fbpx
Таг: несреќа

таг: несреќа

Тројца загинати во Истанбул – автобус удрил во постојка

Три лица ги загубиле животите во несреќа во истанбулската населба Ускудар утрово, кога автобус од градскиот превоз удрил во луѓе што чекале на постојката. Автобусот претходно се судрил со друг автобус, па влетал во луѓето што чекале на постојката на улицата Д-р Ејуп Аксој, јави турскиот весник „Сабах“. Има голем број повредени кои се пренесени во блиските болници.

Четворица загинати во судир во воздух на хеликоптер и авион во Германија

Во страотна воздухопловна несреќа што се случи во Германија, кога во градот Филипсбург се судриле хеликоптер за итна помош и мал авион, четири лица ги загубиле животите. Несреќата се случила денеска во регионот Карлсруе во покраината Баден-Виртемберг, во близина на нуклеарна централа, а причините за судирот во воздух засега се непознати.

ОЈО ја расветлува сообраќајката кај Кичево во која животот го загуби тримесечно бебе

Основното јавно обвинителство Кичево ја расветлува сообраќајната несреќа на магистралниот пат Кичево - Македонски Брод, во којa, животот го загуби тримесечно бебе, информираат од таму. „Според првичните информации, несреќата се случила кога возачот на патничко моторно возило марка „голф“ со охридски регистарски таблички што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за претекување на товарно возило – влекач...

Потона брод во Јужна Кореја, 13 лица загинаа

Крајбрежната стража на Јужна Кореја соопшти дека 13 лица загинаа, а две лица се водат како исчезнати откако рибарски брод се судрил со брод за дополување гориво. По сударот, рибарскиот брод потонал, а на него имало 22 лица, од кои седуммина биле спасени. Голем број хеликоптери се вклучени во потрагата по исчезнатите. Секоја година во Јужна Кореја се случуваат голем број бродски несреќи. Пред три...

Воен хеликоптер се урна во Ирак – седум лица загинаа

Седум лица утринава загинаа откако воен хеликоптер се урна за време на обука, соопшти ирачкото Министерство за одбрана. Како што се наведува во соопштението, хеликоптерот „ми-17“ од руско производство се урнал во провинцијата Вазит. Засега не се знае причината за несреќата. Провинцијата се наоѓа на околу 160 километри југоисточно од Багдад, далеку од фронтот на војување со таканаречената Исламска држава....

Четворица загинати во рударска несреќа во Турција

Најмалку четири лица загинаа, а тројца се повредени откако се урна свод на рудник за јаглен во југоисточната турска провинција Сирнак. Како што соопшти раководството на рудникот, неколку рудари сè уште се заглавени во рударската јама, а во тек е спасувачка акција. Засега не се знае причината за несреќата.

Најмалку 19 мигранти загинале во бродска несреќа во Црното Море

Рибарски брод кој превезувал мигранти денеска потонал во Црното Море во близина на турскиот брег. Во несреќата загинале најмалку 19 лица, а 11 се водат како исчезнати, соопштила турската крајбрежна стража, јавуваат агенциите. Како што е соопштено, најмалку 40 мигранти биле спасени од бродови на крајбрежната стража и од трговски бродови кои биле во близина. Од крајбрежната стража сооштиле дека...

Товарен брод се преполови во Црното Море

Монголски товарен брод се распукал на два дела во Црно Море, кај северозападот брег на Турција, јавуваат светските медиуми, додавајќи дека бродската посада е спасена. Бродот, кој превезувал товар во цврста состојба и е долг 114 метри, почнал да пука кај брегот на Килиос, во истанбулскиот регион. Половина од бродот успешно е одвлечкан до брегот, додека остатокот од пловниот објект постепено...

Едно лице почина во автобуската несреќа, a 28 се хоспитализирани

Едно лице им подлегна на повредите, а 28 се хоспитализирани поради тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Велес-Скопје, информираат од Министерство за здравство. На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св Наум Охридски“, се примени шест лица, од кои еден повозрасен маж е на интензивна нега, но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна...

Автобус излета од коловозот на автопатот Велес – Скопје, повеќе од 20 патници се повредени

Автобус излета од патот после патарината кај Велес, а повеќе од 20 патници се повредени. Патниците со возила на Итната медицинска помош се превезуваат на клиниките во Велес и во Скопје. Според првичните информации, возачот на автобусот изгубил контрола и излетал во близина на зимскиот пункт Кула кој се наоѓа на автопатот Велес - Скопје. Сообраќајот во тој дел од автопатот е во...

Дрво падна и усмрти 12 верници на верски фестивал во Мадеира

Бројот на загинатите врз кои падна дрво за време на традиционалниот верски фестивал на португалскиот остров Мадеира, се зголеми на 12, а на повредени на 50 лица. Како што јавуваат странските медиуми, врз верниците пред црквата во планинското село на острово паднал 200-годишен даб. Локалните здравствени претставници соопштија дека седум од повредените се во тешка здравствена состојба Инцидентот се случил за време...

Еден загинат и седум повредени во несреќа во забавен парк во Охајо

Едно лице загина, а седум се повредени во несреќа што се случи во забавен парк на панаѓур во Охајо, јавуваат локалните медиуми. Шефот на пожарникарите од Охајо, Стив Мартин, рече дека единствена жртва е 18-годишно момче кое испаднало при возењето на реквизитот наречен „Фајербол“. Мартин, исто така, додаде дека пет лица се во критична состојба, додека другите две не се во...

Се урна бугарски воен хеликоптер, загина пилот

Еден од пилотите на бугарскиот воен хеликоптер кој денеска се урна во водите на Црното Море при воена вежба почина од повредите во Воената болница во Варна, а другите двајца се исто така повредени, но се во стабилна состојба, јавија бугарските медиуми. Пред падот околу 12.30 часот, хеликоптерот „Пантер“ имал мал судир со еден од бојните бродови што учествувале на...

Во авионска несреќа во Лисабон загинаа пет лица

Мал авион денеска се урна во населено место во Лисабон, во близина на супермаркет. Според пишувањата на медиумите, загинале пет лица, од кои четворица кои биле во авионот и едно лице кое се нашло на местото на несреќата. Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот, кој е се наоѓа на дваесетина километри западно од Лисабон. Пилотот на авионот бил Швајцарец, а патниците Французи.

Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица

Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица, 13 мажи и 12 жени, јавуваат италијанските медиуми. Исчезнати се уште четворица, а спасувачките акции ќе продолжат сè додека не се пронајдат, иако е мала веројатноста тие да се преживеани, велат спасувачите. Лавината го погоди хотелот „Ригопијано“ на 18 јануари во планинскиот регион Абруко во Централна Италија. Лавината беше поттикната од серија...

Во рудник за јаглен во Индија загинаа 16 лица

Бројот на жртвите во несреќата што се случи во рудник за јаглен на истокот на Индија се зголеми на 16, а спасувачите трагаат по уште тела, пренесуваат светските медиуми. Несреќата се случи кога земјен одрон го затрупа отворот низ кој рударите влегуваат во рудникот, кој се наоѓа во индиската покраина Јарканд. Акцијата за спасување продолжува, бидејќи властите стравуваат дека има повеќе затрупани тела. Јарканд...

Пронајдена црната кутија на рускиот авион што се урна во Црно Море

Истражните тимови ја пронашле црната кутија од рускиот воен авион кој завчера се урна во водите на Црно Море, при што загинаа 92 патници и членови на екипажот, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на информации од лица вклучени во истрагата. Полициски извори за агенциите соопштиле дека црната кутија е извлечена на површина и наскоро треба да биде однесена од Сочи во...

Неприлагодена брзина на возот, можна причина за несреќата во Хитрино

Неприлагодена брзина на возот при влез во железничката станица е една од можните причини за несреќата во Хитрино, во која воз излета од шините и настана експлозија на превезуваниот гас, јавува дописничката на „Мета“ од Бугарија. Причината за несреќата денеска ја соопштил Станко Станков, сопственикот на компанијата „Булмаркет“, која го превезувала гасот, а истата била потврдена и од истрагата на црната кутија...

Борисов: Отстранувањето на цистерните во Хитрино засега е опасно

Најмалку 48 часа ќе продолжи извлекувањето на цистерните во Хитрино, каде што утринава товарен воз кој превезуваше течен гас излета од шините и предизвика експлозија, изјави бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, на седницата на националниот штаб за акција при катастрофи. „Преземаме мерки, повлековме девет цистерни од железничката композиција. Другите се многу ризични и бројот на луѓе кои работат го сведовме...

Најмалку седум лица загинаа, а 25 се повредени при експлозија на товарен воз во Бугарија

Најмалку седум лица загинаа, а хоспитализирани се 25 повредени по несреќата во која товарен воз со течен гас излетал од шините и експлодирал во селото Хитрино на североистокот на Бугарија, соопшти бугарската полиција. Според пишувањата на бугарските медиуми, бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, се упатил кон тоа село и апелирал граѓаните да даруваат крв во болницата во местото Шумен,...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...