fbpx
Таг: Германија

таг: Германија

Германија ги предупредува своите државјани да внимаваат што зборуваат во Турција

Германските власти ги предупредија своите граѓани да се воздржат од негативни коментари на сметка на Турција и на нејзината власт за време на посетата на оваа земја. Предупредувањето доаѓа по скандалот со сатиричната песна за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Германското министерство за надворешни работи денеска издаде специјална препорака за германските туристи во Турција, на кои им се советува да...

Првите сириски бегалци од Турција стигна во Германија

Првата група од 16 сириски бегалци денеска стигна од Турција во Германија, во рамки на спогодбата на Европската унија и на Турција за решавање на мигрантската криза, соопшти денеска германската сојузна служба за миграција. Бегалците стигнале во Хановер со авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ и веднаш се префрлени во бегалскиот центар Фридланд. Германската служба соопшти дека станува збор за три...

ИД повикува на напади на Меркел и на аеродромот Келн-Бон

Милитантната Исламска држава објави фотографии на интернет повикувајќи ги германските муслимани да изведат напади како оние во Брисел, притоа укажувајќи на германската канцеларка Ангела Меркел и аеродромот во Келн – Бон. Западна Европа е на висок степен на тревога откако минатата недела ИД изведе самоубиствени напади на аеродромот и на метро-страница во Брисел, убивајќи 35 лица и повредувајќи околу 300. На...

Дипломатски скандал меѓу Турција и Германија поради сатирична песна за Ердоган

Песна на германска телевизија, која го исмејува претседателот на Турција поради опресивниот режим и апсењето новинари предизвика дипломатски скандал. Турските претставници на германскиот амбасадор Мартин Ердман му ја пренесоа официјалната осуда на сатиричното видео и побараа телевизијата, која на 17 март ја објави спорната песна да прекине со емитување, потврди претставник на министерството, кој побарал да остане анонимен. Песната на германски...

Фајман: Политиката на Меркел не е фер кон Австрија

Германија од Австрија прави тампон зона за бегалците, рече австрискиот канцелар Вернер Фајман, критикувајќи ја политиката на германската канцеларка Ангела Меркел кон бегалците. - Доколку еден или два милиони лица сакаат преку Австрија да заминат во Германија, може релативно лесно со граничните процедури да се предизвика застој во Австрија. Со тоа стануваме тампон зона – вели Фајман во интервју...

Германија потврди апсење на три лица од Косово

Германското обвинителство денеска потврди дека се уапсени три лица од Косово во автомобил со белгиски регистарски таблички кај Минхен, во близина на границата со Австрија. Баварскиот обвинител, Флоријан Вајнзирл, рече дека во тек е истрага за да се утврди дали се оправдани сомнежите дека подготвувале сериозно злосторство. - Ги истражуваме нивните изјави, ги анализираме документите и од тоа зависи дали ќе бидат...

Германија за отворање на поглавјата 23 и 24 со Србија

Германија во Брисел ќе се заложи преговарачките поглавја 23 и 24, кои се однесуваат на правосудството и на владеењето на правото, да бидат отворени за Србија во првата половина на годинава, соопшти германскиот амбасадор во Белград, Аксел Дитман, по најавата дека Хрватска ќе ги блокира евроинтеграциите на Србија. Тој додаде дека има уште многу работа во областите на владеење на...

Состанок за украинскиот мировен процес во Брисел

Претседателите на Франција и на Украина, Франсоа Оланд и Петро Порошенко, и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел ќе разговараат за мировниот процес на истокот на Украина, јавуваат светските агенции. Состанокот ќе биде одржан на маргините на дводневниот самит на Европската Унија посветен на решавањето на бегалската криза, кој денеска почнува во Брисел. Шефовите на дипломатиите на ЕУ, неодамна соопштија...

Германија ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција

Германската амбасада во Анкара е затворена поради индиции за можен напад, соопшти денеска министерството за надворешни работи во Берлин. Како што се наведува, затворени се и германскиот конзулат и училиштето во Истанбул. Германскиот конзулат се наоѓа во близина на плоштадот Таксим, најголемата туристичка и рекреативна област во Истанбул. Претходно, отцепената група од Работничката партија на Курдистан (ПКК), наречена Курдистански соколи на слободата (ТАК),...

Микл-Лајтнер: Австрија и Германија не можат сами да ја решат бегалската криза

Потребно е заедничко европско решение за бегалската криза затоа што Австрија и Германија не можат сами да ја решат, оцени денеска австриската министерка за внатрешни работи, Јоана Микл-Лајтнер, во обраќање пред федералниот парламент во Виена. - Лани добивме повеќе од 89.000 барања за азил. Тоа е повеќе од сите други земји членки на ЕУ заедно. Австрија ја оправда својата хуманитарна традиција....

Експлозија на автомобил бомба во Берлин

Едно лице загина во експлозија на автомобил бомба во германскиот главен град Берлин. Германската полиција наведува дека смртно настрадал возачот на возилото што експлодирало, пренесува „Би-би-си“. Полициски службеник кој се наоѓал на местото на настанот соопштил дека експлозијата се случила додека возилото се движело. Автомобилот, поради експлозијата, се превртел во воздух. Истрагата е во тек.

Меркел нема да ја менува политиката на отворени врати за бегалците

Германската канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија има полза од затворањето на балканската рута за мигрантите кои се движат кон ЕУ, но оцени дека тоа не е трајно решение. Изјавата на Меркел доаѓа еден ден по лошите резултати на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) на изборите во три германски федерални покраини. - Јасно е дека Германија има корист од...

Уапсен маж пред американската амбасада во Берлин поради закани

Германската полиција утринава уапсила маж кој, наводно, се обидел со бомба во куфер да влезе во американската амбасада во Берлин. Припадниците на обезбедувањето на амбасадата соопштија дека мажот се оддалечил од влезот по што се обидел да удри еден од чуварите и тврдел дека во куферот носи бомба, соопшти портпаролот на берлинската полиција, Јенс Бергер. Полицијата го уапсила, а полициски робот...

Германската полиција истражува документи со идентитети на борци на ИД

Германската полиција за борба против тероризмот почнала истрага во врска со документи што ги откриваат идентитетите на голем број борци на Исламска држава (ИД), јавува „Би-би-си“. Според британските и германските медиуми, кои дошле до документите, станува збор за прашалници за регрутирање кои го откриваат идентитетот на илјадници поддржувачи на ИД од околу 50 земји. Како што пренесува британскиот национален сервис, документите содржат...

Откажана посетата на Зарацин поради ветер на аеродромот „Александар Велики“

Посетата на пратеникот во германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа, Мануел Зарацин, на Република Македонија, е откажана поради технички причини, информираат од германската амбасада. Авионот со кој патувал Зарацин, наведуваат од амбасадата, не можел да слета на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Тој денеска со официјални претставници на Владата и на политичките партии требаше да разговара за актуелната политичка...

Пратеникот од германскиот Бундестаг, Мануел Зарацин, во посета на Македонија

Пратеникот во германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа, Мануел Зарацин, денеска е во посета на Македонија, на разговори со официјални претставници на Владата и на политичките партии за актуелната политичка состојба. Освен средбите со македонските претставници, според најавите, Зарацин ќе разговара и со претставници на ОБСЕ и на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Пратеникот во германскиот Бундестаг, Мануел Зарацин,...

САД станаа главен трговски партнер на Германија

Соединетите Американски Држави ја претркаа Франција и станаа најважен трговски партнер на Германија во 2015 година, првпат од средината на 70-тите години на минатиот век, покажуваат објавените податоци на германската канцеларија за статистика. Меѓу овие две држави минатата година била извршена трговска размена во вредност од 173,2 милијарди евра. Според тоа, САД  се најважен трговски партнер на Германија во 2015...

Австрискиот канцелар до Германија: Преземeте ги мигрантите од Грција

Австрискиот канцелар Вернер Фајман ја повика Германија директно да ги преземе бегалците од Грција и од соседните држави на Сирија, така што ќе издава документи за нивно патување до целната дестинација. Но, како што вели Фајнман, претходно е неопходно германската влада да утврди квоти за бегалците од Грција, Турција или Јордан. Фејман за австриски „Курир“ изјави дека тој документ треба да им...

Штајнмајер: Државите не можат сами да се справуваат со бегалците

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, е загрижен поради состојбата на грчко-македонската граница. Снимките од употребата на солзавец од македонската полиција против бегалците, според него, се доказ дека државите не можат сами да се справуваат со проблемот. - Снимките што ги видовме се доказ дека не може да се најде решение кога земјите дејствуваат сами. Можете да го отфрлате проблемот со бегалците,...

Европа не смее да ја остави Грција на цедило, порачува Меркел

Европа не смее да дозволи Грција да западне во хаос, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за телевизијата АРД, пренесува „Би-би-си“. Изјавата на Меркел доаѓа во време кога постои голема поделеност меѓу земјите-членки на Европската Унија околу начинот на решевање на мигрантската криза. Германската канцеларка рекла дека членките на ЕУ не се бореле минатата година да ја задржат Грција...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...