fbpx
Таг: Москва

таг: Москва

Путин на Парадата на победата во Москва без големо изненадување – зборуваше за „одбрана на татковината“

Говорот на рускиот претседател Владимир Путин на големата парада по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот што се одржа во Москва, не донесе никаква крупна најава, како што се шпекулираше во изминатите денови. Тој повторно се обиде да ја оправда инвазијата на Русија врз Украина, велејќи дека НАТО и Украина создавале „неприфатливи“ закани на руските граници...

Путин присуствувал на годинешнава Велигденска литургија во Москва

Фотограф на „Асошиејтед Прес“ го фотографирал Путин на службата за Велигден во Москва. Фотографиите покажуваат дека тврдењата дека рускиот претседател не бил на велигденската литургија во црквата Христос Спасител во Москва и дека снимката од руските државни медиуми е или стара или претходно снимена, се невистинити. И други реномирани медиуми како „Ројтерс“ и „Франс Прес“, исто така објавија свои...

Вистиномер: Со стара фотографија од ирански брод во пламен се илустрира потонувањето на крстосувачот Москва

Фотографијата којашто е искористена во постот за да се претстави потонувањето на крстосувачот Москва, е стара и неповрзана со руската инвазија на Украина. Таа потекнува од јуни 2021 година од потонувањето на иранскиот брод во Оманскиот залив, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува медиумски напис ...

Руски суд ги забрани Фејсбук и Инстаграм и ја прогласи платформата Мета за „екстремистичка“ организација

Судот во Москва ја прогласи компанијата Мета, во чија сопственост се Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, за „екстремистичка“ организација и ја забрани нејзината работа во Русија, пренесе Ројтерс. Русија веќе го забрани Фејсбук поради ограничување на пристапот до руските медиуми, додека Инстаграм беше блокиран откако Мета рече дека ќе им овозможи на корисниците на социјалните мрежи во Украина да објавуваат пораки...

Вистиномер: Со руско видео се дезинформира дека ученик починал по примена Спутник вакцина

На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали момчето било вакцинирано или не. Едната причина на која работат форензичарите е срцев удар, а...

Русија стави блиски соработници на Навални на листата на „терористи и екстремисти“

Руските власти ги ставија двајцата најблиски соработници на затворениот опозиционер Алексеј Навални на листата на „терористи и екстремисти“, како најнов чекор на дејствување против критичарите на Путин и на неговите соработници, јави „Moscow Times". Долгогодишните соработници на затворениот Навални, Леонид Волков и Иван Жданов се додадени на листата на Федералната служба за финансиско следење, што значи дека ќе им бидат...

Делта сојот на ковид-19 се шири во Португалија, Индонезија, Австралија и во рускиот главен град

Португалија, Австралија, Индонезија и рускиот главен град Москва регистрираат наголемувачки бројки на заболени лица од ковид-19 како последица на делта сојот, кој првично беше регистриран во Индија. Португалија минатата недела воведе нови рестрикции, наредувајќи им на рестораните во Лисабон да затворат порано од нивното работно време. Дури 70 отсто од новозаболените лица од ковид-19 во Лисабон се заразени со...

„Нордвинд ерлајнс“ од 21 мај ќе лета меѓу Скопје и Москва

Руската чартер авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ на 21 мај ќе започне со летови меѓу Скопје и Москва. Летовите ќе се одржуваат еднаш неделно, секој петок, соопштија од авиокомпанијата. Воздухопловната врска ќе се воспостави со московскиот аеродром „Шереметјево“, а авиокомпанијата на оваа линија ќе користи авион од типот „Боинг 737-800“ со 189 седишта. На веб-страницата на авиокомпанијата веќе можат да се...

Повеќе од 4.100 уапсени во Русија на протестите за поддршка на Алексеј Навални

Повеќе од 4.100 уапсени демонстранти, меѓу кои и Јулија Навалнаја, сопругата на најгласниот критичар на руската власт Алексеј Навални, е една од бројките во серијата денешни протести низ Русија, со кои се бараше на истакнатиот руски опозиционер, кој е во притвор од неговото враќање во земјата по 5 месеци лекување и престој во Германија. Алексеј Навални во критична состојба...

Во Русија нови протести против апсењето на Алексеј Навални

Властите во Москва ги затворија метро станиците и го ограничија движењето во очекување на нов голем протест во главниот град на Русија проти апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, откако во други големи градови во Русија, во други временски зони, почнаа протестите. Ресторани и други угостителски објекти во Москва ќе бидат затворени, а надземниот сообраќај ќе биде пренасочуван. По протестите изминатиот...

ДфрЛаб: Слаба онлајн реакција на про-Кремљ медиумите за враќањето на Навални во Русија

Медиумите контролирани од Кремљ не успеаја значително да ја засилат својата дигитална кампања за нарушување на угледот на Алексеј Навални по неговото враќање во Русија. Најголем критичар на Кремљ, познат по истрагите за корупциските шеми на руската политичка и бизнис елита, кој неодамна објави докази дека Владимир Путин лично го наредил неговото труење во август 2020, пишува во последниот...

Еувсдисинфо: Про-Кремљ медиумите со нов омилен манипулативен збор

Про-Кремљ медиумите досега ја етикетираа руската опозиција како „фашисти“, „сатанисти“, „Малтузијанци“, глобалисти… Но, од неодамна, „неолибералите“ станаа ново омилено „страшило“ – баук за про-Кремљ медиумите, пишува „Еувсдисинфо“. Терминот „неолиберал“ не беше многу чест во базата на податоци на дезинформации, но во текот на првите недели од 2021 година тоа е веќе новиот омилен збор за прo-Кремљ медидумите. „Јужниот фронт“ го употреби терминот скоро 30 пати за...

Хемиското оружје во Сирија е и „оружје“ на медиумите блиски до Кремљ

Photo by RF._.studio from Pexels
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Сервисот на ЕУ...

Алексеј Навални, најгласниот критичар на Путин, е во болница со сомнежи за труење

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални денеска е примен во болница во Сибир, со симптоми кои неговата портпаролка Кира Јармиш ги опиша како знаци на труење. Навални летал од сибирскиот град Томск кон Москва кога се појавиле симптомите и морало да биде хоспитализиран. Било направено принудно слетување во градот Омск, каде е примен на интензивна нега и е без свест,...

Вистиномер: Нема ништо „пранкерско“(шегобијно) во индициите дека Москва се меша во изборите

Објавувањето на старо аудио за разговор на „Грета Тунберг“ и Зоран Заев во овој момент, нема никаква допирна точка со наводната шегобијност, туку со директно инволвирање во изборите во РСМ од страна на „пријателите на Кремљ“, пишува „Вистиномер“. Има една голема разлика помеѓу објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори за функционери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во оваа предизборна кампања и...

Медиуми блиски до Кремљ продолжуваат со нападот на САД со дезинформации

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на...

Со видео со хомосексуалци Русите се заплашуваат да гласат за уставните измени по мерка на власта

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на...

Ципрас денеска е во Москва, утре средба, ручек и прес конфренција со Путин

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска патува за Москва на работна посета и средби со претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитри Медведев. Според кабинетот на Ципрас, тој утре прво ќе има средба со Медведев, а потоа во Кремљ со рускиот претседател Путин. Предвиден е и работен ручек со Путин, потпишување на билатерални договори, а потоа и заедничка прес конфренција Ципрас – Путин...

Сите бегства на Ѓорге Иванов (инфографик)

Претседателот Ѓорге Иванов во клучните моменти за Македонија аболицирал или поништувал или непотпишувал или не бил тука, па се враќал или требало да оди, па не одел ама немало да гласа. Иванов на 9 мај 2015 година кога изби вооружената престрелка во Куманово беше во Москва на прославата за 9 Мај – Денот на победата над фашизмот. Следниот ден, кога работите станаа...

Москва: Македонија на сила се турка во НАТО

Откако вчера Македонија и официјално доби покана за преговори за членство во НАТО, Москва оценува дека Македонија насила се турка во НАТО. -Внесувањето на Македонија во НАТО со присила, само потврдува дека политиката на „отворени врати“ стана цел сама за себе и алатка да се стекне контрола врз геополитичка територија - вели портпаролката на руското министество за надворешни, Марија Захарова. Премиерот...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...