fbpx
Таг: оружје

таг: оружје

Нема докази дека жолтите светла на небото на неколку руски градови се ласерско оружје

Како потенцијален извор на светлата некои го посочуваат природниот феномен познат како светлосна колона или светлосен столб. Ова објаснување беше дадено од рускиот медиум РБЦ, кој го цитираше Михаил Леус, специјалист во метеоролошкиот центар Фобос. Кен Карслав, професор на Институтот за климатски и атмосферски науки на Универзитетот во Лидс во Обединетото Кралство во изјава за сервисот за проверка на...

Лидерите од Г7 денеска ќе оддржат итна средба по повод руските напади во Украина

Лидерите на групата Г7 денеска околу пладне ќе одржат виртуелен состанок на кој ќе разговараат за нападите на Русија врз Украина. Како што пренесе Ројтерс се очекува претседателот Володимир Зеленски да побара од лидерите на групата на седумте индустриски најразвиени земји во светот итно да и достават оружје на Украина за да се одбрани од руските ракети откако Москва...

Нема „мобилизација” на НАТО

Во насловот на текстот споделен во постот се содржи зборот „мобилизација” што асоцира на тоа дека во НАТО се случува она што се случува во Русија по одлуката на претседателот Путин, да се мобилизираат 300 илјади лица за да се борат во Украина. Наспроти тоа во содржинскиот дел на текстот од написот се пренесува дека генералниот секретар на НАТО, Јенс...

Тројца загинати и тројца ранети во експлозија во комплекс за оружје во Бугарија

Во експлозија што се случила претпладнево во фабричкиот комплекс за оружје „Арсенал“ во бугарскиот град Казанл'к загинале тројца работници и уште тројца биле повредени и пренесени в болница, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Инцидентот се случил нешто по 11 часот по локално време, во објект во кој се чуваат пиротехнички средства. Според најновите информации, загинати се тројца вработени и тројца се...

Зеленски: Пронајдена е „масовна гробница“ во Изиум

По повлекувањето на руските трупи, во украинскиот град Изиум е пронајдена „масовна гробница“, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Преземени се неопходните процесуални дејства“, рече Зеленски во својата вчерашна видео порака, пренесе Ројтерс. Украинскиот претседател кој го посети Изиум во средата, го спореди откритието со наводните воени злосторства на руските сили врз цивилите во Буча, на периферијата на главниот град Кијив...

Украина бара повеќе оружје од Западот по рускиот неуспех

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повика Западот да ја забрза испораката на вооружени системи додека украинските трупи се движат за да ја консолидираат контролата врз голем дел од североисточната територија што е одземена од Русија, пренесе Ројтерс. Откако Москва го напушти својот главен бастион во североисточна Украина во саботата, одбележувајќи го својот најголем пораз од раните денови на војната,...

Судот го штити сторителот, а не жртвата: Итна заштита за мајката од Гостивар од екс партнерот – полицаец

Граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост остро реагираат на непостапувањето од страна на надлежните институции во однос на лицата кои се соочуваат и справуваат со семејно насилство. „Станува збор за Елена Јовицоска од Гостивар, на возраст од 27 години, мајка на едно малолетно дете, која 5 (пет) години се соочуваа и трпи семејно насилство од страна на нејзиниот...

Се урна товарен авион со оружје во Грција, починаа осум украинци кои биле членови на екипажот

Товарен авион што пренесуваше 11 тони оружје од Србија до Бангладеш вчера се урна во близина на Кавала, Северна Грција. Според грчките власти за цивилна авијација, авионот се движел на релација Србија - Јордан пред да пристигне во Бангладеш и се урнал на 40 километри западно од аеродромот, пренесува Еуроњуз. Со авионот управувала украинската карго авиокомпанија „Меридијан“, но според официјалната...

Вистиномер: Со компјутерски генерирано видео се дезинформира дека руски проектил уништил склад за оружје

Не е вистина дека на видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук се гледа напад на руски проектил врз украинска база за оружје под земја. Станува збор за компјутерски генерирано видео, а не за материјал од реалноста, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на Фејсбук, во кој е споделено видео и во кој се...

Шолц, Макрон и Драги стигнаа во Кијив, по бројните критики за „млакост“

Лидерите на најмоќните членки на Европската Унија пристигнаа во главниот град на Украина, Кијив, утрово, со „порака за европската обединетост“, како што рече претседателот на Франција, Емануел Макрон. Макрон допатува заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги, на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ја покажат поддршката за Украина, по бројните критики, посебно за...

Две жени убиени на паркинг пред црква во Ајова, напаѓачот се самоуби

Маж застрела и уби две жени на паркингот на црква во државата Ајова во четвртокот, а потоа го сврте пиштолот кон себе, соопшти полицијата, додавајќи уште три мртви на билансот во серијата неодамнешни престрелки што ги потресоа Соединетите држави, извести Ен-Пи-Ар. Пукањето во Ајова се случи кратко откако претседателот Џо Бајден одржа големо обраќање за оруженото насилство по масовните престрелки...

Вистиномер: Нема никакви подготовки за војна, туку се купува опрема согласно планот за модернизација на армијата

Армијата навистина ќе се поднови со возила и артилериски системи, но чиста дезинформација е дека Македонија се подготува за војна, па затоа и купува нова воена опрема. Во  врска со ова од Владата за „Вистиномер“ одговорија дека средствата за набавката на воена опрема се планирани во буџетот за одбраната за 2022 година,  кој е јавно достапен и е во...

Северна Македонија ќе донира оружје и воена опрема на Украина

Владата соопшти дека е донесена одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина. Со тоа, како што вели, Владата се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ. Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина. Слични мерки преземаат и земјите во ЕУ, но и во окружувањето.

До 500 евра казна за употреба и до 10 години затвор за продажба на петарди

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека и годинава спроведува превентивна кампања насочена кон петардите и другите пиротехнички средства, пред и за време на новогодишните и божинните празници. Истовремено, полицијата исто така и казнува за употреба, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно членот 31, што предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска...

Уапсени тројца домашни ИСИС-овци, запленето оружје, муниција и „појаси за самоубијци“ (галерија+видео)

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), во соработка со Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), вчера се уапсени тројца терористи кои се организирале по урнекот на ИСИС и сакале да извршат терористички дела. При претресите биле пронајдени и „појаси за самоубијци“. Уапсените претходно...

Нема потерница за браќата Усеини кои се во бегство

Полицијата не може да им влезе во траг на Нефи Усеини и неговиот брат кои се обвинети за напад врз нивниот сограѓанин, Спире Топалоски. Засега, министерството за внатрешни работи во делот за потраги нема објавено податоци за распишана домашна или меѓународна потрага по браќата Усеини. Прехтходно СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Нефи Усеини и неговиот брат...

Српски портал шири лажни вести за американска вежба -„Европа Дефендер 20“ е откажана поради коронавирусот

Српскиот веб-портал „Новине новосадске“ објави текст (13.03.2020) кој шири лажни вести, ги манипулира читателите и предизвикува паника. Во подолга „анализа“, тврди дека коронавирусот e средство за одвлекување внимание и е параван за распоредување на американска војска на територијата на Европа. „Европа Дефендер 20“, инаку, е името на големата воена вежба која американската војска во соработка со НАТО требаше да ја...

Српски „Ало“ забрзано почна да не вооружува „со оружје од моќен сојузник“

Во сензационалистички манир српскиот портал „Ало“, преку насловот на текстот објавен на 10.12.2019 година ја манипулира јавноста: „МАКЕДОНЦИТЕ ЗАБРЗАНО СЕ ВООРУЖУВААТ – Пристигнува оружјето од моќниот сојузник. Скопје, сепак,  ќе мора од нешто да се откаже!“ (MAKEDONCI SE UBRZANO NAORUŽAVAJU Stiže oružje od moćnog saveznika. Skoplje će ipak morati nečeg da se odrekne!)  Во конкретниот случај направена  е збунувачка  насловна конструкција со која е врамена една преземена информација од ТВ 21,  според која „во следните 10 години ќе бидат потрошени...

Српски „Курир“ виде страв и драма за Македонија и НАТО таму каде што нема

Српскиот портал „Курир“ деновиве (09.12.2019) излезе со потсмешлив наслов во кој иронизира со укажувањето на шефот на државата Стево Пендаровски дека „во очи на влезот на НАТО, можеме да бидеме предмет на кампањата на политичка пропаганда и на фејк њуз” Овој негов став во насловната конструкција на „Курир“ е преточен во нагласено тенденциозна порака, делумно испишана и со големи букви,...

Свилановиќ: Кибернетичкиот простор, безбедносно жариште на Западен Балкан

Новото безбедносно жариште и сериозен предизвик на глобално, регионално и локално ниво е кибернетичката сигурност, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ на Третата регионална конференција за координација во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам во Истанбул. Тој додаде дека показател за тоа е и податокот дека само во 2017 година во шесте земји од Западен...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...