fbpx
Таг: граѓани

таг: граѓани

Граѓаните порачаа: Сакаме чист воздух сега и овде!

Неколку стотини граѓани со транспаренти „Мислам значи дишам“, „Стоп смог сега“, „Имате ли план“, „Сакам Дедо Мраз да ми донесе воздух“, точно напладне се собраа пред просториите на Град Скопје на протест против загадувањето на воздухот. Собраните граѓани на надлежните им порачаа дека сакаат „чист воздух сега и овде“. - Овде сме да го изразиме нашиот револт од загадувањето на воздухот...

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за арач-политиките на Груевски

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за арач-политиките на нивниот шеф Никола Груевски, а не за интересите на граѓаните. Нови давачки, нови казни за нивно неплаќање и нови извршители на врата ги чекаат граѓаните кои не користат парно греење, а добиваат сметки“, обвинуваат од СДСМ. „Овие граѓани понатаму ќе имаат обврска да плаќаат за парното што не го користат, поради пратениците на...

В сабота по 40. пат граѓаните ќе протестираат против „Топлификација“

В сабота, кај Порта „Македонија“, во 12 часот ќе се одржи протест на граѓаните кои се исклучени од топлификациската мрежа. Како што информираат граѓаните, протестот што ќе се одржи в сабота ќе биде последниот на кој ќе се договараат и за прославата што планираат да ја одржат по повод изгласувањето на законите со кои ќе бидат ослободени од плаќање паушал. „Имено, в понеделник,...

СДСМ помина, денеска ЛП, а утре ВМРО-ДПМНЕ меѓу охриѓани

Либералната партија, вечерва во 18 часот ќе има работна средба со членството од општинската организација на партијата во Охрид, а за утре во градот е најавено одржување на трибина на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Пред два дена „Визијата за Македонија“ на најголемата опозициска партија СДСМ веќе беше меѓу граѓаните на Охрид. Политичките партии се растрчани на средби со членството и граѓаните, како...

Трибина на МОСТ за еколошките прашања во Струга

Во рамките на проектот „Мобилен парламент“, граѓанската асоцијација МОСТ, денеска во 18 часот, во хотелот „Дрим“ во Струга, организира јавна средба на тема „Пратениците и граѓаните отворено за еколошките прашања во Струга“. Проектот „Мобилен парламент“ е реализиран од граѓанската асоцијација МОСТ, а е поддржан од Европската унија (ЕУ), преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Целта е, како што соопштија...

Штипјани со иницијатива за одбрана на градскиот парк

Граѓаните на една од најголемите штипски населби, 8 Ноември, на Денот на ослободувањето на градот кажаа „не“ на преполовувањето на паркот и на изградбата на две згради. Двете парцели за кои станува збор се наоѓаат на атрактивен простор веднаш до градскиот стадион. Првата парцела летото беше продадена на локален бизнисмен за околу 60.000 евра, а на неа ќе се гради деловен центар. Втората...

СДСМ: УЈП нема морално право да блокира сметки на граѓаните за радио-дифузна такса

Со кое право УЈП се заканува на повеќе од 27.000 граѓани и фирми, дека ќе им ја блокира трансакциската сметка заради наплата на радио-дифузна такса, прашуваат од опозицискиот СДСМ. Според партијата, од последните податоци од листата на должници, Советот за радио-дифузија должи близу 800.000 евра. - МТВ, според истата листа, должи повеќе од 1.700.000 илјади евра. А, повеќе од 180.000 луѓе во Македонија живеат со...

Граѓаните сè помалку штедат

Депозитниот потенцијал на банките е 4,7 милиони евра и на годишно ниво тој се зголемува за 6 проценти. Кај компаниите тој пораст е речиси 7 проценти. Ова денеска беше истакнато по повод Светскиот ден на штедењето, кое 17 години го одбележува Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија. Гувернерот Димитар Богов посочи дека банкарскиот сектор ја задржа стабилноста, но се случија...

Граѓаните ќе можат да ги плаќаат даноците преку интернет

Граѓаните можат да плаќаат даноци преку интернет со безготовинските картички „виза“, „маестро“ и „мастеркард“ издадени од домашни банки. Потребно е да се регистрираат и да креираат кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ на https://etax.ujp.gov.mk/ - Услугата „е-Плаќање на даноци“ овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите интернет-преглед и...

Иницијативата за спас на зеленилото во Карпош 4 досега собра 2.300 потписи

На последниот ден од рокот за потпишување на иницијативата за спас на зеленилото во населбата Карпош 4, до 10 часот утринава, потпишани се 2.300 жители на Карпош. За акцијата да биде успешна, потребно е до крајот на денот да се потпишат вкупно 5.900 граѓани. На социјалните мрежи се појавија информации за постоење на два списоци, но вработени во Државната изборна комисија...

Тетовци нудат предлози и бараат решенија од властите за проблемите во градот

Формирање центар за бесплатна правна помош за жртви од семејно насилство, општинска помош за поставување спомен-плочи на загинати бранители и цивили од воениот конфликт од 2001 година, мерки за заштита од загадување на воздухот. Ова се само дел од предлозите и од барања на тетовци кои денеска беа упатени до локалната самоуправа на форумот организиран од Националниот демократски институт. Градоначалничката...

Царинска управа на Србија: Во Хрватска патувајте преку околните земји

Царинската управа на Србија упати апел до патниците од Србија, поради затворањето на хрватските гранични премини, да патуваат преку некоја од околните земји. Според нивните информации, возилата со српски регистарски таблички не се пропуштаат на хрватските гранични премини. Апелираат, патниците кои имаат српски пасош, или да одат пеш или да се превезат во возила со странски регистарски таблички. На тој начин,...

Заев: Околу 75 проценти од граѓаните се под средна класа

Битола е еден од градовите што „патат од болестa миграција“, од која е зафатена цела Македонија, изјави денеска лидерот на опозицијата, Зоран Зеав, при средбата со граѓани на Битола. - Тоа е изразено во недостиг од квалитетна работна сила, тоа е изразено во вкупен промет на пари во општеството. Едниот дел е поради тоа што луѓето заминале, другиот дел е поради...

Порака од „Ајде“: Не даваме безрезервна поддршка на обвинителката

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ од 18 часот пред Собранието на Република Македонија го почна настанот за поддршка на специјалниот јавен обвинител. Оттаму велат дека граѓаните на Република Македонија целосно се посветени и истрајни во битката за правда, слобода и за демократија, а тоа треба да му биде јасно на специјалниот јавен обвинител. - Многу тешка задача има специјалната јавна обвинителка. Ќе треба да...

Политичарите и граѓаните различно си го честитаа Денот на независноста

Положување цвеќе, ветувања за уште подобра иднина, патриотизам и гордост да се биде Македонец. Со вакви зборови беа исполнети честитките на политичарите кои денеска ги упатија кон граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста. Едни зборуваат за тоа како придонеле за подобра иднина на Македонците по 24 години независност, други, пак, за тоа како ќе го подобрат животот...

Граѓаните порачаа „Скопје не е Дизниленд“!

Стотина граѓани денеска се собраа кај Камениот мост, во близина на локацијата каде се гради Панорамското тркало за да порачаат дека „Скопје не е Дизниленд“. - „Скопје не е Дизниленд“ е граѓанска иницијатива од група граѓани, формирана затоа што постои отпор за сите овие згради од Скопје 2014, особено за Панорамското тркало, затоа што тоа е последната капка во чашата,...

Долгот на фирмите и на граѓаните кон УЈП е 283 милиони евра

На најновата листа на должници што ја објави УЈП, се наоѓаат 3.700 компании и 1.000 физички лица. Нивниот долг изнесува 283 милиони евра и е за 3 милиони евра поголем во однос на минатиот месец. Меѓу должниците се и јавните претпријатија „Македонија пат“, „Македонски шуми“ и „Македонска радио-телевизија“.  

Македонците со најниска плата на Балканот

Според Заводот за статистика на Словенија, просечната плата во оваа земја во мај изнесувала 1.008 евра, што е значително повеќе споредено со другите земји во регионот, пренесуваат црногорските медиуми. Според последните податоци од нашиот Државен завод за статистика, просечната плата во Македонија изнесува 350 евра и со ова сме во редот на држави што имаат најниски примања на Балканот, заедно со...

Спасовски: Автократскиот режим заминува, доаѓа време на слобода

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, заедно со претставници на општинската организација на СДСМ во Ново село, беше во посета на општината, на средби со жителите на селата Смолари, Старо Коњарево и Дражево. Станува збор за печалбарски крај, каде сега се вратени граѓаните иселени во Италија и во Швајцарија. „Луѓето со кои зборуваше Спасовски, ги поздравија истрајните политики на СДСМ, во...

Депозитите на граѓаните – намалени, како последица на политичката криза

Првичните податоци од јуни, покажуваат пораст на вкупните депозити на месечна основа, кој во целост е воден од порастот на депозитите на корпоративниот сектор, се вели во соопштението на НБРМ за состојбите во домашната економија. Депозитите кај домаќинствата втор месец по ред бележат намалување на месечна основа (иако во јуни тоа е во помал обем споредено со мај), како последица на...

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...