fbpx
Таг: граѓани

таг: граѓани

Се зголемува кредитирањето на фирмите и на граѓаните

Банките на фирмите и на граѓаните во февруари им одобриле за 8,6 отсто повеќе кредити во споредба со првиот месец од годинава, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Вкупната кредитна изложеност на банките во февруари изнесувала 4.515.040.650 евра или за 23,6 милиони евра повеќе во однос на јануари, кога изнесувале 4.491.365.853 евра. Во јануари е забележан пад на вкупните кредити на приватниот...

СДСМ: Во земјава се увезува струја поскапа за неверојатни 41,7 отсто

Од Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) да излезат и да објаснат зошто дозволуваат граѓаните да ја натплаќаат увезената струја, порача денеска Митко Андреевски, претседател на комисијата за енергетика на СДСМ. „Со последната одлука, РКЕ утврдила дека ЕВН ќе набавува електрична енергија на слободниот пазар за 51,46 евра за еден мегават-час! Но, последните податоци од берзите на електрична енергија во регионот: бугарската...

ДУИ ја презентираше предлог-програмата за предвремените парламентарни избори

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја презентираше предлог-програмата за предвремените парламентарни избори. Шефот на изборниот штаб, Беким Незири, истакна дека во првичниот предлог на изборната програма се вклучени сите проекти што ќе бидат реализирани во мандатот 2016-2020 година. Тој додаде дека програмата ќе биде завршена во текот на следните денови, со предлозите и со идеите на различните групи на интерес...

Утре напладне протест на граѓаните исклучени од „Топлификација“

Утре, во 12 часот, пред Порта „Македонија“ ќе се одржи 53. протест на граѓаните исклучени од „Топлификација“. На протестот ќе се зборува за проблемите што исклучените од „Топлификација“ ги имаат при судењата во Основниот суд. - Секој исклучен од „Топлификација“ досега е тужен седум пати. Основниот суд, речиси по правило, ги одбива барањата за спојување на постапките на овие седум парници. Поради ова исклучените...

ГРОМ: Граѓаните ја одбранија државата

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција рече дека граѓаните успеале да ја одбранат државата. Според него, се видело дека во клучните моменти, како што државните институции ги штитат граѓаните, така граѓаните знаат кога треба јасно и недвосмислено да ги заштитат институциите и тие што работат во нив. „Секогаш кога ќе биде доведен во прашање суверенитетот и професионалноста на...

СДСМ: Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста врти

„Уште не уплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, министерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска објави проспекти за нова аукција. Побарува повеќе од 93 милиони евра. Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста тој врти, постојано се зголемува долгот на сите граѓани во земјава“, се вели во соопштението на СДСМ. Според нив, единствена грешка кај бројчаникот што...

Спасовски: Уставниот суд да не носи партиски одлуки

Покренувањето на иницијативата на Уставниот суд за законот за помилување и носење на една таква одлука ја потврдува констатацијата за немање на слободни, фер и демократски избори, рече министерот за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски помеѓу жителите на Гевгелија. -Го повикувам Уставниот суд навистина да носи одлука врз основа на уставните одредби, врз основа на законот, не...

ДИК ќе ги вкрстува податоците па ќе ја проверува основаноста на пријавите од граѓаните

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно одлучила, за основаноста на стотиците пријави од страна на граѓаните да пресече откако ќе заврши вкрстената проверка на податоците од институциите, јавува телевизија „Телма.“ - Ова се однесува на пријави на граѓани на лица кои не живеат на таа адреса, се отселени или се во странство. Иако лицето е на времена работа подолго од...

ДИК го усвои упатството за теренска проверка на избирачкиот список

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница го усвоија упатството за теренската проверка на избирачкиот список. Членовите на комисија на седницата ги одбија двата предлога на Игор Милев од СДСМ и на Бедредин Ибраими од ДПА. Милев предложи теренска проверка да се прави и по пријавите на граѓаните, откако ДИК ќе ги разгледа, а Ибраими го прифати неговиот...

Многуте корисници ја уриваат апликацијата на ДИК за проверка на избирачкиот список

Веб-апликацијата за проверка на избирачкиот список вчера неколку часа беше блокирана од премногу корисници, потврдија денеска од Државната изборна комисија. Честите кликнувања на граѓаните за да го проверат избирачкиот список ја блокирале работата на веб-апликацијата. Од утрово таа функционира нормално. Од пред неколку дена на страницата на избирачкиот список до името на секој граѓанин постои опција за пријавување, ако некој смета дека...

ДИК утре ќе расправа по пријавите од граѓани за недоследностите во избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) утре, во 16 часот, ќе одржи јавна седница на која ќе се расправа за пријавите од граѓани за сомнителни случаи и записи во електронскиот избирачки список што стигнале и биле примени од ДИК. Како што информираат од ДИК, известувањата што ги примиле се однесувале на следните забелешки: Лицето не е државјанин на Република Македонија; Лицето не поседува важечка...

Ако утре не го пуштат Бошкоски, директорот на затворот ќе добие кривична пријава

Адвокатот Констатин Кратовалиев очекува Љубе Бошкоски утре да го напушти затворот „Идризово“, а доколку тоа не се случи, тој најавува дека ќе поднесе кривична пријава до обвинителството против директорот на затворот, Живко Пејковски, кој треба да го потпише решението за ослободување на Бошкоски. Кратовалиев го посетил Бошкоски, чиј бранител е, во затворот, додека неколку десетици граѓани, членови на Обединети за...

СДСМ: Хаотичниот избирачки список потврдува изборна измама

„Се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори, преку фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции. Jавноста секојдневно се запознава со хаотичниот избирачки список“, се вели во соопштението на СДСМ. Од опозициската партија додаваат дека само неколку примери покажуваат дека на една адреса фигурираат и по стотина, па дури и повеќе лица. - На една адреса во Скопје се запишани 112...

Спасовски: Ќе има пријави за протестите во Бутел, честитки за присебноста на полицајците

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека ќе има постапки за одредени случаи и ќе бидат поднесени соодветни пријави поради синоќешните протести во Бутел. - Прво сакам да оддадам признание на полицајците што беа на настаните, затоа што најпрофесионално ја извршуваа својата задача и што немавме нарушување на јавниот ред и мир. Најважно од сè е дека граѓаните беа на...

На протестот пред МВР побарана одговорност од Спасовски и најавени нови „иницијативи“ на СМК

Околу илјада граѓани денеска се одзваа на повикот на Светскиот македонски конгрес (СМК) и излегоа на протест пред зградата на МВР за да искажат револт против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој според СМК,  дозволил лица предводени од ДУИ да ги запоседнат темелите на крстот во Бутел. Пред МВР се носеа транспаренти на кои што пишуваше „Оливер, зошто земаш плата“,...

Протест пред Уставен суд: Судиите послушници на власта да си дадат оставки

Стотина граѓани денеска повторно протестираа пред Уставниот суд и бараа оставка од судиите кои одлучија да ја разгледуваат иницијативата за уставност на законот со кој се предвидува лица гонети или осудувани за изборен криминал да не можат да бидат помилувани. Граѓаните извикуваа „Оставка“, „Збогум криминална бандо“, „Но пасаран“, и „И да го одбраниме Уставот од уставните судии“. Уранија Пировска од Хелсиншкиот...

Граѓански протест пред Уставен суд во 13 часот

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ ги повика сите слободоумни граѓани масовно да учествуваат на протест „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд: (Не)уставните судии ја попречуваат правдата!“, пред зградата на Уставниот суд, денеска во 13 часот. „Ајде уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме сè додека судиите што ја...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во паника откако пропадна тезата за 150.000 непостоечки гласови

Разликата во поддршката што ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изнесува околу 200.000 гласови. Таа разлика опстојува изминативе 10 години и се должи на мудроста на граѓаните да препознаат понуда на проекти и на просперитет од една страна и деструкција и афери од друга страна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Таа разлика ќе се потврди и на 5 јуни....

Обесштетени граѓаните и земјоделците што претрпеа штети од ланските поплави

Една година по поплавите во штипско Ново Село и во Лакавичко, Владата и Општината Штип ги обесштетија граѓаните со поплавени домови и имоти. На 75 земјоделци и сопственици на имоти им биле уплатени 2.241.000 денари. - За разлика од порано кога се исплаќаше само 15 отсто од утврдената штета, сега станува збор за целосно обесштетување за поплавите што се случија...

Протест пред Уставен суд: Штитат злосторничко здружение наместо човекови права

Поголема група граѓани и денеска, третпат, протестираа пред Уставниот суд. Од платформата за граѓанска политика „Ајде“ доставија и писмо во кое му порачуваат на судот дека тој не треба да биде заштитник на злосторничко здружение, туку треба да биде заштитник на човековите права. Демонстрантите фрлаа тоалетна хартија и извикуваа пароли: „Бандо криминална“, „Сиктер мафијаши“ и „Партиска држава“. - Протестирам затоа што како граѓанин сум должен да...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...