fbpx
Таг: ебола

таг: ебола

Еболата во Либерија речиси искоренета

Властите во Либерија денеска соопштија дека има уште пет случаи на ебола и потврдуваат дека епидемијата која однесе повеќе илјади жртви е блиску до искоренување. „Имаме пет потврдени случаи на ебола во Либерија од денеска“, рече заменик-министерот за здравсто, Толберт Њенсувијах. Тој рекол дека три случаи се забележани во престолнината Монровија, а два во северозападните окрузи Боми и Гранд Кејп Монт. „Одиме...

За три недели се регистрирани нови 1.000 случаи на ебола

Повеќе од 1.000 нови случаи на ебола се регистрирани во изминатите три недели, што е показател дека болеста и понатаму претставува глобална закана, оцени шефот на мисијата на ОН за борба против еблата, Исмаил Улд Шеих Ахмед. Според Шеих Ахмед, црните прогнози дека до крајот на декември минатата година ќе има регистрирани 10.000 нови случаи, не се остварија благодарение на брзата...

Епидемијата на ебола ќе заврши оваа година

Најлошата досега епидемија на ебола би можела да заврши оваа година, изјави шефот на мисијата на ОН за борба против оваа болест, Ентони Бенбери, кој заминува од оваа функција. Бенбери, во последното обраќање до јавноста, нагласи дека кризата е далеку од крајот, но истовремено изрази оптимизам и верување дека е можно да се оствари целта да нема нови случаи на зараза...

Прв случај на ебола во Шкотска

Лекари од Глазгов потврдиле дека еден здравствен работник од Шкотска е заразен со вирусот на ебола. Шкотскиот државјанин неодамна се вратил во земјата од Сиера Леоне, каде што работел со заболени од овој смртоносен вирус. По враќањето во Глазгов забележал дека има симптоми на ебола, а по деталните прегледи потврдено е присуството на овој вирус. Владата на Шкотска го потврди првиот случај...

СЗО: Кризата со ебола ќе трае уште една година

Епидемијата на ебола во Западна Африка ќе трае до крајот на 2015 година, оцени шефот на одделот за борба против овој вирус при Светската здравствена организација, Питер Пајот. Белгискиот микробиолог Пајот истакна дека е охрабрен од напредокот во Сиера Леоне и од новите антивирусни терапии. Тој, сепак, предупреди дека е потребно време за развој на вакцини. Пајот, кој е еден од научниците што ја...

СЗО: Еболата одзела 6.331 живот

Бројот на жртви од еблоа во трите најпогодени земји во Западна Африка, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, се зголеми на 6.331, објави денеска Светската здравствена организација. Најновите податоци покажуваат дека Сиера Леоне ја надмина Либерија по бројот на жртвите од ебола. Во Гвинеја, Либерија и во Сиера Леоне се регистрирани вкупно 17.800 заболени од ебола. Од нив 7.719 се од...

Уште еден лекар заразен од ебола во Сиера Леоне

Уште еден лекар од Сиреа Леоне е инфициран со ебола, соопштија здравствените власти во земјата. Повеќе од 15.000 лица се инфицирани со ебола, од кои повеќето во Западна Африка. Бројот на заразените здравствени работници е многу поголем во споредба со претходните епидемии. Токму затоа справувањето со епидемијата е многу потешко во овие земји, кои и пред појавата на болеста имаа недостиг на...

Лекар од Италија заразен со ебола

Италијански лекар, кој доброволно работел во Африка, е заразен од ебола и се враќа во Рим. Италијанската министерка за здравство тврди дека тој засега добро се чувствува. Лекарот за заразил со ебола во Сиера Леоне и со авион се враќа во Рим на специјалистички третман, соопшти италијанското министерство за здравство, наведувајќи дека ова прв случај во Италија. Лекарот денеска ќе пристигне...

Кубански лекар заразен од ебола

Кубански лекар во Сиена Леоне е заразен со вирусот ебола, соопштија кубанските медиуми. Лекарот Феликс Баес Сариу е еден од 165 лекари и медицински персонал што ги лекуваа заболените британските лекари во Африка. Сариус, по препорака на Светската здравствена организација, ќе биде префрлен на специјално одделение во болница во Женева. Кубанскиот специјалист по интерна медицина во неделата добил висока температура, а следниот...

Кина испрати 160 здравствени работници во Либерија

Во Либерија пристигнаа вкупно 160 здравствени работници од Кина. Во земјата најпогодена со ебола, кинеските власти испратија лекари, медицински сестри, епидемиолози, инженери и техничари кои ќе работат во еден центар кој го финансира кинеската влада, за што издвои 41 милион долари (33 милиони евра). Според последниот биланс на Светската здравствена организација, повеќе од 500 лица починале од ебола.

САД: Медицински сестри штрајкуваат за подобра заштита од ебола

Најмалку 100.000 медицински сестри протестираа во 15 сојузни американски држави, барајќи подобра заштита на здравствените работници што работат со заболени од ебола. Американскиот Национален сојуз на медицински сестри бара медицинските установи да купат специјална заштитна облека и респиратори, како и да спроведат обука на лицата што се грижат за болните од ебола. Американскиот Центар за контрола и за превенција на болести нарача посебна...

СЗО: Од ебола починале 4.960 лица

Во Западна Африка бројот на заразени лица од ебола се зголеми на 13.268, што е за приближно 200 лица повеќе од бројот евидентиран во извештајот пред два дена, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, од ебола починале 4.960 лица, но не се сомневаат дека бројката е многу повисока. - Епидемијата од ебола различно се развива во земјите од регионот, во некои забавува,...

Ќе се инвестираат 280 милиони евра во истражување за еболата

Европска Унија и произведувачите на лекови денеска најавија дека ќе вложат 280 милиони евра во истражување за еболата. Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за брзо тестирање на вирусот и за производство на потенцијална вакцина. Средствата ќе се искористат за проекти што ја поддржуваат иницијативата за иновативна медицина (ИМИ), единствено јавно-приватно партнерство, која заеднички ја финансираат Европската комисија и фармацевтската индустрија. -...

Австријците стравуваат од ебола

Австријците стравуваат дека еболата би можела да се прошири и во нивната земја, покажува денеска објавеното истражување на институтот „Маркет“. Според истражувањето, дури 61 процент од населението стравува дека еболата може да стигне во Австрија преку меѓународните авиолетови и другите видови сообраќај. Доколку дојде до појава на ебола, 70 проценти од Австријците имаат доверба во домашниот здравствен систем, кога е во прашање...

Лекар од Брегот на Слоновата Коска почина од ебола

Властите на Брегот на Слоновата Коска денеска соопштија дека лекарот Џорџ Годфри починал од ебола, така што тој е четврта жртва на болеста меѓу лекарите во Западна Африка. Починатиот бил надзорник во државната болница на северот на земјата. Странските држави, вклучувајќи ја и Кина, кои испратија свои лекари и медицински персонал за да им помогнат на заболените од ебола во Западна...

Северна Кореја воведе тридневен карантин за сите странци

Северна Кореја воведе задолжителен тридневен карантин за сите странци што ќе ја посетат земјата поради страв од ебола, јавува магазинот „Тајм“. Западните медиуми со потсмев информираат за ваквиот чекор, имајќи предвид дека засега нема пријавени случаи на ебола во Азија, а Северна Кореја е оддалечена 11.000 илометри од најблискиот потврден случај на ебола во Салас, Тексас. Истовремено, Северна Кореја нема ниту...

Русија прати помош за борба со еболата во пет африкански држави

Помош за борба против епидемијата на ебола, испорача Русија во пет африкански држави. Пакетите ги исфрли транспортен авион на руската компанија „Волга-Дњепар“. Се работи за пет контејнери, секој со 18 тони заштитни и други средства, изјави по телефон член на екипажот на авионот од Абиџан, јави ТАСС. Руската помош е испорачана во ДР Конго, Гана, Мали, Гвинеја-Бисао и во Брегот на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...