fbpx
Таг: одбрана

таг: одбрана

Шекеринска: Втора година по ред буџетот за одбраната расте, 135 милиони евра за 2019

Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес–конференција го образложи буџетот за одбраната за 2019, кој по десетгодишниот пад, втора година по ред е во нагорна линија и оваа година изнесува 135 милиони евра. „Лани, буџетот за одбрана порасна за 15 процнети, а зголемувањето за 2019 во споредба со ребалансираниот буџет за 2018 изнесува над 33 проценти. Следната година освен...

Прилепскиот загубар „Еуроинвест“ ќе прогласи технолошки вишок

Прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ до крјаот на овој месец ќе ја објави листата на вработени кои што ќе бидат прогласени за технолошки вишок. Според вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев ова е една од мерките за консолидација на овој прилепски загубар со околу 260 вработени, кои што со децении живеат во агонија за својата работна судбина. „Оваа компанијата се соочува со сериозни...

Фон дер Лајен: Шансата е уникатна и треба да се искористи

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен на средбата со македонската колешка Радмила Шекеринска денеска во Скопје порача дека Македонија и Германија ги делат истите вредности и дека треба „да продолжиме да ја градиме Европа заедно!“, порачувајќи дека земјава има уникатна шанса што треба да се искористи. - Од нашето искуство со германското соединување, можам да кажам дека такви...

АРМ по пет години ќе го достигне буџетот што го имаше од пред десет години (инфографик)

Македонија до 2024 година ќе го зголеми буџетот за одбрана на 2 отсто од бруто-домашниот производ за да ја исполни препораката од НАТО, усвоена на самитот во Кардиф, Велс во 2014 година, земјите членки во следните десет години да го достигнат тоа ниво на финансирање на одбраната. Но, со зголемувањето на буџетот на 2 отсто од БДП одбраната, всупност,...

Телохранителот на Груевски предложен за сведок за крвавиот четврток

Оливер Вуксановиќ, адвокатот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, во воведниот говор за судењето рече дека одбраната ќе докаже оти некои од обвинетите воопшто не го познавале Нинџа, а не, пак, да му ги слушаат наредбите. -Немало акт на насилство, ниту некој се заканувал, ниту обвинетиот имал умисла и намера да го изврши кривичното дело - рече Вуксановиќ. Во воведниот говор адвокатот рече...

Во Кривичниот суд завршни зборови на одбраната за „Труст“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој осомничени се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, ќе бидат изнесени завршните зборови на одбраната. Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност од 17 милини евра од фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, што е стекнат на противзаконски начин. Обвинителството даде алтернативно барање, доколку некоја...

Туск: САД немаат подобар сојузник од Европската унија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск го повика американскиот претседател Доналд Трамп наместо секојдневно да ја критикува Европа, да ги почитува своите сојузници. По потпишувањето на новиот договор за соработка помеѓу ЕУ и НАТО, Туск изјави дека САД нема, ниту ќе има подобар сојузник од Европа. Американскиот претседател, Доналд Трамп ги повика членките на НАТО, да ја исполнат обврската за издвојување...

Одбраната на Груевски ќе поднесе жалба на пресудата во случајот „Тенк“

Адвокатот на обвинетите во случајот на СЈО „Тенк“, Димитар Дангов рече дека одбраната ќе поднесе жалба на пресудата со која на затворска казна од две години денеска беше осуден Никола Груевски, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски доби казна затвор од шест години и шест месеци. Дангов рече дека Судот немал никаква основа да изрече осудителна пресуда туку напротив...

Шекеринска: Посетата на Столтенберг е порака сама по себе

Посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија, Јенс Столтенберг е порака сама по себе, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод посетата на Столтенберг на Македонија в среда и четврток. - Тоа значи дека во изминатите шест месеци успеавме Македонија да ја вратиме назад на евроатлантската патека и успеавме да ги неутрализираме сите оние лоши вести, кои во континуитет...

Пеливанов: И Јанкулоска и Ставрески рекоа дека Талески е „корумпиран до даска“

Со незаконски склучените договори за превоз на ученици буџетот на Општина Битола бил оштетен за половина милион долари, истакна обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Трајче Пеливанов во излагањето на обвинението, односно во воведните зборови на денешното рочиште за случајот „Транспортер“ во кој првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20 лица. - Станува збор за криминално сценарио...

Апелација ја одложи седницата за ПИ-мерките во „Поткуп“ на неопределено време

Апелацискиот суд Скопје ја одложи на неопределно време јавната седница на која треба да се расправа по жалбите на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет. Причина за одложувањето на седницата е тоа што судијата известител по овој...

Апелација денеска ќе одлучува дали снимките за Заев ќе бидат доказ во „Поткуп“

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе ја разгледува жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет. Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои...

Македонија и Бугарија договорија и потпишаа меморандуми за соработка во битни сектори

Владите на Македонија и на Бугарија денеска во Струмица, по заедничата меѓувладина седница, потпишаа серија спогодби за соработка од областа на одбраната, телекомуникациите, туризмот, енергетика и на економијата. Министрите за одбрана, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов, потпишаа Протокол за соработка во спроведувањето обуки за припадници на АРМ во воентите школи во Бугарија и за интензивирање на соработката. Со потпишување меморандум, министерот...

Двочасовна пауза на рочиштето за „Труст“, СЈО не ги нумерирало доказите за одбраната

Примерокот од листата на докази на СЈО за случајот „Труст“ повторно предизвика застој на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, поради што судијката Лидија Зимбовска даде двочасовна пауза. СЈО денеска почна со изведување на доказите, но адвокатите на одбраната реагираа дека во листата што ја добиле од обвинителството, доказите не се нумерирани и не можат да го следат обвинителот...

Завршни зборови за „Тврдина 2“ и ново рочиште за случајот „Транспортер“

Специјалното јавно обвинителство и одбраната на обвинетите, денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да ги изнесат завршните зборови во случајот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, заедно со шестмина вработени во УБК. Тие се товарат за уништување на документација поврзана со системите од незаконското прислушување. Со завршните зборови судењето за случајот „Тврдина...

Груевски бара да му го вратат пасошот за да се сретне со Орбан

Со одземениот пасош на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не се попречуваат правата само на едно лице, туку се одземаат правата на стотици илјади лица - членови, гласачи и поддржувачи на најголемата опозициска партија во државата. Ова беше дел од аргументацијата на адвокатите на Груевски на денешната јавна седница во Апелацискиот суд, по повод жалбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Укинување на пресудите и ново судење за случајот „Монструм“, бара Обвинителството

Јавната обвинителка Лилјана Спасоска на денешната јавна седница за случајот „Монструм“ во Врховниот суд побара укинување пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд и враќање на предметот на повторно судење. Врховниот суд на јавна седница денеска ги разгледуваше жалбите на шесттемина осудени за доживотните затворски казни што им ги одреди Основниот суд Скопје 1, а кои беа потврдени и од...

Шекеринска во еднодневна посета на Албанија

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска е во еднодневна посета на Тирана, каде ќе се сретне со албанската министерка за одбрана, Мими Кодели, соопшти Министерството за одбрана. По средбата на министерките, македонската делегација, во која е и заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Мухамет Рацај, ќе има официјални разговори со делегацијата од албанското Министерство за одбрана. Шекеринска, исто така,...

Советот на Врховниот суд што го ослободи Кочан треба да одлучува за притворите на Грујовски, Јакимовски и на Бошковски

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и уште четворица судии треба да одлучуваат по жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски, обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на кои Апелацискиот суд Скопје вчера им одреди мерка притвор. Апелацискиот суд вчера соопшти дека ги прифатил жалбите на СЈО и донел одлука да ги...

ВМРО-ДПМНЕ бара од судот да не подлегнува на притисоци и да ги врати одземените пасоши

Судот не смее да подлегне на политичките притисоци и на пропагандата што во континуитет ја врши Специјалното јавно обвинителство против ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство. Ова од пред Апелацискиот суд Скопје денеска го порача членот на извршниот комитет на партијата, Зоран Илиоски. Апелацискиот суд попладнево на јавна седница ги разгледува жалбите на одбраната на поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, и поранешниот директор на Агенцијата...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...