fbpx
Таг: Москва

таг: Москва

Иран и Русија се пазарат за оружје вредно 10 милијарди долари

Иран и Русија се во преговори за воена зделка тешка околу 10 милијарди долари, известува агенцијата „Ројтерс“. Планот е Москва да испорача на Техеран тенкови „т-90“, артилериски системи, авиони и хеликоптери. Шефот на руската одбрана и безбедност, Виктор Озеров, во рускиот парламент ги извести новинарите дека можната зделка со Иран ќе биде потврдена за време на посетата на Иран. Пред...

Градските власти на Москва ја запечатија канцеларијата на „Амнести интернешнл“

Градските власти во Москва во текот на ноќта ја запечатиле канцеларијата на организацијата за човекови права „Амнести интернешнл“. Директорот на московската канцеларија на АИ, Сергеј Никитин, изјави дека утринава, кога стигнале на работа, вработените затекнале сменета брава на влезот, со залепена етикета со лого од градските власти. Тој рече дека организацијата веќе 20 години ги изнајмува просториите. Организациите за човекови права во Русија...

Патрушев: Односите помеѓу САД и Русија ќе се нормализираат

Влошувањето на односите помеѓу Москва и Вашингтон не е во интерес ниту на едната ниту на другата страна, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, јавува „Ројтерс“. „Како што покажува современата историја, односите меѓу САД и Русија порано или подоцна ќе се нормализираат бидејќи ниту Москва ниту, пак, Вашингтон имаат интерес од понатамошно влошување на односите“, изјави...

Маж во Москва се заканил дека ќе ја запали синагогата

Најмалку едно лице е тешко повредено од огнено оружје откако вооружен напаѓач отворил оган пред синагога во центарот на Москва, Русија. Како што јавуваат руските медиуми, вооружениот маж се заканувал дека ќе ја запали синагогата, а со себе, освен пиштол, носел и канистер бензин. Еден член од обезбедувањето на синагогата е повреден во обид да го спречи напаѓачот да влезе во...

Пожар во Москва, најмалку 16 загинати

Најмалку 16 лица загинаа во пожар кој изби во едно складиште во Москва, соопшти руското министерство за вонредни ситуации. „Во текот на гаснењето на пожарот, пожарникарите во една соба пронајдоа 16 тела“, соопштија од министерството. Оттаму додаваат дека пожарникарите успеале да спасат 12 лица. Причините за пожарот сè уште не се познати. #пожар #отрадное Пожар на Алтуфьевском шоссе A video posted by Vitaliy (@breaker177)...

Песков: Знаеме за екстремистичките закани, ама не им придаваме значење

Руските власти, вклучително и претседателот Владими Путин, се запознати со медиумските извештаи за закани на екстремистите против Русија, но не им придаваат значење, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Не треба да им се придава значење на овие информации, бидејќи тие нејверојатно се дел од тактиката за терористичко заплашување - нагласи Песков. Тој посочи дека рускиот претседател редовно добива...

Кери од четврток во дводневна посета на Русија

Државниот секретар на САД, Џон Кери, на крајот на оваа недела ќе ја посети Москва за со официјалните руски претставници да разговара за Сирија, Украина и за Нагорно-Карабах. Наведено е дека Кери во руската престолнина ќе пристигне од Париз, каде в четврток ќе присуствува на одбележувањето на францускиот национален празник, Денот на падот на Бастилја. Руското министерство за надворешни работи потврди дека...

Лавров: Ако Шведска влезе во НАТО, Русија ќе преземе мерки

Москва ќе ја почитува евентуалната одлука на Шведска за приклучување во НАТО, но ќе преземе мерки како одговор на военото приближување на Алијансата до руските граници, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Тој во интервју за весникот „Дагенс најхетер“ објасни дека мерките се неопходни со оглед на тоа што НАТО е воено-политичка организација која гледа на Русија како на...

Евакуирана железничка станица во Москва

Околу 600 патници се евакуирани од зградата на железничката станица Курск во Москва, по анонимна дојава за бомба, која стигнала во 13.14 часот. Сите надлежни служби се известени за тоа. Пред полициската станица во југозападниот руски град Ставропољ денеска одекнаа пет експлозии. Според првичните информации, бомбаши самоубијци се разнеле пред станицата.

Директорот на ЦИА ја посетил Москва кон почетокот на март?

Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА, Џон Бренан ја посетил Москва на почетокот на март, соопшти руската агенција „Интерфакс“, повикувајќи се на заменик министерот за надворешни работи на Русија, Олег Сиримолотов. Бренен меѓу другото имал состанок со руската служба за безбедност (ФСБ), а неговата посета се поврзува со одлуката на Москва да почне повлекување на своите трупи од Сирија, рече...

Дојавата за бомба во Москва била лажна тревога

На пазарот Рижски во Москва, од кој се евакуирани околу 2.000 луѓе поради анонимна закана за поставена бомба, не е пронајден експлозив, соопшти руската полиција. Утрово анонимна личност се јавила во полицијата и пријавила дека на пазарот е поставена бомба. Полицискиот тим стигнал на местото и евакуирал 2.000 луѓе, се наведува во полициското соопштение. Полициските кучиња го пребарале пазарот, но не пронашле...

Голем пожар во Москва, пронајдени 11 тела

Во московската фабрика во која изби голем пожар, пожарникарите пронајдоа тела на 11 луѓе, изјави портпаролката на рускиот истражен комитет, Јулија Иванова. Полицијата спроведува истрага за да ги утврди причините за смртта на лицата и дали пожарот бил подметнат. Извори укажуваат дека пожарот можеби бил намерно предизвикан за да се скрие друго злосторство. Истражните органи потврдија дека во синоќешниот пожар, уништени се...

Европската унија ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци

Европската унија денеска официјално ги продолжи за шест месеци економските санкции за Русија, воведени поради улогата на официјална Москва во украинската криза, соопштија на веб-страницата на Советот на ЕУ. Санкциите, како што потсетуваат, првично се воведени на 31 јули во 2014 година за период од една година. „Имајќи предвид дека договорите од Минск не се во целост применети до 31 декември годинава, санкциите...

Двајца загинати и осуммина повредени при престрелка во центарот на Москва

Најмалку две лица починале, а осум се повредени во престрелка во центарот на Москва, пренесуваат руските медиуми. Агенцијата „Интерфакс“ јавува дека престрелката се случила синоќа, околу 22 часот, на улица во центарот на Москва, во близината на Кремљ. Руската телевизија „Лајф њуз“ прикажала снимка од безбедносни камери, на која се гледаат две групи од околу 15 мажи кои стрелаат едни кон други од огнено оружје.  

Москва: Пет повредени во експлозија на бомба

Пет лица синоќа се повредени при експлозија на рачно изработена бомба на автобуска станица во центарот на Москва, соопшти денеска московската полиција. - Почната е истрага против ваквото хулиганство - изјави портпаролот на московската полиција Максим Колосветов. Според првичните информации од истрагата, експлозивот е фрлен или од автомобил или од некоја висококатница во близина, при што неколку лица се повредени. Експлозијата одекнала во...

Цената на рускиот гас за Украина е иста како и за членките на ЕУ

Рускиот премиер Дмитриј Медведев потпиша указ со кој е одредено, цената на гасот за Киев да биде иста како и за членките на ЕУ што се граничат со Украина, објавено е на веб-страницата на Владата на Руската Федерација. Во соопштението се прецизира дека указот се однесува на извозот на гас во период од 1 октомври до 31 декември 2015 година, пренесува „Таш“. Во...

„Дојче банк“ престанува со дел од своето работење во Русија

Германска „Дојче банк“ потврди дека престанува со дел од своето работење во Русија, имајќи предвид дека е тешко погодена од санкциите и од истрагата по повод тргување со акциите. Во соопштението на банката се наведува дека во Русија ја затвора филијалата за корпоративно банкарство и за работењето со хартии од вредност. Работите поврзани со корпоративни финансии и со пазарот на пари...

Порошенко: Русија не спроведе ништо од договорот од Минск

Русија не спроведе ништо од договорот од Минск, потпишан на 12 февруари, изјави украинскиот претседател, Петро Порошенко, обвинувајќи ја официјална Москва дека продолжува да испраќа луѓе и пари на терористите од Донбас, на истокот во Украина. Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, Порошенко рекол дека е подготвен за дијалог, но дека Москва не направила ништо по прашањето за...

Иванов ја прекинува посетата на Москва, ќе го свика Советот за безбедност

Поради полициската акција во Куманово, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ја прекинува посетата на Москва и се враќа во Македонија. Веднаш по враќањето, се очекува да го свика Советот за безбедност. Членовите на Советот од ДУИ досега не учествуваа на неговите средби, бидејќи, според нив, Иванов не е легитимен претседател. Поради тоа последната седница на Советот беше наречена „седница на државниот врв“...

Бан Ки-мун ќе оди во Москва за Денот на победата, но ќе ја посети и Украина

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун ќе патува во Москва за да присуствува на прославата за 9 мај, Денот на победата над фашизмот, но во текот на турнејата ќе ја посети и Украина. Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик, денеска рече дека планот на Ки-мун за посета на Москва уште не е целосно готов. Тој ќе присуствува на одбележување на 70-годишнината...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...