fbpx
Таг: Охрид

таг: Охрид

Силно невреме со град и дожд околу пладне го погоди Охрид

Невреме со силни врнежи од град, дожд и грмежи денеска околу пладне го зафатија Охрид. Фотографии од читатели беа испратени до редакцијата на Мета.мк, на кои се гледаат бели улици од силниот град. Дождот ги преполнил шахтите на охридските улици, но засега нема официјални информации за предизвикани штети од денешното невреме. Се стравува дека невремето предизвикало штети на земјоделските култури...

Јапонија на Охрид му донираше комунално возило вредно 60.000 евра

Јапонскиот народ на општината Охрид ѝ донира комунално возило вредно 60.640 евра, соопштија од Јапонската амбасада во земјава. Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја, присуствувал на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во општина Охрид, која ја организирал градоначалникот Кирил Пецаков и директорот на јавното комунално претпријатие „Нискоградба“, Александар Трпеноски. „Со овој проект, Јапонија овозможи Охрид да добие Toјота комунално возило за...

Шест општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион ќе работат на управување со отпадот

Општините Битола, Прилеп, Новаци, Охрид, Кичево и Пласница ќе работат на локално ниво на имплементација на проект за управување со отпадот. Денеска беа потпишани меморандумите за соработка помеѓу овие општини и САЛАР Интернационал, по повод одбелжувањето на 5 Јуни, Светскиот ден на животната средина и воведната конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“. Новиот проект е насочен...

Струга и Охрид имаат потреба за околу 2.000 работници во угостителството, но младите си заминуваат

Учебната година за матурантите заврши, дел од нив се спремаат за студии, а дел имаат поинакви планови за иднината. Во пресрет на туристичката сезона, градот Струга има недостиг од работници додека голем број матуранти не ја гледаат иднината во својата земја. Заминувањето на младите стана загрижувачко, па институциите ги повикуваат младите да се интересираат и да создаваат можности да...

Земјотрес утрово го погоди Охрид

Земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово бил почувствуван во Охрид и околината. Земјотресот се случил во 10 часот и 14 минути, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 31.05.2023 година регистрираше...

Пендиков стана европски државјанин, Јотова лично му ја даде личната карта

Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“ денескa на официјална церемонија во Претседателството во Софија доби бугарско државјанство, пренесе БГНЕС. Бугарската потпретседателка Илијана Јотова лично му ја предаде личната карта, му вети заштита од државата и го опиша како храбар млад човек кој останал верен на своето бугарско потекло. Таа му честиташе за добивањето бугарско државјанство...

Што се случува со светското наследство во Охрид ќе проверуваат експерти на Бернска и Рамсарска конвенција и на УНЕСКО

Претставници на Бернската конвенција заедно со експерти од Рамсарска конвенција и УНЕСКО во следните два дена ќе престојуваат во Охрид каде ќе посетат повеќе локации за да констатираат што се случува со светското културно и природно наследство на УНЕСКО и опасностите кои го демнат од неконтролираната урбанизација, легализацијата на дивоградби и планирањето нови инфраструктурни зафати. Мисијата е предводена од извршниот...

САД го поздрави договорот од Охрид, заедно со ЕУ ќе ја надгледуваат имплементацијата

Иако српскиот претседател Александар Вучиќ не го потпиша документот, високиот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар Габриел Ескобар го оцени како успешен дијалогот Белград – Приштина, а особено во однос на придонесот на Македонија за постигнување на регионалната стабилност. Ескобар ова го изјави по маратонската 12-часовна средба меѓу Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти која...

Ковачевски во Охрид: Дијалогот значи и отстапки, тешките одлуки се за подобра иднина

Премиерот Ковачевски, по завршувањето на средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, како и по билатералните средби со премиерот Курти и претседателот Вучиќ, во изјава за медиумите, посочи дека е огромна чест и задоволство тоа што Република Северна Македонија е домаќин на состанокот на високо ниво од...

Пендаровски на средба со американскиот заменик помошник државен секретар, Габриел Ескобар

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави. Соговорниците се согласија дека билатералните односи се одвиваат со одлична динамика како потврда за долготрајното македонско-американско партнерство и пријателство. Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски информираше за одвивањето на скрининг процесот и следните чекори кои треба...

Ковачевски ги пречека Курти и Вучиќ -Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид ги пречека косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.  Ковачевски им посака добредојде и успешен разговор, што е важен чекор за консолидација на регионот и неговата европска интеграција. Тој ја потврди важноста која Република Северна Македонија ја придава на одржувањето на овој состанок на високо ниво. Ковачевски го пофали учеството на Косово во...

Ковачевски во Охрид ги пречека Борел и Лајчак: Северна Македонија е фактор на стабилност, местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид, ги пречека Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград - Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Ковачевски е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина на кој ќе учествуваат претседателот на...

Ескобар оптимист пред охридската средба, Вјоса Османи очекува резултати

Косовската претседателката Вјоса Османи вели дека претставниците од Косово одат во Охрид со надеж за позитивни резултати. На конференцијата за медиуми, по средбата со американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, таа изјави дека треба да се постигне фер и сеопфатен договор со Србија, каде двете држави ќе се третираат како рамноправни. Сепак, таа рече дека Србија не треба...

Лајчак: Без формирање на Заедница на српски општини ќе нема договор меѓу Белград и Приштина

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак изјави дека без формирање на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) нема да има договор меѓу Белград и Приштина. Лајчак во интервју за Радио телевизија Србија (РТС) рече дека целта не е некој да победи, а некој друг да загуби. „Целта е да се бара вин-вин...

Германската актерка Барбара Сукова ги бара Билјана и Зорица, коишто ги запознала пред Скопскиот земјотрес

Германската актерка Барбара Сукова, најголемата ѕвезда на годинашното издание на белградскиот филмски фестивал ФЕСТ, изрази желба повторно да се види со своите врснички, Зорица и Билјана, коишто во 1963 година ги запознала во Охрид, јави српската телевизија „Нова“. Имено, по посетата на Барбара Сукова во 1963 година на поранешна Југославија, и на Охрид и Скопје, каде патувала заедно со родителите,...

Изгоре голема површина на трска во Охрид, пожарникарите бараат санкции за сторителите

Територијалната противпожарна единица Охрид (ТППЕ Охрид) информираше дека  во текот на вчерашниот ден интервенирале на два пожара на отворен простор во градот, при што била изгорена голема површина на трска каде живеат голем број на птици и животни. Од ТППЕ Охрид велат дека пожарникарите го гаснеле пожарот повеќе од четири часа, при што биле опожарени и овоштарници, а постоела и...

Охрид блеска во боите на ретките болести

Самоиловата тврдина, сите основни и неколку средни училишта, локални и национални згради и споменици во центарот на Охрид блеснаа во боите на ретките болести, по повод февруари како месец на ретките болести. Ова се само дел од локациите што блеснаа во знак на поддршка на пациентите со ретки болести, како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2023“ кој оваа...

Земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во Охрид и Преспа

Земјотрес со јачина од 3.9  според Рихтерова локална магнитуда, денес го стресе тлото на Албанија. Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со епицентралното подрачје Елбасан, Албанија го регистрираше 130 километри југозападно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во...

Поднесено обвинение за инцидентот со Пендиков, еден од напаѓачите сè уште е во бегство

Охридското Обвинителството поднесе Обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. „Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22...

Измислена вест за уапсена бугарска пејачка во Македонија се споделува како да е вистинита

Станува збор за измислен настан, но никаде, ниту во споделената вест на Фејсбук, ниту во насловот, ниту пак во текстот, тоа не е наведено, со што читателите можат да бидат доведени во заблуда. Во објавениот текст, авторот, повикувајќи се на високи извори на МВР, пишува дека е уапсена пејачка од Бугарија која пеела без дозвола во земјава. Ова, како...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...