fbpx
Таг: кредити

таг: кредити

Бесими: 30 до 50 отсто од бескаматната кредитна линија ќе се претвори во грант, ако компаниите го прошират бизнисот

Важно е компаниите, кои покажале позитивни резултати, да ги инвестираат нивните средства за да ги развијат бизнисите, за што следува дополнителна помош од државата. Со мерката „Кредити со 0 проценти камата за најпогодените сектори“ овие компании ќе имаат можност 30 проценти од кредитната линија да ја трансформираат во грант, доколку ја прошират нивната економска активност или го зголемат бројот...

Развојна банка: Одобрени 23 милиони евра од ,,Ковид 3” за 2.009 корисници со 15.197 вработени

Нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, информираат од Развојната банка на Северна Македонија. Досега се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања, со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 апликанти, вработени се вкупно 15.197 лица. Според структурата,...

Намалена побарувачката за кредити од граѓаните и компаниите

Сè помалку граѓани и компании бараат кредити од македонските банки, покажуваат податоците од новата анкета за кредитна активност на Народната банка. Во четвртиот квартал на 2020 година, банките укажуваат на натамошно нето намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, слично како во претходната анкета. „Имено, околу 51 отсто од банките укажуваат на намалување на кредитната побарувачката, додека околу 39...

И годинава може да се аплицира за субвенции за „Купи куќа, купи стан“

Министерство за финансии информира дека граѓаните и годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Од таму додаваат дека објавен е јавен повик согласно кој, граѓаните ќе можат да поднесат барање заклучно 31 декември 2021 година за државна субвенција на учеството или месечната рата за купување на стан или на...

Одложена отплата на половина од вкупните кредити на населението во третиот квартал од 2020

Во третиот квартал од 2020 година, кредитите со одобрен грејс-период согласно со регулаторните измени заради ковид-19 зафаќаат 43,9 отсто од вкупните редовни кредити на нефинансискиот сектор (46 отсто на 30.6.2020 година), покажува новиот извештај на Народната банка за ризиците во банкарскиот сектор. Од аспект на структурата, близу две третини од овие кредити отпаѓаат на физичките лица, а остатокот на...

Развојната банка одобри 5,9 милиони евра од Ковид 3 бескаматната кредитна линија за 506 компании

Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, започна со одобрување на кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста „ЕУзаОтпорност“ од ИПА-програмата, информираат од таму. „Одобрени се вкупно 5,9 милиони евра во првата група кредитни барања кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, или кредитни барања на...

Порталб: Граѓаните и фирмите кренаа „рачна“, намалена побарувачката за кредити

Речиси двојно е намален бројот на банки кои на крајот на третиот квартал во споредба со вториот укажеaе дека побарувачката за корпоративни кредити е намалена. Расте бројот на банкари кои сметаат дека монетарната политика незначително влијае врз одредување на каматите за кредтите, пишува Порталб.мк. Ваквите трендови регистрирани во најновата Анкета за кредитна активност, се последица на економската криза поради kовид-19. Банкарите...

Компаниите од денеска ќе може да аплицираат за Ковид 3 бескаматна кредитна линија преку Развојна банка

Од денеска почнува да се реализира Ковид 3 бескаматната кредитна линија со грант компонента преку Развојната банка. Јавниот повик е отворен за поднесување кредитни барања од денес до 30 декември 2020 година заклучно со 23:59 часот. Ова денеска на прес-конференција го истакнаа министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка, Кире Наумов. Како што информираше министерот Бектеши, третата бескаматна...

Народната банка регистрира пораст на цените на становите во Скопје во третиот квартал

Во третиот квартал на 2020 година, цените на становите забележаа годишен раст од 2,7 отсто, што претставува мало забрзување во споредба со претходниот квартал, соопшти Народната банка во новиот квартален извештај. „Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа пад во вториот квартал од 2020 година, а кај издадените одобренија за изградба на станбени згради се забележува намалување...

Трета бескаматна ковид кредитна линија: 31 милион евра за микро и малите компании, трговски претријатија и занаетчии

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес на заедничка прес-конференција со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и директорот на Развојната банка Кире Наумов, ја промовираше новата, трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3, која од денес станува достапна за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, а со која на располагање...

Продолжува минималниот пад на каматните стапки на кредитите

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2020 година, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Имено, каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,68 отсто и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процетни поени (п.п) и 0,37 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото...

Намалено штедењето, минимален пораст кај кредитите во текот на октомври

Кај вкупните депозити во октомври 2020 година, е остварен пад од 0,2 отсто на месечна основа, којшто во поголем дел се должи на намалувањето кај депозитите на секторот домаќинства, при поумерено намалување и кај депозитите на корпоративниот сектор, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Во октомври, вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,3 отсто, којшто целосно се должи на повисокото...

Порталб: ЈП „Градски паркинг“ – Тетово бара кредит, а троши 25.000 евра месечно на плати

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ -Тетово, иако постојано работи со загуба, пред неколку дена побара заем од 6 милиони денари, пишува Порталб. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, го оправдува ова со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Сепак, Порталб.мк обезбеди финансиски извештај со кој се потврдува дека дури и кога немаше пандемија, оваа компанија работела со загуба. Најголемите добивки на ова претпријатие...

Продолжува падот на каматите на кредитите и депозитите

Во септември 2020 година, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити која што оствари месечен и годишен пад од 0,03 процентни поени и 0,39 процетни поени и изнесува 4,70 отсто, покажуваат новите податоци на Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа минимално месечно намалување од 0,01 процентни поени и изнесува 0,98 отсто, додека на...

Владата ќе го олесни пристапот до финансии за микро, мали и средни компании

Министерството за финансии подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот заради олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни компании, особено во услови на отежнато работење и намалени приходи и ликвидност како последица од пандемијата од ковид-19. „Владата на Република Северна Македонија усвои мерка за воспоставување на...

Министерството за транспорт бара средства од ЕУ за студија за изградба на железница до скопскиот аеродром

Министерството за транспорт и врски го достави на разгледување инвестициониот план за изработка на студија за изградба на железнички крак до Меѓународниот аеродром Скопје во рамките на новата ИПА III програма, кој треба да се разгледа од страна на Делегацијата на Европската Унија, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. Ваквиот потег следува откако воведувањето на аеродромскиот воз влезе како проект...

Граѓаните „гладни“ за потрошувачки, „заситени“ од автомобилски кредити

Кредитите на домаќинствата во август годинава бележат месечен раст од 0,3 отсто, којшто е резултат на повисоките кредити одобрени во денари, додека кредитите во странска валута бележат пад, покажуваат новите податоци на Народната банка. На годишна основа, растот изнесува 9 отсто и е поизразен кај кредитите одобрени во денари. „Со исклучување на податоците за кредитите на домаќинствата на банката во стечај,...

Државата со 10 милиони евра гаранција, на фирмите ќе им го олесни подигнувањето кредити

Воведување на државна гарантна шема, даночен календар и електронска фактура се некои од барањата кои министерот за финансии Фатмир Бесими за време на средбата во Стопанската комора на Македонија, им вети на стопанствениците дека ќе ги реализира во наредниот период. Стопанствениците побараа полесен пристап до капитал, особено сега во услови на светска економска криза, кога тој е лимитиран. Бесими посочи...

Српските железници и поделени во три компании направиле загуби од 100 милиони евра

Советот за борба против корупцијата во Србија со остри критики за работењето на Српските железници, кои со реформите од 2015 година се поделија на три посебни компании: „Србија карго“, „Србија воз“ и „Инфраструктура железница“. И покрај реструктурирањето на државната железница и влезот на приватни компании во товарниот железнички сообраќај, сите три компании направиле загуби од околу 100 милиони евра...

Развојната банка ја повлече последната транша од евтини кредити за домашни компании

Развојната банка денеска ја повлече последната транша од евтините кредити за домашни компании, во вкупен износ од 20,4 милиони евра. Заклучно со оваа транша, досега се повлечени вкупно 50,9 милиони евра, односно сите средства кои беа предвидени како евтини кредити за домашните компании. „Седмата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која ја користи Развојна банка е одобрена за нови...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...