!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Силен земјотрес го погоди Мексико


Мексико Сити, 21 мај, 2017 - 10:33 (META) 

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди југозападниот дел на Мексико, Засега нема информации за повредени, ниту за причинета материјална штета.

Како што соопшшти Американскиот геолошки завод епицентарот на земјотресот е регистриран на 52 километри северозападно од Синталапе, соопшти.


Земјотрес од 4,2 степени ги разбуди скопјани


Скопје, 14 мај, 2017 - 10:13 (META) 

Земјотрес од 4,2 степени во 4.08 часот утрово ги разбуди скопјани, исплашени дека тоа е можеби почетокот на серија земјотреси слични на тие што од 11 септември минатата година го тресеа подрачјето на главниот град.

Земјотресот имал хипоцентар, односно се случил на длабочина од 2 километри, а епицентарот е кај селото Марино, известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.


Нов земјотрес ја затресе Македонија


Скопје, 9 април, 2017 - 10:39 (META) 

Нов земјотрес беше почувствуван утринава во Македонија, во 7.40 часот, според Сеизмолошката опсерваторија на ПМФ во Скопје. Земјотресот беше почувствуван во јужна Македонија, а во некои градови, според извештаи, некои луѓе излегувале од зградите.

Како што се дознава од веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот со магнитуда од 3,9 степени се случил во 7.40 часот по македонско време на 109 километри од Скопје, 42 километри југозападно од Демир Капија и 9 километри северно од Промахој, Грција, односно на самата македонско-грчка граница. Земјотресот бил на 5 километри длабочина.

Петнаесет минути претходно, имало земјотрес и во Егејско Море, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Вчера пак земјотрес северно од Тирана беше силно почувствуван во западна Македонија.


Земјотресот што се почувствува во Македонија имал епицентар северно од Тирана


Скопје, 8 април, 2017 - 16:23 (META) 

Силниот земјотрес што во 15.53 часот се почувствува во западниот дел на Македонија, имал епицентар на 55 километри северно од Тирана, односно на 32 километри источно од градот Леж.

Магнитудата изнесувала 5,2 степени, а хипоцентарот, односно длабочината на земјотресот, бил на 10 километри под површината, се дознава од веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот во Скопје беше почувствуван како хоризонтален, а регистриран е и од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, според тоа што може да се види на нејзината веб-страница.


Земјотрес го погоди Иран


Техеран, 5 април, 2017 - 9:45 (META) 

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе североисточниот дел на Иран.

Како што објави американскиот геолошки институт, земјотресот е регистриран на 76 километри југоисточно од градот Машада.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 13 километри, а засега нема извештаи за жртви или за причинета материјална штета.


Силен земјотрес го погоди Бали


Данпасара, 22 март, 2017 - 9:53 (META) 

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала утринава го потресе Бали, без да предизвика материјална штета, но создаде паника кај туристите кои набрзина ги напуштале хотелите.

Потресот се случил нешто по 7 часот по локално време. Епицентарот бил околу 20 километри североисточно од главниот град Данпасара, на длабочина од 118 метри, во близина на популарното одморалиште на југот на земјата.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот „огнен прстен“, каде се судираат тектонските плочи, што предизвикува чести сеизмички и вулкански активности.


Силен земјотрес во Турција


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погодил југоисточниот дел на Турција, соопшти турскиот центар за управување со кризи.

Епицентарот на потресот бил во градот Самат, во провинцијата Адијаман, стои во соопштението.

Американскиот геолошки завод наведе дека магнитудата на потресот изнесувала 5,6 степени и дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Нема информации за причинета штета.


Најмалку 15 загинати во земјотрес на југот на Филипини


Манила, 11 февруари, 2017 - 10:56 (META) 

Најмалку 15 лица загинале, а околу 100 биле повредени во земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата сакала што денеска го погодил јужниот дел на Филипини, јавуваат светските агенции.

Земјотресот, според агенциите, ја погодил провинцијата Суриаго дел Норте, на островот Минданао.

„И понатаму ја проценуваме ситуацијата, потребите на населението и причинетата материјална штета“, изјавил претставник на филипинските власти.


Силен земјотрес ја погоди Колумбија


Богота, 6 февруари, 2017 - 15:47 (META) 

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, потресе делови од Колумбија.

Епицентарот на потресот бил во југоисточната област Хуила, а се почувствувал и во престолнината Богота, каде луѓето ги напуштиле објектите од страв.

Засега нема информации за причинета штета и за евентуални жртви.

Утринава земјотреси ја погодија Турција и грчкиот остров Лезбос.


Земјотрес во Турција, има повредени


Анкара, 6 февруари, 2017 - 10:34 (META) 

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Турција и оштети куќи во пет крајбрежни села, а има и повредени, соопшти турскиот сеизмолошки центар.

Турските медиуми јавуваат дека најмалку четири лица се повредени во земјотресот, чиј епицентар бил под Егејското Море, во близина крајбрежниот град Ајвачик, во северотурската провинција Џанакале.

Според првичните информации, оштетени куќи има во селата Тасагли, Тузла, Јуари, Џам и Гулпинар.
По земјотресот, следувал и потрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресите се чести во Турција, која се наоѓа на граница на тектонски плочи.

Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала утринава го погодил и грчкиот остров Лезбос, но нема информации за причинета материјална штета или за жртви.

Според информациите на Атинскиот геофизички институт, епицентарот бил на северот на островот.