото од страна на професионални нуркачи. Од Здружението на граѓани „Нова порта“ велат дека ова е четврта акција за чистење...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...