fbpx
Таг: договор

таг: договор

Мило Ѓукановиќ ја руши владата на Дритан Абазовиќ поради договорот со Српската православна црква

По само три месеци од нејзиното формирање, црногорската влада на премиерот Дритан Абазовиќ е на пат да го изгуби парламентарното мнозинство. Демократската партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ одлучи да ја прекине поддршката на владата на Абазовиќ поради напуштање на европската агенда, објави подгоричкиот весник „Побједа“. ДПС веќе нареднава недела ќе го овласти нивниот пратенички клуб да...

Илон Маск се откажа од зделката од 44 милијарди долари за купување на Твитер

Најбогатиот човек на светот Илон Маск сака да ја раскине понудата од 44 милијарди долари за купување на Твитер, со тврдење дека биле прекршени повеќе точки од договорот, пренесе Би-Би-Си. Оваа информација е последна во долгиот развој на сагата за купување на социјалната мрежа која трае од април. Маск вели дека се откажал од намерата бидејќи Твитер не доставил доволно информации...

Ковачевски, Вучиќ и Рама на 8 јуни ќе потпишат договорот за заемно признавање дипломи

Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе измени и дополнувања на заклучокот од претходната седница во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан на полето на заемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции. „Согласно измените на заклучоците, потписник на...

Договорот за преземање на Твитер од Илон Маск ставен во мирување

Директорот на „Тесла“ и „Спејс Eкс“, Илон Маск, изјави дека договорот за преземање на Твитер вреден 44 милијарди американски долари е ставен во мирување. Како причина за паузирањето на постапката, Маск наведе дека очекува детали кои ќе го поддржат тврдењето на Твитер дека лажните профили на оваа социјална мрежа изнесуваат помалку од 5 проценти од вкупниот број корисници на...

Град Скопје на превозниците ќе им исплати 60 отсто од долгот за март, 19-ка и 20-ка ќе возат нормално

Приватните автобуски превозници што ги одржуваат градско-приградските линии во Скопје денеска со Градот Скопје постигнаа договор, со што од утре приватните превозници ќе продолжат нормално да сообраќаат на линиите „19“ и „20“. Градот Скопје и приватниот превозник „Макекспрес“ за Порталб.мк потврдија дека е постигнат договор откако вчера граѓаните беа приморани да користат други автобуски линии за да се возат...

Владата и СОНК постигнаа договор, од среда ќе продолжи наставата и работата на градинките

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот...

Синдикатот и Министерството за одбрана постигнаа договор, од мај стартува исплатата на додатоците

Договорот меѓу Синдикатот на одбраната и Министерството за одбрана за исплата на додатоците за прекувремена работа е финализиран. Исплатата на прекувремената работа која се однесува на сработеното во март ќе започне со априлската плата, која се исплаќа на почетокот на мај, пишува Порталб.мк. Министерката за одбрана Славјанка Петровска и Синдикатот имаат редовни и непосредни состаноци. Во рамките на овие средби,...

Владата да го раскине договорот за мала хидроцентрала во НП „Маврово“, бараат екологисти и професори

Екологисти и професори од 37 граѓански организации и повеќе факултети поднесоа барање до Владата да не го продолжува и еднострано да го раскине договорот за изградба на малата хидроцентрала „Рибничка 7“ во Националниот парк „Маврово“, склучен во 2015 година. Рокот за изградба на оваа хидроцентрала истекува на 7 Мај годинава, а според важечкиот договор, доколку не се испочитува, Владата...

Грчка ДЕСФА постана акционер на Гастрејд кој ја гради гасната постројка во Александрополис

Националниот оператор на системот за природен гас на Грција (ДЕСФА) го ратификуваше неговото учество во акционерската структура на Гастрејд, компанијата што ја развива пловечката единица за складирање и регасификација на течен природен гас во грчкиот град Александрополис. Ваквиот потег следува по одобрението од Европската комисија за стекнување заедничка контрола на Гастрејд од страна на Операторот и другите акционери. Од ДЕСФА...

Светските лидери со позитивни оценки за договорот од КОП 26, иако јагленот не е целосно исфрлен од употреба

Климатскиот договор постигнат на КОП 26 во Глазгов е договорот којшто носи промени и којшто ќе донесе крај на производството на енергија од јагленот. Можеме да лобираме и охрабруваме, но не можеме да ги принудиме останатите земји да го прават она што не сакаат, изјави британскиот премиер Борис Џонсон по завршувањето на Конференцијата за климатски промени на ОН во...

Политичарите и активистите претпазливи во однос на климатскиот пакт на САД и Кина

Активистите и политичарите со претпазливост ја дочекаат ненадејната декларација на САД и Кина за соработката против климатските промени. Објавата на ваквата спогодба на климатскиот самит на ОН, KОП26 што се одржува во Глазгов, Обединетото Кралство за ЕУ и ОН е „поттикнувачки и важен чекор“, но сепак светската организација „Гринпис“ порача дека обете земји мора да покажат поголема посветеност, извести...

КОП26: Над 40 земји се заложија да запрат со производство на струја од јаглен, но има и несогласувања

На Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП26) во Глазгов повеќе од 40 земји од светот се согласија на постепен прекин на производството на електрична енергија од јаглен. Поголемите економии ќе треба да го направат ваквиот прекин во текот на следната деценија, додека помалите земји имаат обврска да престанат со производството во 2040-тите години, пишува Гардијан. Договорот посредуван од Обединетото...

Столтенберг: Во интерес на НАТО и ЕУ е да има заеднички долгорочни решенија во регионот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска се состана со претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак. Тема на нивниот разговор беше договорот за регистарски таблички меѓу Косово и Србија. По средбата Столтенберг на Твитер соопшти дека во интерес на НАТО и ЕУ е да имаат заеднички долгорочни решенија во регионот. Тој во твитот нагласи дека КФОР ќе обезбеди безбедна...

Пожарите беснеат, шпанска компанија за 400.000 евра допрва ќе ги сервисира противпожарните авиони

Дирекцијата за заштита и спасување денеска го потпиша договорот со шпанската компанија „Titan Firefighting Company S.L.“вреден 25.000.000 денари (околу 400.000 евра) за поправки и сервисирање на трите противпожарни авиони што ги поседува земјава, вклучувајќи ги и годишните прегледи. Договорот е склучен во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, а оправданоста за ваквиот чекор е „доколку поради крајна итност,...

МФ: Од ЕИБ Нови 100 милиони евра кредити за мали и средни фирми како поддршка за пандемијата

Договор за нови 100 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) со кои ќе се поддржат најмалку 300 проекти на домашни мали и средни компании, денеска беше потпишан од министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова и директорот на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир, соопштија од...

Со инвестиција од 70 милиони евра ќе се гради соларна електрана во Осломеј

По принципот на јавно приватно партнерство, денеска се потпиша договорот меѓу државната АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), турската „Фортис Енержи Електрик“ и бугарската компанија „Солар про“, за изградба на фотонапонска електрана во РЕК Осломеј. Инвестиција „тежи“ 70 милиони евра и предвидува 100 нови вработувања. Оваа електрана се очекува да биде пуштена во употреба до крајот на годината. Според премиерот...

Договор за грант од 8,2 милиони долари меѓу САД и Северна Македонија, во фокусот се корупцијата, конкурентноста и учеството на младите

фото Мин за финансии
Договор за грант за партнерство за развој во висина од 8,2 милиони долари, денеска потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава, Ерик Јановски. Грантот ќе биде насочен кон три главни цели, јакнење на конкурентноста на компаниите, зголемено учество на младите во општеството и намалување на корупцијата во државата. „Овој договор меѓу РСМ и...

Франција и РС Македонија потпишаа договор за копродукција во областа на филмот

Република Северна Македонија и Франција потпишаа Договор за филмска копродукција, во кој надлежни институции се Агенцијата за филм на РСМ и Францускиот Националниот центар за кинематографија и анимирани слики. „Во рамките на една посета на Париз што се одржа на 23 февруари 2021, нашите двајца Министри за надворешни работи, Г-динот Жан-Ив Ле Дријан и Г-динот Бујар Османи потпишаа Договор за...

Владата го усвои текстот на Договорот за изградба на интерконектор за гас со Грција

На 57. седница Владата го разгледа и прифати текстот на усогласениот Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за изградба на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција - Северна Македонија и го овласти министерот за економија Крешник Бектеши во име на Владата да го потпише овој договор со Владата на Република Грција. „Со овој...

Земјава ќе го ревидира договорот за слободна трговија со Турција, стар 20 години

Билатералниот Договор за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Турција, склучен пред 20 години, ќе се модернизира и надградува. Тоа е договорено во Анкара на денешната средба меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и Рухсар Пекчан, министерката за трговија на Република Турција, на кој ревидирањето на Договорот за слободна трговија било главна тема, соопшти Министерството за економија. Бектеши изјавил дека...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...