fbpx
Таг: земјотрес

таг: земјотрес

Силен земјотрес го погоди Борнео

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала го погоди малезискиот остров Борнео, во близина на местото Монт Кинабалуа, и предизвика оштетување на патиштата и на зградите, а има и повредени планинари. Локалните власти јавуваат дека повредени се најмалку четири планинари, кои имаат скршеници и повреди на глава, предизвикани од камењата што се одрониле од гранитниот планински врв, висок 4.095 метри. На планината...

Земјотрес од 8,5 степени јужно од Токио

Земјотрес со интензитет од 8,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Тихи Океан, близу островите Огасавара, јужно од Токио. Епицентарот на земјотресот бил на 500 километри под морското дно. Објавено беше предупредување за цунами кое подоцна беше повлечено. Земјотресот е почувствуван и во Токио.

Земјотрес ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија, соопшти американскиот геолошки завод. Епицентарот на земјотресот, на длабочина од 50 километри, бил североисточно од главниот град на Јапонија, Токио, каде земјотресот предизвикал кратокотраен прекин на железничкиот сообраќај. Засега нема извештај за евентуални жртви, за причинета материјална штета, а не е издадено ни предупредување за цунами. Јапонија се наоѓа во...

Во новиот земјотрес во Непал загинале 65 лица

Спасувачките екипи во Непал денеска се обидуваат да пронајдат преживеани во новиот земјотрес, во кој, според најновите податоци, настрадале 65 лица. Земјотрес со јачина од 7,3 степени вчера во погоди Непал и предизвика лизгање на земјиште, поради што некои згради се урнале. Освен тоа, еден американски хеликоптер се води како исчезнат. Спасувачките екипи сега се соочуваат со тешкотии за да им...

Земјотрес од 6,6 степени според Рихтер ја погоди Јапонија

Силен земјотрес денеска ја погоди истата област во Јапонија што во 2011 година беше погодена од земјотрес и од цунами. Јапонските претставници соопштија дека нема ризик од цунами по денешниот потрес. Јапонската метеоролошка агенција јави дека земјотресот бил со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала, додека Американската геолошка служба навела дека се работи за земјотрес со јачина од 6,8 степени. Земјотресот,...

Нов земјотрес го погоди Непал

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, денеска го погоди Непал, соопшти Американската агенција за геолошки истражувања. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, 68 километри западно од Намче Базар, во близина на Монт Еверест. Потресот се почувствувал и во главниот град на Индија, Њу Делхи, а следи неколку недели по разорниот земјотрес што го погоди регионот, во кој загинаа повеќе...

Регистран земјотрес во Скопје

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22.18 часот регистрала земјотрес чиј епицентар се наоѓал во скопското епицентрално подрачје. Земјотресот бил со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала.

Тревога за цунами по земјотрес на Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Папуа Нова Гвинеја. Епицентарот на потресот бил 150 километри јужно од градот Рабаул. Издадено е предупредување за цунами во круг од 300 километри, соопшти американската геолошка служба. Пацифичкиот центар издаде предупредување, наведувајќи дека не очекува разурнувачко цунами да ги погоди Хаваи. Земјотресот бил забележан на длабочина од 63 километри и...

ЕУ одобрила помош од 20 милиони евра за Непал

Европската унија одобрила финансиска и хуманитарна помош во вредност од 20 милиони евра за Непал, која на 25 април ја погоди силен земјотрес. ЕУ оваа одлука денеска ја донела на барање на непалската влада, која ќе се соочи со огромен недостиг од пари доколку не добие поголема меѓународна помош. Непал ќе добие 16,6 милиони евра во вид на финансиска помош и три милиони...

Земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди новозеландскиот Јужен Остров, соопшти американскиот Геолошки завод. Епицентарот на земјотресот бил 59 километри северно од градот Квинстаун, на длабочина од 10 километри. Засега нема податоци за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.

Бројот на загинати во земјотресот во Непал надмина 7.000 лица

Непалската полиција денеска потврди дека бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата достигнал 7.074 лица, а 14.000 биле повредени, пренесуваат медиумите. Според официјалните податоци, во земјотресот биле уништени 141.000 куќи, а оштетени биле 150.158 домови. Како што пренесуваат медиумите, полицијата барала повеќе хеликоптери за транспорт на хуманитарна помош на стотиците илјади луѓе, кои се наоѓаат во оддалечените подрачја,...

Спасено 15-годишно момче од урнатините во Катманду

Петнаесетгодишно момче денеска е извлечено живо од урнатините на една зграда во Катманду, пет дена по разорниот земјотрес во Непал, соопшти полицијата. Тој е последниот преживеан во урнатините на една зграда, а пред него во вторникот непалските и француските спасувачи спасија 28-годишен маж од урантините на хотел. Потресот со магнитуда од 7,9 степени според Рихтеровата скала уништи бројни села во оддалечените...

Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја. Како што соопшти американскиот Геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил на 154 километри јужно од градот Рабаула, на длабочина од 85 километри. Засега нема извештаи за евентуални жртви и за причинета материјална штета.

Земјотрес попладнево ги вознемири охриѓани

Земјотрес со помала јачина ги вознемири попладнево охриѓани, откако тлото многу кратко, но забележително се затресе во 16.48 часот. „Арно стресе“, беа првите коментари на социјалните мрежи. Епицентарот на земјотрес, кој бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, се наоѓал на 92 километри југозападно од Скопје, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Спасен маж кој 84 часа бил под урнатините во Непал

Спасувачките екипи во Непал синоќа, под урнатините на станбен блок во непалскиот главен град Катманду, успеале да го спасат 28-годишниот Риши Канал, кој 84 часа преживеал без вода и без храна. Канал, повеќе од три дена бил затрупан во соба со мртви лица. Спасувачките екипи, повеќе од пет часа се обидувале да стигнат до преживеаниот. Земјотресот со интензитет од 7,9 степени...

Земјотрес во Босна и Херцеговина, нема повредени

Силен земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина. Земјотресот кој бил почуствуван во 18 часот, бил со сила до 4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 70 километри од Славонски Брод. Во земјотресот нема повредени ниту, пак, голема материјална штета.

Тридневна жалост во Непал поради загинувањето на 4.300 лица

Непалската влада прогласи тридневна жалост поради загинувањето на повеќе од 4.300 лица во разорниот земјотрес што во саботата ја погоди сиромашната земја под Хималаите. Според последните информации, во земјотресот загинале 4.353 лица, а доброволците четврти ден по ред бараат преживеани под урнатините и ископуваат тела на загинати во потресот со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала. Обединетите нации проценуваат дека со...

Во Непал, лекари оперираат на улица

Луѓето во Непал се на улица уште од саботата, стравуваат од нови потреси. Хуманитарната помош е при крај, а гладта и жедта земаат замав. Ова го раскажува хуманитарниот работник Сантош Шарма, кој учествува во помошта на загрозените. Земјотресот, според официјалните информации, однесе 3.700 животи. Десетина илјади жители на Непал останаа без покрив над глава и стравуваат да се вратат во своите...

Црвен крст на Македонија ќе собира средства за настраданото население во Непал

Црвениот крст на Република Македонија ќе собира финансиски средства за настраданите од силниот земјотрес што го погоди Непал. „Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон прелиминарниот апел објавен од Меѓународната федерација на Црвениот крст и на Црвената полумесечина за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Непал, во висина од 33.480.000 ЦХФ. Со оваа помош Националното друштво на Непал ќе...

Бројот на загинатите во Непал се искачи на 3.700

Бројот на загинатите во земјотресот во Непал, според денешните податоци, порасна на 3.700, а конечниот биланс на жртвите ќе зависи од состојбата во планинските села, до кои спасувачите се уште се обидуваат да стигнат. Три хеликоптери се испратени во рамки на акцијата за спасување на 150 планинари кои во саботата останаа блокирано во два кампа на Монт Еверест. Лавина...

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...