fbpx
Таг: кредити

таг: кредити

Студентската потрошувачка кошничка изнесува 22.435 денари месечно

Студентските месечни трошоци или „студентската кошничка“ изнесува 21.410 денари за студенти кои студираат со партиципација и 22.435 денари за студенти кои студираат со кофинансирање, односно кои плаќаат школарина. Таа вклучува трошоци како партиципација, односно школарина, трошоци поврзани со факултетот, трошоци за секојдневен живот, трошоци за превоз, домување но и режиски трошоци. Ова го покажуваат податоците од истражувањето „Колку и на што троши...

Банките уриваат рекорди во издавање станбени кредити

Станбеното кредитирање во изминатите неколку години e најбрзорастечкиот сегмент од кредитното портфолио на банките. Од Народната банка информираат дека годишните стапки на пораст на станбените кредити, кои се движат околу 15 отсто, се значително над просечниот пораст на вкупните кредити на домаќинства, каде годишната стапка на пораст е околу 10 отсто. Според последните податоци, станбените кредити претставуваат 29,4 отсто од...

Извештајот „Дуинг бизнис“ и потрошувачките кредити на денешната седница на Влада

На предлог на Министерството за финансии, на редовната 102. седница во 12 часот, Владата ќе го разгледа предлог - законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Министерството за финансии за денешната седница ја предлага и информацијата за рангот на Македонија според извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка со предлог-заклучоци. Како материјал за...

НБРМ: Пораст на кредитирањето на фирмите и на домаќинствата

Во второто тримесечје од годинава банкарскиот систем ја задржа и ја зацврсти својата стабилност, информираат од Народна банка по усвојување на Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во вториот квартал од 2018 година. „Истовремено, при разгледувањето на Извештајот беше нагласено дека, забрза растот на активностите на банкарскиот систем, а профитабилноста забележа натамошно подобрување. По остварениот сезонски пад во...

Сугарески: 50 милиони евра од Европската кредитна банка за водоводи и канализации

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска во Прилеп најави финансиски поволности од кредитната линија на Европската кредитна банка, кои што следната година ќе бидат на располагање на сите општини за реализација на инфраструктурни проекти. „Проектите на кои што во моментов работи Општина Прилеп, следната година ќе бидат засилени со новите кредитни линии што Министерството за транспорт и врски...

НБРМ: Банкарскиот систем стабилен и профитабилен

Во првиот квартал дојде до значително подобрување на показателите преку кои се следи банкарскиот систем, меѓу другото и како резултат на стабилизацијата на очекувањата во домашното опкружување, велат од Народна банка. „Вкупната актива на банкарскиот систем забележа пораст од 3,9 милиона денари или 0,9 проценти. Овој раст се должеше на поголемата склоност на банките за кредитирање на домаќинствата, во споредба...

Tрошоците во постапките пред нотарите и извршителите се намалуваат

Владата на 90. седница ги прифати предлог – законите за изменување и дополнување на законот за извршување и на законот за нотаријат. Од таму информираат дека главната цел на овие измени е намалување на трошоците на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити. „Во постапките пред нотарите овие граѓани...

Петер: Европските пари ќе секнат и државата ќе оди во изолација ако кажете не ЕУ

Компаниите членки во Советот за странски инвестиции се за полесно водење на бизнис во Македонија, а  НАТО и ЕУ се вратата кон полесно водење на бизнис, рече денеска на прес-конференција претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер. Тој додаде дека Македонија во Европска Унија би била постабилна отколку надвор од неа, што би значело пристап до евтини кредити, финансиска...

Обезбедени 100 милиони евра за кредити за мали и средни претпријатија

Нова кредитна линија од 100 милиони евра ќе се стави на располагање на малите и средни претпријатија, соопшти Владата. Договорот го потпишаа министерот за финансии, Драган Тевдовски, потпретседателот на Европската инвестициона банка (ЕИБ), Ендрју Мекдауел и директорот на Македонската банка за поддршка на развојот, Драган Мартиновски. Пред потпишувањето на договорот, премиерот Заев на средбата со Мекдауел порача дека потпишувањето на...

Ангеловска-Бежоска: Очекувам заживување на економијата и на кредитната активност

Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска оцени дека по забавените банкарски активности во претходните две години, оваа година се гледа забрзување на активноста на банкарскиот систем, што може да се согледа преку порастот на депозитната база, но и преку кредитната активност. -  Во минатите две години бевме сведоци на прилично забавена кредитна активност која не беше одраз на економски фундаменти, туку...

НБРМ: Финансискиот систем е стабилен, банките добро работат

Советот на Народната банка денеска одржал редовната седница на која била разгледан и усвоен Извештајот за финансиската стабилност во 2017 година, информираат од таму. Притоа било констатирано дека македонскиот финансиски систем, лани работл во поповолно опкружување споредено со 2016 година. „Банките остануваат најзначајниот фактор за одржување на стабилноста на целокупниот финансиски систем и на одделните финансиски институции. Лани немаше позначителни промени...

Министерство за финансии: Јавниот долг се намалува, враќаме стари кредити

Заклучно со 2016 година, јавниот долг учествуваше со 48,5 поценти од домашниот-бруто-производ (БДП) или 4,7 милијади евра, а на крајот на 2017 година вкупниот јавен долг е намален на 47,2 проценти од БДП. Ова денеска го одговори заменик-министерката за финансии, Ширет Елези на новинарско прашање за задолжувањето. - Само во јануари 2018 година, Министерството за финансии исплати над 200 милиони евра долг...

Елези: Се намалуваат трошоците за брзите кредити до 200 евра

Високите трошоци за брзите кредити се намалуваат, а тоа ќе се овозможи со законските измени, кои ги изготви Министерството за финансии. Вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничуваат на 55 отсто од кредитот, а порано годишните трошоци не беа ограничени и достигнуваа и до 500 отсто од кредитот. Со измените се опфаќаат и мали кредити под 200 евра кои...

Тевдовски: Преку ЕБОР обезбедни 10 милиони евра повластени кредити за претпријатијата

Министерот за финансии, Драган Тевдовски присуствуваше на потпишувањето на договорот помеѓу ЕБОР и Охридска банка, со кој, на малите и средни претпријатија им се ставаат на располагање 10 милиони евра повластени кредити за нови инвестиции. Тевдовски истакна дека ваквите кредитни линии кои ги поддржуваат инвестициите на малите и средни претпријатија се од големо значење за економијата. - Кредитната линија од ЕБОР, преку...

ЕБОР ќе ги финансира домаќинствата преку програмата за енергетска ефикасност

Секое едно евро инвестирано во енергетска ефикасност заштедува 2,2 евра во производството на електричната енергија, информираше денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на промоцијата на „Програмата за финансирање на зелената економија (GEFF) во Македонија“, која ќе се имплементира преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Анѓушев потенцираше дека станува збор за корисна програма и дека Владата ќе покаже висок...

НБРМ: Економијата закрепна во последниот квартал од 2017 година

По падот на економската активноста во првата половина на 2017 година, последното тримесечје покажува закрепнување на економијата, соопштуваат од Народна банка. „На ваква констатација посочуваат податоците за активноста во индустријата и во трговијата, додека градежната активност продолжи да се намалува.Податоците за инфлацијата за 2017 година покажуваат просечен годишен пораст на ценовното ниво од 1,4 проценти, кој се должи на растот на...

НБРМ: Нефункционалните кредити на домаќинствата се во пораст

Банките повеќе кредити одобриле за граѓаните, отколку за компаниите и во третиот квартал од годината, кредитниот пораст изнесува 0,3 проценти, се вели во најновиот извештај на Народна банка. „Вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем се намалија за два проценти, на квартална основа. Нефункционалните кредити на домаќинствата бележат забрзан пораст присутен уште од почетокот на 2017 година. Истовреме, има зголемување на пролонгираните и...

Заев со претставници на ЕИБ разговарал за поддршка на мали и средни претпријатија

На денешната средба на премиерот Зоран Заев со Матео Ривелини, шеф на одделот за проекти на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Словенија, Хрватска и на Западен Балкан, и со Дубравка Негре, шеф на регионалната канцеларија на ЕИБ за Западен Балкан, се разговарало за продлабочување на соработката на Македонија со банката, соопшти секторот за односи со јавноста на Владата на...

НБРМ: Нефункционалните кредити на банкарскиот систем се зголемуваат

Квалитетот на кредитното портфолио забележа благо влошување во овој квартал, се вели во извештајот за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од 2017 годинa на Народна банка. „Вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем се зголемија за 8,1 отсто. Зголемувањето на учеството на нефункционалните во вкупните кредити беше во целост концентрирано кај корпоративното кредитно портфолио, каде што ова учество се зглеми...

НБРМ: Зголемено кредитирање на домаќинствата, а намалено на претпријатијата

Кредитите на домаќинствата имаат месечен пораст од 0,8 проценти, а на годишно ниво 9,8 проценти покажуваат податоците на Народна банка. Притоа најголем дел од зголемувањето на кредитирањето се должи на порастот на денарските пласмани. Од одобрените кредити, потрошувачките имаат месечен пораст од 1,1 процент, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот пораст кај потрошувачките кредити е 12, а на станбените 13,7 проценти. Кредитите на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...