fbpx
Таг: казни

таг: казни

Граѓаните малку го препознаваат говорот на омраза, надлежните воопшто не го препознаваат

Граѓаните на Македонија многу малку го препознаваат говорот на омраза. Врз основа на податоците и статистиките, органите на јавниот ред и мир не ги земаат предвид тужбите за ваквото кривично дело, а потребна ни е и попрецизна законска рамка и кампања од извршната власт за спречување на говорот на омраза што во земјава се шири во алармантни размери, особено...

Во Македонија „врие“ од говор на омраза, но случаите ретко имаат судска завршница

Од стапувањето на сила на новите законски измени на Кривичниот законик за говор на омраза во февруари 2014 година, Кривичниот суд Скопје има осудено само две лица со парична глоба поради говор на омраза. Бројот на казни е многу мал, споредено со пријавите на дигиталната платформа „Пријави и спротивстави се на говорот на омраза" каде за истиот период се евидентирани...

За девет месеци во тетовско изречени 3.584 казни за брзо возење

Во изминатите девет месеци од годинава, на поширокото тетовско подрачје откриени и соодветно санкционирани се 3.584 сообраќајни прекршоци. Се работи за пречекорувања на максимално дозволената брзина, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово. Според податоците, 1.096 од нив биле во населено, а 2.358 надвор од населено место. Прекршоците биле направени од патнички моторни возила, додека вкупната бројка на пречекорувања во...

ААВМУ: Се надминува максималното време за пропаганда за референдумот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска упати предупредување до радиодифузерите дека не се почитува максимално дозволеното време за јавна пропаганда, а таа се емитува во програмски содржини каде што не е дозволено. „Не се почитува дозволеното време за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот, вакви реклами се емитуваат и во програми во кои тоа не е дозволено,...

Од околу 1.000 дронови во Македонија, регистрирани се само 52 летала

Во Македонија од цивилни лица и фирми се користат околу 1.000 воздухоплови без екипаж, а од нив до 15 август кај нас се регистрирани само 52, објаснува Драги Стојаноски, раководител на Секторот за безбедност на воздушен сообраќај и воздухопловна навигација во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Казните за неовластено користење, се од 300 евра, ако се плати истиот ден, до...

Глобите за царински прекршоци намалени за 75 отсто

За 75 проценти во просек се намалени глобите за царинските прекршоци за кои е предвиден мандатен платен налог, односно за оние кои можат да се платат на лице место, информираат од Министерство за финансии. Од таму додаваат дека со измените на Царинскиот закон се врши намалување на глобата од 250 евра на 50 евра за правно лице и од 50...

Собранието го усвои Царинскиот закон за олабавување на казнена политика

Хармонизација со законодавството на Европската унија, побрз проток на стоки и олабавување на казнената политика, предвидуваат измените и дополнувањата на Царинскиот закон, кои ги усвои Собранието на вчерашната седница. - Целта на измените е подобрување на легислативата во насока на создавање на униформна, правична и пропорционална примена на прекршочните одредби, соодветно на тежината на сторениот прекршок. Со предложените измени во...

Тевдовски: Подготвени се законски измени за намалување на царинските глоби

Релаксирање на казнената политика и намалување на казните кај Царината, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на одбележувањето на Денот на Царинската управа. - Во координација со Царинската управа се изврши сеопфатна анализа на казнената политика и се изготвија предлози за намалување на глобите, односно за нивно изрекување соодветно на тежината на сторениот прекршок - истакна министерот Тевдовски. Тевдовски, на одбележувањето...

Утре истекува рокот за поднесување на годишна даночна пријава во УЈП

Утре истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во 2017 година. Според УЈП, до сега се поднесени вкупно 334.360 пријави, а денеска и утре се очекува тоа да го сторат уште 100 илјади граѓани. „Со цел избегнување на метежите, особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните...

МВР: Вчера 10 сообраќајни незгоди и 66 казнети возачи во Скопје

Вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди, во кои кај едно лице биле констатирани тешки телесни повреди, а осум поминале со лесни повреди, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Полицијата, како што информираат од МВР, вчера издала вкупно 66 мандатни платни налози, односно казни, додека 74 возила биле подигнати од службата „пајак“. „Од преземените...

МВР најави повеќе полиција на улиците и казни за несовесните возачи

Министерството за внатрешни работи од утре најави засилено присуство на сообраќајната полиција во урбаните средини и казни за несовесните возачи, особено оние кои возат под дејство на алкохол и со брзина над дозволената. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конфренција соопшти дека ваквата акција на МВР следи поради констатирана недисциплина во сообраќајот со непочитување на правилата и прописите. - Поради...

Град Скопје во изминатиот месец изрекол четири казни за палење отпад

Во текот на изминатиот месец екипите на Град Скопје по извршената контрола изрекле четири казни за палење отпад, од две им биле изречени на физички лица, а две на правни лица, информираат од градската администрација. „Градот Скопје во текот на 2017 година има одобрено 500 елаборати и извршено 94 контроли за периодот ноември-декември, односно се извршени контроли на сите фирми...

Од големите загадувачи, инспекторите утврдиле проблеми и ја казниле само „Дрисла“

Инцинераторот, односно направата во која гори медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ е единствениот од 15-те големи капацитети контролирани од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), за кој во последниов период се изречена казнени мерки. „Дрисла“ доби казна од 8.500 евра и обврска до средината на февруари да вгради соодветни филтри. Директорот на инспекторатот, Мирослав Богдановски денеска, презентирајќи ги програмата за...

Запленети повеќе од 7.000 парчиња петарди во струшкото село Мороишта

Инспектори од надворешната канцеларија за недозволена трговија со дрога и оружје Струга вчера извршиле контрола во продавница во селото Мороишта, Струшко каде пронашле 7.377 парчиња петарди, информира МВР. Петардите се запленети, а сопственикот на продавницата „Лазароски компани“, В.Л. (55) бил приведен во полициската станица во Струга за натамошна постапка. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните за време на...

Таравари побара од командирот на полицијата во Гостивар да не ги казнува иселениците

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, со службен допис се обратил до командирот на полициска станица Гостивар, Гази Абдурахмани, барајќи тој и полицајците да бидат потолерантни и покоректни кон иселениците што се вратени во родниот крај за време на новогодишните празници. „Од позиција на градоначалник на Гостивар и како граѓанин на овој град, барам вашите полицајци да бидат што покоректни...

АВМУ ги обжалила казните за изборни прекршоци на радиодифузерите како „недоволни“

Во извештајот на ОБСЕ и ОДИХР од 29 октомври 2017 година се вели дека Основниот суд донел одлуки во два случаи од првиот изборен круг, пресудувајќи казни пониски од пропишаните во Изборниот законик (ИЗ) за прекршување на изборениот молк и неизбалансирано известување. Во првичните наоди и заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР се вели дека иако ИЗ пропишува парична казна од 8.000...

Препродавачите на билети за Супер купот се спогодиле со ОЈО да платат казни по 500 евра

Петмината препродавачи на билети за Супер купот, за кои МВР поднесе кривични пријави, денеска се спогодиле со Основното јавно обвинителство Скопје, да платат парични казни во висина од 500 евра, информираат од таму. „Еден од осомничените е државјанин на Република Србија, двајца се државјани на Велика Британија, додека двајца имаат двојно државјанство и на Република Македонија и на САД. Со...

Таравари: Од утре ќе се разгледува проектот „Мој термин“

Промени во проектот „Мој термин“ на Министерството за здравство, односно отфрлање на казните за докторите, најави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, на одбележувањето на 25-годишнината на Лекарската комора на Македонија. – Јас сум за промени во „Мој термин“, а веќе утре ќе имам состанок со претставниците на овој проект. Учинокот ќе остане, но нема да има негативен учинок. Платата ќе си...

За лажни вести, Германија планира казна и до 50 милиони евра

Германската влада одобри казни кои се движат и до 50 милиони евра за социјалните мрежи што не реагираат и не ги отстрануваат спорните содржини, „лажните вести“ и говорот на омраза. - Злосторствата од омраза против кои не се борат на ефикасен начин претставуваат голема опасност за отвореното, слободно и демократско општество – соопшти владата. Како што јавуваат светските агенции, казните се предвидени...

Бизнисмените плаќаат казни бидејќи не можат да го следат брзото менување на законите

Стопанствениците најчесто се казнуваат поради непознавање на законите, затоа што постојано се менуваат, а понекогаш се сложени и нејасни. Ова беше истакнато на информативната сесија која се одржа во Тетово, во рамки на проектот - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Целта на проектот, финансиски поддржан од УСАИД, е зајакнување на капацитетите на бизнис-заедницата за следење на законските регулативи. - Пребрзото менување...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...